ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/3 стр. 25-28
  • Дали се плашиш да имаш доверба во другите?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали се плашиш да имаш доверба во другите?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да се разбере стравот
  • Зошто ѕидот мора да се урне?
  • Имај доверба во твоето семејство
  • Имај доверба во собранието
  • Како да се изградат доверливи односи
  • Можеш да имаш доверба во твоите браќа
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Довербата е од пресудна важност за среќен живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Биди достоен за доверба
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Имај целосна доверба во Јехова во време на неволја
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/3 стр. 25-28

Дали се плашиш да имаш доверба во другите?

‚НЕМАМ со кого да разговарам. Луѓето нема да разберат. Премногу се зафатени со своите проблеми. Немаат време за мене.‘ Мнозина се чувствуваат вака и затоа ги чуваат работите во себе. Кога другите ќе прашаат како се, тие честопати сакаат да им кажат, но не кажуваат. Едноставно не можат да се отворат.

Вистина, има такви кои не сакаат помош од другите. Сепак, мнозина очајно сакаат помош, но се плашат да ги откријат своите најлични мисли, чувства и доживувања. Дали си ти еден од нив? Дали навистина нема никој во кого би можел да имаш доверба?

Да се разбере стравот

Во денешниов свет постои една клима на недоверба. Младите не разговараат со своите родители. Родителите не можат да разговараат еден со друг. Малкумина се спремни да разговараат со оние кои имаат авторитетна положба. Поради тоа што не се во можност да им се доверат на другите, некои се свртуваат кон алкохол, дроги или див начин на живот, обидувајќи се да побегнат од своите проблеми (Изреки 23:29—35; Исаија 56:12).

Довербата во лицата кои имаат авторитетна положба, како што се свештеници, лекари, терапеути и наставници, е разнишана од бескрајни обелоденувања на нечесност и неморал. На пример, една проценка вели дека над 10 отсто од свештениците се вмешани во неисправно сексуално однесување. Овие „уништувачи на довербата“ — забележува еден писател — „копаат кањони, бездни и расцепи во човечките односи“. Како влијае тоа врз нивните верски општини? Тоа ја уништува довербата.

Раширениот пад на моралот исто така довел до толкава криза во семејството што семејствата кои не функционираат се скоро правило, а не исклучок. Домот некогаш бил средина за подигање на семејството. Денес, тој честопати не е ништо друго освен бензинска станица во времето на оброците. Кога едно дете расте во семејство каде што нема „природна наклоност“, вообичаен резултат е неспособноста да има доверба во другите кога ќе стане возрасен (2. Тимотеј 3:3, НС).

Освен тоа, како што светските услови се влошуваат, сѐ повеќе сме изложени на потенцијални трауматски доживувања. Во една слична ситуација, пророкот Михеј напишал: „Не потпирајте се на пријателот“ (Михеј 7:5). Можеби го чувствуваш истото после некое помало разочарување, изиграна доверба или некоја поголема епизода, опасна по животот. Тешко ти е повторно да имаш доверба во другите и стануваш емоционално неосетлив, живеејќи секој ден зад некаков емоционален ѕид. (Спореди Псалм 101:1—7.) Вистина, таквиот став можеби лесно го прифаќаш, но твојата ‚болка на срцето‘ ти ја одзема секоја вистинска радост во животот (Изреки 15:13, НС). Вистината е дека, за да бидеш духовно, емоционално, ментално и телесно здрав, тој ѕид мора да се урне и ти мораш да научиш да имаш доверба во луѓето. Дали е тоа возможно? Да.

Зошто ѕидот мора да се урне?

Доверувањето на другите донесува олеснување за вознемиреното срце. Такво искуство имала Ана. Таа имала добар брак, сигурен дом, но била длабоко вознемирена. Иако ‚тажела во душата своја‘, таа постапила мудро со тоа што ‚му се молела на Господа‘ со силина која направила нејзините неми усни да треперат. Да, таа му се доверила на Јехова. Потоа му го отворила своето срце на Божјиот претставник Илиј. Со каков резултат? „[Ана] тргна по патот свој, и јадеше, и лицето нејзино веќе не беше тажно“ (1. Царства 1:1—18).

Повеќето култури ги имаат запознаено користите од присното отворање. На пример, ако се споделуваат идеи и искуства со оние кои биле во слични ситуации, тоа може да се покаже корисно. Истражувачите заклучуваат: „Емоционалната изолираност создава болест — треба да се отвораме за да останеме со здрав ум“. Сѐ поголем број научни истражувачи ја потврдуваат вистинитоста на инспирираната изрека која вели: „Оној кој се изолира себеси, ќе ги бара своите сопствени себични желби; ќе избувне против секаква практична мудрост“ (Изреки 18:1, НС).

Ако не им се отвориш на другите, како ќе можат тие да ти помогнат? Иако Јехова Бог е читач на срцата, твоите најдлабоки мисли и чувства се затворена книга за семејството и пријателите — доколку не се отвориш (1. Летописи 28:9). Кога проблемот вклучува некаков престап на Божјиот закон, одложувањето на исповедувањето за таа работа само ќе ја влошува истата (Изреки 28:13).

Се разбира, користите кога се доверува една мака пред другите, далеку ги надминуваат ризиците да се биде повреден. Секако, тоа не значи дека треба да откриваме лични детали без да правиме разлика. (Спореди Судии 16:18; Јеремија 9:4; Лука 21:16.) „Има пријатели кои се спремни да се разбијат еден со друг на парчиња“ — предупредува стихот од Изреки 18:24 (НС), а потоа додава: „но има пријател кој се држи поцврсто и од брат.“ Каде можеш да најдеш таков пријател?

Имај доверба во твоето семејство

Ако имаш некаков проблем, дали си се обидел да разговараш за него со својот брачен партнер или со своите родители? „Кај повеќето проблеми, сѐ што е потребно е темелно да се дискутира за нив“ — признава еден искусен советник (Изреки 27:9). Христијанските сопрузи кои ‚ги сакаат своите жени како самите себе‘, сопругите кои ‚им се покоруваат на мажите свои‘, како и родителите кои сериозно ја сфаќаат својата од Бог дадена одговорност да ‚ги воспитуваат своите деца во стравот Господов‘, ќе се напрегаат да станат сочувствителни слушачи и корисни советници (Ефесјаните 5:22, 33; 6:4). Иако Исус немал ниту сопруга ниту деца во телесна смисла, колку само прекрасен пример дал тој во овој поглед! (Марко 10:13—16; Ефесјаните 5:25—27).

Што ако проблемот е поголем отколку што може да се реши во рамките на семејството? Во христијанското собрание никогаш не треба да бидеме осамени. „Кој ослаби, и јас да не ослабам?“ — рекол апостол Павле (2. Коринтјаните 11:29). Тој советувал: „Поднесувајте ги тешкотиите еден на друг“ (Галатјаните 6:2; Римјаните 15:1). Меѓу нашите духовни браќа и сестри несомнено можеме да најдеме повеќе отколку еден ‚брат во време на неволја‘ (Изреки 17:17).

Имај доверба во собранието

Во преку 80.000 собранија на Јеховините сведоци ширум Земјината топка, постојат понизни мажи кои служат како „помагачи на вашата радост“ (2. Коринтјаните 1:24). Тоа се старешините. „Секој од нив“ — забележува Исаија — „ќе биде како заштита од ветар и засолниште за лошо време, како водни извори во степи, како сенка од висока карпа во жедна земја.“ Старешините настојуваат да бидат такви (Исаија 32:2; 50:4; 1. Солунјаните 5:14).

Старешините ги исполниле библиските барања уште пред да бидат ‚поставени од Духот Свети‘. Сознанието за ова ќе ја зајакне твојата доверба во нив (Дела 20:28; 1. Тимотеј 3:2—7; Тит 1:5—9). Она што ќе го дискутираш со еден старешина, ќе остане строго доверливо. Да биде доверлив е еден од условите што тој треба да ги исполнува. (Спореди 2. Мојсеева 18:21; Неемија 7:2.)

Старешините во собранието ‚бдеат за вашите души, бидејќи се задолжени да одговараат‘ (Евреите 13:17). Зарем тоа не те поттикнува да ја ставиш својата доверба во овие мажи? Се разбира, сите старешини не се извонредни во едни исти особини. Некои може да изгледаат попристапливи, пољубезни или да имаат поголемо разбирање од другите (2. Коринтјаните 12:15; 1. Солунјаните 2:7, 8, 11, 12а). Зошто не му се довериш на некој старешина со кого се чувствуваш слободен?

Овие мажи не се платени професионалци. Напротив, тие се „дарови во облик на луѓе“ (НС), што ги обезбедил Јехова за да ти помагаат (Ефесјаните 4:8, 11—13; Галатјаните 6:1). Како? Вешто користејќи ја Библијата, тие ќе ја применат нејзината лековита моќ во твојата лична ситуација (Псалм 106:20; Изреки 12:18; Евреите 4:12, 13). Ќе се молат заедно со тебе и за тебе (Филипјаните 1:9; Јаков 5:13—18). Помошта од таквите советници полни со љубов може да стори многу за да излечи еден вознемирен дух и да го обнови душевниот мир.

Како да се изградат доверливи односи

Ако се бара помош, совет или, пак, само уво кое слуша, не е знак на слабост или неуспех. Тоа е само едно реално признавање дека сме несовршени и дека никој не ги има сите одговори. Се разбира, најголемиот советник и повереник што го имаме е нашиот небесен Татко, Јехова Бог. Се сложуваме со псалмистот кој напишал: „Господ е крепост моја и штит мој; на Него се надеваше [во него имаше доверба, НС] срцето мое и Он ми помогна“ (Псалм 27:7). Во молитва можеме безрезервно да му ‚го отвориме нашето срце‘ во секое време, уверени дека тој нѐ слуша и се грижи за нас (Псалм 61:7, 8; 1. Петрово 5:7).

Но, како можеш да научиш да имаш доверба во старешините и во останатите во собранието? Како прво, испитај се самиот себе. Дали твоите стравувања се цврсто основани? Дали си сомничав во мотивите на другите? (1. Коринтјаните 13:4, 7). Дали постои начин да се сведе на минимум ризикот да се навредиш? Да. Како? Обиди се лично да се запознаеш со другите во некој духовен амбиент. Разговарај со нив на собраниските состаноци. Учествувајте заедно во делото од куќа до куќа. Довербата, како и почитта, мора да се заработи. Затоа, биди стрплив. На пример, додека запознаваш еден духовен пастир, твојата доверба во него ќе расте. Откривај ги постепено своите грижи. Ако реагира на еден прикладен, сочувствителен и дискретен начин, тогаш би можел да се обидеш да се отвориш уште повеќе.

Сообожавателите на Јехова, особено христијанските старешини, работат напорно за да ги имитираат Божјите привлечни особини во своите односи еден со друг (Матеј 5:48). Ова доведува до една атмосфера на доверба во собранието. Еден долгогодишен старешина вели: „Браќата мораат да знаат едно: Без оглед на тоа што прави едно лице, старешината не ја губи својата христијанска љубов кон него. Тој можеби не го сака она што било сторено, ама тој сѐ уште го сака својот брат и сака да му помогне“.

Затоа, нема потреба да се чувствуваш осамен со проблемот. Разговарај со некого кој има „духовни оспособувања“, кој може да ти помогне да го носиш својот товар (Галатјаните 6:1, НС). Запомни дека „тагата во срцето го притиска човекот“, но „пријатните зборови се восочен мед: за душата слатки, а за коските лековити“ (Изреки 12:25; 16:24).

[Рамка на страница 26]

Секој христијанин може да биде повикан да му помогне на некој роднина, пријател или духовен брат во некој личен проблем. Дали знаеш како да му помогнеш?

Еден делотворен советник

е пристаплив: Матеј 11:28, 29; 1. Петрово 1:22; 5:2, 3

го избира правиот амбиент: Марко 9:33—37

настојува да го разбере проблемот: Лука 8:18; Јаков 1:19

не реагира претерано: Колосјаните 3:12—14

помага да се поднесат болните емоции: 1. Солунјаните 5:14; 1. Петрово 3:8

ги знае своите ограничувања: Галатјаните 6:3; 1. Петрово 5:5

дава конкретен совет: Псалм 18:7—9; Изреки 24:26 (НС)

останува доверлив: Изреки 10:19; 25:9

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели