ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/3 стр. 23
  • Каде може да се најде вистинска среќа?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Каде може да се најде вистинска среќа?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Сличен материјал
  • Како да бидеме среќни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Како да се пронајде вистинска среќа
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Вистинска среќа во служењето на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Среќни се оние што му служат на „среќниот Бог“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/3 стр. 23

Каде може да се најде вистинска среќа?

МНОГУ луѓе мислат дека среќата може да се најде преку стекнување материјален имот. А како е со тебе? Иако материјалните работи, секако, можат да придонесат за нашата среќа, тие не ни ја осигуруваат; ниту телесните удобности градат вера или, пак, ги задоволуваат духовните потреби.

Во својата Проповед на гората, Исус Христос рекол: „Среќни се оние кои се свесни за своите духовни потреби, зашто царството на небесата им припаѓа ним“ (Матеј 5:3, НС). Исус исто така рекол: „Пазете се од лакомство, оти животот на човека не зависи од изобилието на неговиот имот“ (Лука 12:15).

Мнозина ја бараат среќата на тој начин што се впуштаат во недозволен секс и во други ‚дела на телото‘ (Галатјаните 5:19—21). Меѓутоа, попуштањето на сладострастните задоволства не донесува вистинска и трајна среќа. Всушност, оние кои практикуваат такви работи, нема да го наследат Божјето Царство (1. Коринтјаните 6:9, 10).

Други, пак, се свртуваат кон себеси во својата потрага по среќа, обидувајќи се да го зајакнат своето самопочитување. Библиотеките и книжарниците се полни со книги за самопомош, но таквите публикации не им донеле трајна среќа на луѓето. Тогаш, каде можеме да најдеме вистинска среќа?

За да бидеме навистина среќни, мораме да ги признаеме нашите вродени духовни потреби. Исус рекол: „Среќни се оние кои се свесни за своите духовни потреби“. Се разбира, малку би ни користело да ја сфатиме оваа потреба а потоа да пропуштиме да сториме нешто околу тоа. Да илустрираме: Што би му се случило на еден маратонец кој после трката пропуштил да реагира на желбата на своето тело за вода? Нема ли набргу да се соочи со дехидратација и со други сериозни последици? На сличен начин, ако пропуштиме да реагираме на нашата потреба за духовна храна, на крајот духовно ќе овенеме. Тоа ќе доведе до губење на радоста и среќата.

Исус потполно ја признал својата духовна потреба, редовно проучувајќи и медитирајќи за Божјата Реч. Тој можел со леснотија да пронајде и да прочита делови од Светото писмо, а ги поучувал и другите да го прават истото (Лука 4:16—21; спореди Ефесјаните 4:20, 21, НС). Исто така, вршењето на волјата на неговиот небесен Татко, Исус го споредил со храна. Вршењето на Божјата волја му донело многу среќа (Јован 4:34).

Да, вистинската среќа не може да се добие преку стекнување материјални работи; ниту, пак, среќата произлегува од задоволувањето на паднатото тело. Вистинската среќа е состојба на срцето, темелена на вистинска вера и добар однос со Јехова Бог. Затоа, псалмистот Давид соодветно отпеал: „Среќен е народот чиј Бог е Јехова“ (Псалм 144:15б, НС).

[Слика на страница 23]

Верата и добриот однос со Бог ќе ти донесат вистинска среќа

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели