ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 1/8 стр. 16-17
  • Како да бидеме среќни

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да бидеме среќни
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Сличен материјал
  • Среќни се оние што му служат на „среќниот Бог“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Каде може да се најде вистинска среќа?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Вистинска среќа во служењето на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Како да се пронајде вистинска среќа
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 1/8 стр. 16-17

Што учиме од Исус

Како да бидеме среќни

Која е тајната за да се биде среќен?

▪ Исус зборувал за среќата уште на самиот почеток од својата најпрочуена проповед. Тој рекол: „Среќни се оние што настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби“ (Матеј 5:3). Што мислел со тоа? Кои се нашите духовни потреби?

За да преживееме, треба да дишеме, да пиеме и да јадеме — исто како и животните. Но, за да бидеме среќни, мораме да задоволиме една потреба што животните ја немаат — да разбереме која е смислата на нашиот живот. Само Оној што нѐ создал може да ни помогне да ја задоволиме таа потреба. Затоа, Исус рекол: „Човек не смее да живее само од леб, туку треба да живее и од секој збор што излегува од Јеховината уста“ (Матеј 4:4). Оние што се свесни за своите духовни потреби се среќни бидејќи се зближуваат со Јехова, „среќниот Бог“. Тој им дава надеж која е предуслов за среќа (1. Тимотеј 1:11).

Како Исус им дал надеж на луѓето?

▪ „Среќни се кротките, зашто ќе ја наследат земјата“, рекол Исус (Матеј 5:5). Тој им дал надеж на луѓето со тоа што лекувал болни и воскреснувал мртви. Исто така, им носел порака која ги исполнувала со надеж. Тој објаснил: „Бог толку многу го сакаше светот што го даде својот единороден Син, за секој што верува во него да не биде уништен, туку да има вечен живот“ (Јован 3:16). Луѓето што му се послушни на Бог ќе живеат вечно на Земјата. Можеш ли да се замислиш во свет во кој ќе живееш со кротки луѓе и во кој никогаш нема да остариш? Не е ништо чудно што Божјата Реч ни вели: „Радувајте се во надежта“ (Римјаните 12:12). Но, Исус кажал како можеме да бидеме среќни уште денес.

За каква среќа зборувал Исус?

▪ Исус дал корисни совети во врска со меѓучовечките односи, бракот, понизноста и исправниот став кон материјалните добра (Матеј 5:21-32; 6:1-5, 19-34). Ако ги применуваш овие совети, ќе бидеш среќен.

Дарежливите луѓе се среќни (Дела 20:35). На пример, Исус рекол: „Кога приредуваш гозба, покани ги сиромашните, сакатите, куците и слепите. И ќе бидеш среќен, бидејќи тие немаат со што да ти возвратат“ (Лука 14:13, 14). Значи, среќни се оние што се трудат да им биде добро на другите, а не оние што мислат само на себе.

Кој е најголемиот извор на среќа?

▪ Можеш да бидеш среќен кога правиш нешто за другите, но уште посреќен ќе бидеш кога правиш нешто за Бог. Таквата среќа е поголема дури и од среќата што ја чувствуваат родителите кои ги сакаат и се гордеат со своите деца. Тоа јасно се гледа од она што се случило во една прилика додека Исус го поучувал народот. „Една жена од мноштвото извика: ‚Среќна е утробата што те носела и градите што те доеле!‘ А тој рече: ‚Не, туку среќни се оние што ја слушаат речта Божја и ја држат!‘“ (Лука 11:27, 28).

Исус бил среќен и водел исполнет живот затоа што ја вршел волјата на својот небесен Татко. Божјата волја е луѓето да дознаат дека Бог ветува вечен живот. Во една прилика, откако ѝ објаснил на една жена што значи ова ветување, Исус рекол: „Мојата храна е да ја вршам волјата на оној што ме испрати“ (Јован 4:13, 14, 34). И ти можеш да бидеш среќен ако се трудиш да ја вршиш Божјата волја и да им кажуваш на другите за вистината од Божјата Реч.

Нешто повеќе можеш да прочиташ во 1. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци

[Слика на страница 16]

Ќе бидеме вистински среќни ако разбереме која е смислата на нашиот живот

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели