ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/4 стр. 4-7
  • „Бог на мирот“ се грижи за напатените

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Бог на мирот“ се грижи за напатените
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Јехова се грижи за тебе
  • Како Бог им помага на напатените?
  • Наскоро — свет без патење!
  • Утеха за измачените
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Дали напатените некогаш ќе имаат мир?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Јехова го избавува страдалникот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Јехова нѐ слуша кога бараме помош
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/4 стр. 4-7

„Бог на мирот“ се грижи за напатените

БИБЛИЈАТА објаснува дека на Давид од старо време не му било непознато патењето. Тој повеќе години живеел како бегалец, непрестајно прогонуван од еден злобен и своеглав цар, кој бил настроен за убивање. Во текот на овој период на патење, Давид се криел во изолирани места. Но, тој сторил и нешто повеќе. Горливо му се молел на Јехова во врска со своето неволие. „Со гласот свој повикав кон Господа“ — напишал подоцна тој во врска со своето тешко премреже. „Ќе го излијам пред Него молењето мое: маката моја пред Него ќе ја кажам“ (Псалм 141:1, 2).

Денес, некои би се исмевале на Давидовото ослонување на Бог. Тие би рекле дека молитвата е само една психолошка патерица и дека, практично речено, тоа е губење време. Сепак, Давидовата доверба во Бог не била ставена на погрешно место, бидејќи неговите непријатели на крајот биле поразени. Осврнувајќи се на своето искуство, Давид напишал: „Кога несреќниот [напатениот, НС] вика, — Господ го услишува и го спасува од сите негови беди“ (Псалм 33:6). Вистинскиот Бог, кај кого Давид се обратил, на други места е наречен „Бог на мирот“ (Филипјаните 4:9; Евреите 13:20). Дали тој ќе донесе олеснување од патењето кое ќе резултира со мир за нас?

Јехова се грижи за тебе

Јехова не е незаинтересиран во однос на неволјите на неговиот народ (Псалм 33:15). Тој е буден во поглед на потребите не само на своите слуги како група туку и за секој поединец кој се плаши од него. Кога го посветувал храмот во древниот Ерусалим, Соломон го преколнувал Јехова да ја чуе ‚секоја молитва, секоја молба од кој и да било човек, или од сиот Негов народ Израилот, кога секој ќе ја почувствува неволјата своја и тагата своја‘ (2. Летописи 6:29). Како што признал Соломон, секој поединец мора да издржи свои единствени патења. За некого тоа може да е телесна болест. За друг, емоционална неволја. Некои може да патат поради смртта на некој сакан. Невработеноста, економските тешкотии и семејните проблеми исто така се вообичаени несреќи во овие тешки времиња.

Помисли за момент на ‚својата неволја и својата тага‘. Повремено, можеби се чувствуваш како псалмистот Давид, кој напишал: „[Очекував] некого во сострадание, но го немаше, и да ме утеши некој, но не го најдов“. Сепак, ти можеш да бидеш сигурен дека Бог води грижа за твојата ситуација, бидејќи подоцна во истиот псалм Давид напишал: „Господ ги услишува сиромасите и не ги презира затворениците Свои“ (Псалм 68:20, 33).

Применувајќи ги Давидовите зборови во поширока смисла, можеме да бидеме уверени дека Творецот на човештвото ги слуша молитвите на оние кои, така да се рече, се заробени од своите патења. И повеќе од тоа, тој реагира на нивната неволја. Разгледај ги следниве изјави кои го откриваат Јеховиното сочувство за напатените.

„Не навредувајте ни вдовици ни сираци; ако ги навредиш и тие, негодувајќи се обрнат кон Мене, ќе го чујам повикот нивни, и ќе се распали гневот Мој“ (2. Мојсеева 22:22—24).

„Та Бог ли нема да ги заштити Своите избраници, што викаат кон Него дење и ноќе; макар и да забави [иако е долготрпелив спрема нив, НС]?“ (Лука 18:7).

„Он ќе избави беден од силник и сиромав, кој нема помошник. Ќе го поштеди бедниот и сиромавиот и ќе го спаси животот на сиромасите; од лихви и неправди ќе ги избави душите нивни, и чесно ќе биде името нивно [нивната крв, НС] пред Него“ (Псалм 71:12—14).

„Кој ќе се допре до вас [Божјиот народ на Земјата], ќе се допре до зеницата на окото Мое“ (Захарија 2:8).

Овие неколку примери го илустрираат длабокиот интерес на нашиот Творец за доброто на својот народ. Затоа, имаме добра причина да го следиме советот од апостол Петар: „Сите ваши грижи оставете ги на Него, зашто Он се грижи за вас“ (1. Петрово 5:7). Но, како ќе ни помогне Бог во времиња на патење?

Како Бог им помага на напатените?

Како што видовме, кога Давид поднесувал патење, горливо му се молел на Бог за водство. Истовремено, тој преземал иницијатива за да ја ублажи ситуацијата, користејќи снаодливост за да им побегне на своите прогонители. Според тоа, ослонувањето на Јехова, заедно со личниот напор, му овозможиле на Давид да ја поднесе својата неволја. Што можеме да научиме од ова?

Кога сме соочени со патење, сигурно не е неисправно да преземеме разумна иницијатива за да го решиме проблемот. На пример, ако еден христијанин е невработен, зарем нема да вложи напор да најде работа? Или, ако страда од некоја телесна болест, зарем нема да бара медицинска нега? Всушност, дури и Исус, кој ја имал моќта да ги лекува сите видови болест, признал дека ‚болните имаат нужда од лекар‘ (Матеј 9:12; спореди 1. Тимотеј 5:23). Се разбира, некои неволји не можат да се отстранат; тие едноставно мораат да се издржат. Меѓутоа, еден вистински христијанин не го смета страдањето, само по себе, за некаква доблест, како што го сметаат некои. (Спореди 3. Царства 18:28.) Наместо тоа, тој ги презема сите можни чекори за да излезе на крај со своето патење.

Сепак, во исто време, разумно е работата да му се изнесе на Јехова во молитва. Зошто? Како прво, со ослонување на нашиот Творец, ни се помага да ‚се увериме во поважните работи‘ (Филипјаните 1:10, НС). На пример, кога бараме вработување, ослонувањето на Бог во молитва ќе ни помогне да не прифатиме работа која е во конфликт со библиските начела. Исто така, ќе избегнуваме да се ‚отклониме од верата‘ поради љубовта кон парите (1. Тимотеј 6:10). Навистина, кога донесуваме тешки одлуки — во врска со вработување или кој и да е друг аспект на животот — треба да го следиме Давидовиот совет: „Пренеси ја на Господа маката своја, и Он ќе те поткрепи. Не дозволувај праведниот човек да пострада [Никогаш нема да дозволи праведникот да се тетерави, НС]“ (Псалм 54:22).

Молитвата исто така ни помага да ја задржиме својата умствена рамнотежа за да не нѐ совлада нашето патење. Апостол Павле напишал: „Во сѐ преку молитва и молба со благодарност изјавувајте ги пред Бога своите барања“. Со каков резултат? „Мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исуса Христа“ (Филипјаните 4:6, 7). Да, мир, Божјиот мир. Тој мир „надвишува секој ум“ и затоа може да нѐ стабилизира кога сме оптоварени со вознемирувачки емоции. Тој ќе ‚ги запази нашите срца и нашите мисли‘, помагајќи ни на тој начин да избегнеме да реагираме избрзано и немудро, кое би можело да ни го зголеми патењето (Проповедник 7:7, НС).

Молитвата може да стори и повеќе. Таа може да влијае на тоа како ќе испадне некоја ситуација. Размисли за еден библиски пример. Кога апостол Павле бил затворен во Рим, тој ги охрабрил сохристијаните да се молат во негова полза. Зошто? „Уште повеќе ве молам да го вршите ова“ — им напишал тој — „та поскоро да ви бидам вратен“ (Евреите 13:19). Павле знаел дека истрајните молитви на неговите соверници би можеле да влијаат на тоа кога тој ќе биде ослободен (Филимон 22).

Дали молитвата ќе го промени исходот на твоето патење? Би можела. Сепак, треба да сфатиме дека Јехова не одговара секогаш на нашите молитви онака како што можеби ние очекуваме. На пример, Павле се молел секогаш одново во врска со својот ‚трн во телото‘ — можеби некој телесен проблем поврзан со неговиот вид. Наместо да го отстрани патењето, Бог му рекол на Павле: „Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила наполно се покажува во слабоста“ (2. Коринтјаните 12:7—9).

Затоа, повремено, нашите неволји нема да бидат отстранети. Наместо тоа, ќе ја имаме приликата да го докажеме нашето ослонување на нашиот Творец (Дела 14:22). Понатаму, можеме да бидеме уверени дека, дури и ако Јехова не го отстрани патењето, тој ‚ќе даде излез, за да можеме да трпиме‘ (1. Коринтјаните 10:13). Да, од добра причина Јехова е наречен „Бог на секоја утеха, Кој нѐ утешува при секоја наша мака“ (2. Коринтјаните 1:3, 4). Тој ни го дава она што ни е потребно за да истраеме со значителна мера на мир.

Наскоро — свет без патење!

Творецот ветува дека преку своето Царство наскоро ќе ги укине патењата на човештвото. Како ќе го постигне тоа? На тој начин што ќе го отстрани Сатана Ѓаволот, главниот поттикнувач на патењето и првенствениот непријател на мирот, кого Библијата го идентификува како ‚бог на овој свет‘ (2. Коринтјаните 4:4). Но, наскоро неговата контрола над човештвото ќе заврши. Неговото отстранување ќе го отвори патот за безброј благослови за оние кои се плашат од Бог. Библијата ветува дека Јехова ‚ќе ја избрише секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина‘ (Откровение 21:1—4).

Дали еден свет без патење ти звучи премногу добро за да биде вистинито? Ние сме толку навикнати да живееме со патење, што ни паѓа тешко да си ја замислиме неговата отсутност. Но, слободата од стравот, загриженоста и неволјата е токму она што Бог го намеравал за човештвото при создавањето, и неговата намера ќе успее (Исаија 55:10, 11).

Ова е надежта што ја пронашле Соња, Фабијана и Ана, споменати во почетната статија. Соња, чии два сина умреле од СИДА, постигнала голем мир од надежта што ја нуди Библијата — воскресение на праведните и на неправедните (Дела 24:15). „Едно е сигурно“ — вели таа — „нашата надеж ја надминува апсолутно секоја болка.“

Додека сѐ уште живеела во сиропиталиштето, Ана била посетена од една жена Јеховин сведок. „Таа ми го покажа Јеховиното име во Библијата“ — вели Ана — „а јас липав од радост. Очајно ми требаше помош, и дознав дека постои Бог кој се грижи за нас.“ Откако го напуштила сиропиталиштето, Ана прифатила библиска студија и научила повеќе за Јеховините ветувања. Потоа му го предала својот живот на Јехова и тоа го симболизирала преку крштавање. „Оттогаш па наваму, продолжив да се ослонувам на Јехова преку молитва, и утешена сум од уверувањето дека тој ќе ми помогне.“

Фабијана исто така нашла голема утеха и умствен мир во своето патење со тоа што ги дознала Божјите ветувања за иднината. „Учењето на вистината од Библијата е како да напушташ некое многу темно и мрачно место и како да влегуваш во некоја јасна, светла и пријатна соба.“ (Спореди Псалм 117:5.)

Но, како и кога ќе настапи дословниот мир по целата Земјина топка? Да го видиме тоа во следниве статии.

[Рамка на страница 6]

Многуте страни на патењето

▪ Приближно една четвртина од светското население живее во крајна сиромаштија, а уште милиони други живеат во нечовечни услови кои се закануваат на нивното преживување.

▪ Преку 200 милиони деца се недоволно исхранети.

▪ Секоја година, дијарејата убива околу три милиони деца под петгодишна возраст.

▪ Само во 1993 година, инфективните болести убиле околу 16,5 милиони луѓе. Со оглед на тоа дека некои земји различно ги категоризираат болестите, вистинската бројка може да е многу повисока.

▪ Се проценува дека 500 милиони луѓе се погодени од некој вид ментален проблем.

▪ Стапките на самоубиства побрзо растат кај младите отколку кај која и да е друга старосна група.

▪ „Гладот и невработеноста станаа дамки на светот“ — наведува The Unesco Courier. „Во седумте најбогати нации на светот постојат 35 милиони невработени, а само во Бразил има 20 милиони работници за кои самиот факт што имаат работа не значи дека ќе бидат во состојба дури и да се најадат.“

[Слики на страница 7]

Молитвата може да ни помогне да се сосредоточиме на Божјето ветување за еден свет без патење

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели