ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 15/2 стр. 8-9
  • Утеха за измачените

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Утеха за измачените
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Сличен материјал
  • „Бог на мирот“ се грижи за напатените
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Како може да ни помогне молитвата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Јехова го избавува страдалникот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • „Изнесете му ги своите барања на Бог“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 15/2 стр. 8-9

Утеха за измачените

КОГА трпеле маки, верните мажи и жени од минатото сесрдно му се молеле на Бог за водство. Но, тие исто така презеле и иницијатива за да си ја олеснат маката како, на пример, со тоа што користеле досетливост за да ги избегнат противниците. На пример, тоа што се потпирал на Јехова, заедно со личниот напор, го оспособиле Давид да истрае во неговата неволја. Како е со нас денес?

Кога трпиш некоја мака, веројатно преземаш иницијатива за да го решиш својот проблем. На пример, ако останеш без работа, зарем нема да вложиш напор за да најдеш соодветна работа со која ќе се издржуваш себеси и своето семејство? (1. Тимотеј 5:8). Или ако страдаш од некоја физичка болест, зарем нема да бараш соодветна медицинска помош? Интересно е тоа што Исус, кој имал моќ од Бог да ги лекува сите болести, признал дека ,на болните им треба лекар‘ (Матеј 9:12). Меѓутоа, можеби твоите неволји нема секогаш да бидат отстранети; можеби ќе мораш да продолжиш да ги трпиш во извесна мера.

Зошто не му го изнесеш тоа на Јехова Бог во молитва? На пример, кога бараме работа, тоа што ќе се потпреме на Бог во молитва ќе ни помогне да му одолееме на искушението да прифатиме работа што е во судир со библиските начела. Исто така, ќе избегнеме алчноста или љубовта кон парите да нѐ ,одвлечат од верата‘ (1. Тимотеј 6:10). Навистина, кога донесуваме важни одлуки во врска со вработувањето, семејството или здравјето, можеме да го следиме поттикот на Давид: „Довери Му ја на Господа сета своја грижа и Тој ќе те поткрепи: не ќе остави никогаш да се сопне праведникот“ (Псалм 55:22).

Искрената молитва, исто така, ни помага да задржиме умствена рамнотежа за да не нѐ совлада маката што ја имаме. Како вистински христијанин, апостол Павле напишал: „Во сѐ со молитва и преколнување заедно со благодарење објавете му ги своите молби на Бог“. На кој начин може да нѐ утеши искрената молитва? „Мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла, ќе ги чува вашите срца и вашите умствени сили преку Христос Исус“ (Филипјаните 4:6, 7). Мирот Божји „ја надминува секоја мисла“. Затоа, тој може да нѐ зацврсти кога сме оптоварени со вознемирувачки чувства. Тој ќе ,ги чува нашите срца и нашите умствени сили‘, помагајќи ни на тој начин да избегнеме да реагираме избрзано и немудро, што може да ја зголеми нашата мака.

Молитвата може дури да има влијание и врз тоа како ќе се одвива некоја ситуација. Кога станал затвореник во Рим, апостол Павле понизно ги замолил сохристијаните да се молат за него. Зошто Павле ги замолил за ова? „Особено ве поттикнувам да го правите тоа“, им напишал, „за да ви бидам вратен поскоро“ (Евреите 13:19). Со други зборови, Павле знаел дека тоа што Јехова ќе ги чуе истрајните молитви на неговите соверници може да влијае врз тоа кога ќе биде ослободен (Филимон 22).

Дали молитвата ќе го промени исходот од нашата мака? Можно е. Сепак, треба да сфатиме дека Јехова Бог можеби нема да одговори на нашите молитви на начин на кој ние би сакале. Павле се молел неколкупати за неговиот „трн во телото“, можеби некој физички проблем. Меѓутоа, наместо да ја отстрани маката, Бог му рекол на Павле: „Доволна ти е мојата незаслужена љубезност; зашто мојата сила се усовршува во слабост“ (2. Коринќаните 12:7—9).

Според тоа, нашата мака можеби нема веднаш да исчезне. Меѓутоа, ќе имаме прилика да докажеме дека се потпираме на нашиот небесен Татко (Јаков 1:2—4). Биди уверен дека дури и ако Јехова Бог не ја отстрани маката, тој може ,да направи излез за да можеме да ја поднесеме‘ (1. Коринќаните 10:13). Значајно е тоа што Јехова е наречен „Богот на секоја утеха, кој нѐ теши во нашата неволја“ (2. Коринќаните 1:3, 4). Бог може да ни го даде она што ни е потребно за да истраеме, а ја имаме и надежта за вечен живот.

Божјата реч, Библијата, ветува дека Јехова „ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ниту ќе има веќе тага ни пискот ни болка“ (Откровение 21:3, 4). Дали свет без мака ти звучи премногу добро за да биде вистинито? Можеби, ако си навикнат да живееш со неволји. Сепак, Бог ветил ослободување од стравот и од несреќите, а неговата намера сигурно ќе се исполни (Исаија 55:10, 11).

[Слики на страница 9]

Од очај до олеснување

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели