ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w15 1/10 стр. 6-8
  • Како може да ни помогне молитвата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како може да ни помогне молитвата?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Внатрешен мир.
  • Утеха и сила да истраеме.
  • Мудрост од Бог.
  • Како ќе ти помогне молитвата
    Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
  • Зошто да се молиме непрестајно?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Остани блиску до Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • „Изнесете му ги своите барања на Бог“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
w15 1/10 стр. 6-8
Една жена се моли за својата болна мајка

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ ВРЕДИ ДА СЕ МОЛИШ?

Како може да ни помогне молитвата?

Пред да се согласиш да направиш нешто, веројатно се прашуваш: ‚Каква корист ќе имам од тоа?‘ Дали е себично да си го поставиме истото прашање во врска со молитвата? Не мора да значи. Нормално е да сакаме да знаеме дали молитвата може да ни помогне. И во минатото, еден верен човек по име Јов прашал: „Кога ќе го повикам [Бог], дали ќе ми се одѕвие?“ (Јов 9:16).

Во претходните статии беа изнесени докази дека молитвата не е обична рутина или емоционален вентил. Бог навистина ги слуша молитвите. Ако му се молиме на исправен начин и за исправни работи, тој ќе нѐ чуе. Всушност, тој нѐ поттикнува да му се приближиме (Јаков 4:8). Тогаш, како ќе ни користи тоа што ќе стекнеме навика да му се молиме на Бог? Ајде да видиме.

Внатрешен мир.

Кога се соочуваш со проблеми и тешкотии, дали се чувствуваш притиснат од грижи? Во такви моменти, Библијата нѐ поттикнува ‚да се молиме непрестајно‘ и ‚да му ги изнесеме своите барања на Бог‘ (1. Солуњаните 5:17; Филипјаните 4:6). Библијата нѐ уверува дека, ако му се молиме на Бог, ‚неговиот мир, кој ја надминува секоја мисла, ќе ги чува нашите срца и нашиот ум‘ (Филипјаните 4:7). Ако му го кажеме на нашиот небесен Татко сето она што нѐ загрижува, ќе почувствуваме внатрешен мир. Всушност, Бог нѐ поттикнува да го направиме тоа. Во Псалм 55:22 пишува: „Фрли го своето бреме на Јехова, и тој ќе те поткрепи“.

„Фрли го своето бреме на Јехова, и тој ќе те поткрепи“ (Псалм 55:22)

Безброј луѓе низ целиот свет почувствувале дека молитвата им дава внатрешен мир. Хи Ран од Јужна Кореја вели: „Иако имам сериозни проблеми, откако ќе му се помолам на Бог за нив, чувствувам олеснување и добивам сила да истраам“. Сесилија од Филипините вели: „Како родител, имам многу грижи. Освен тоа, загрижена сум и за мајка ми која го изгуби памтењето и не може да ме препознае. Тоа што се молам ми помага полесно да се справам со секојдневните предизвици. Знам дека Јехова ќе ми помогне добро да се грижам за децата и за мајка ми“.

Утеха и сила да истраеме.

Дали си под голем стрес? Дали доживуваш некоја неволја или ситуација која го доведува во опасност твојот живот? Тогаш многу ќе ти помогне тоа што ќе му се молиш на „Богот на секоја утеха“. Библијата вели дека Бог „нѐ теши во секоја наша неволја“ (2. Коринќаните 1:3, 4). На пример, во една прилика кога бил многу вознемирен, Исус ‚клекнал и почнал да се моли‘. Што се случило потоа? ‚Се појавил ангел од небото и го зајакнал‘ (Лука 22:41, 43). Еден друг верен човек кој се викал Неемија се соочил со една тешка ситуација. Некои злобни луѓе му се заканувале и сакале да го спречат да ја изврши задачата што му ја дал Бог. Тој се молел со следниве зборови: „Боже, зајакни ги моите раце!“ Од настаните што следеле гледаме дека Бог му помогнал да ги совлада своите стравови и успешно да ја изврши задачата (Неемија 6:9-16). Реџиналд од Гана вели: „Додека се молам, особено кога сум во некоја тешка ситуација, се чувствувам како да му го кажувам мојот проблем на некој што може да ми помогне и да ме смири“. Сето ова покажува дека Бог може да ни влее утеха кога му се молиме.

Мудрост од Бог.

Некои наши одлуки може да остават трајни последици врз нас и врз нашите најблиски. Што ќе ни помогне да донесуваме мудри одлуки? Библијата вели: „Ако некому од вас му недостига мудрост [особено кога се соочува со тешкотии], нека бара од Бог, зашто тој им дава на сите великодушно и без прекорување, и ќе му ја даде“ (Јаков 1:5). Ако се молиме за мудрост, Бог може преку својот свет дух да ни помогне да донесуваме мудри одлуки. Всушност, можеме конкретно да го молиме Бог да ни даде свет дух затоа што Исус нѐ уверува дека „Таткото, кој е на небото, ќе им даде свет дух на оние што го молат за тоа“ (Лука 11:13).

Еден маж се моли

„Постојано го молев Јехова да ми даде мудрост за да донесам исправна одлука“ (Квабена, Гана)

Дури и Исус чувствувал потреба да бара помош од својот Татко кога требало да донесе важни одлуки. Од Библијата дознаваме дека Исус ‚поминал цела ноќ молејќи му се на Бог‘ кога сакал да избере 12 мажи кои требало да бидат негови апостоли (Лука 6:12).

Исто како Исус, многу луѓе денес се зајакнати кога гледаат како Бог им одговара на нивните молитви за мудрост. Реџина од Филипините се соочува со многу проблеми. Бидејќи нејзиниот сопруг починал, мора сама да се грижи за децата и да ги воспитува. Освен тоа, добила отказ од работа. Што ѝ помага да донесува мудри одлуки? Таа вели: „Молитвата до Јехова ми е од голема помош“. Квабена од Гана вели: „Ја изгубив добро платената работа што ја имав“. Во тие моменти тој се нашол пред избор. Квабена додава: „Постојано го молев Јехова да ми даде мудрост за да донесам исправна одлука. Уверен сум дека тој ми помогна да изберам работа што ми овозможува на најдобар начин да се грижам за моите духовни и физички потреби“. Бог може и тебе да ти даде мудрост ако му се молиш за работи што може да влијаат врз твојот однос со него.

Молитвата може да ни помогне и на други начини. (Нешто повеќе можеш да дознаеш од рамката „Како ни помага молитвата“.) Но, за да имаш корист од молитвата, најпрво треба да го запознаеш Бог и да дознаеш која е неговата волја. Доколку сакаш да го сториш тоа, те поттикнуваме да ја проучуваш Библијата со некој Јеховин сведок.a Така ќе го направиш првиот чекор за да му се приближиш на Бог, кој „ги слуша молитвите“ (Псалм 65:2).

a За повеќе информации, стапи во контакт со Јеховините сведоци во твоето место или посети ја интернет-страницата www.jw.org/mk.

Како ни помага молитвата

Добиваме внатрешен мир. „Не бидете загрижени за ништо, туку во сѐ — со молитви и молби, со благодарење — изнесете му ги своите барања на Бог. И мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла, ќе ги чува вашите срца и вашиот ум преку Христос Исус“ (Филипјаните 4:6, 7).

Добиваме утеха. „Нека е благословен Богот и Таткото на нашиот Господар Исус Христос, Таткото на милосрдноста и Богот на секоја утеха, кој нѐ теши во секоја наша неволја“ (2. Коринќаните 1:3, 4).

Добиваме водство за да донесуваме мудри одлуки. „Ако некому од вас му недостига мудрост, нека бара од Бог, зашто тој им дава на сите великодушно и без прекорување, и ќе му ја даде“ (Јаков 1:5).

Добиваме помош за да не паднеме во искушение. „Молете се за да не паднете во искушение!“ (Лука 22:40).

Добиваме простување на гревовите. „[Ако] мојот народ, кој го носи моето име, се понизи и се помоли и го побара моето лице, и се врати од своите зли патишта, тогаш јас ќе чујам од небото и ќе им го простам гревот“ (2. Летописи 7:14).

Ни дава можност да им помогнеме на другите. „Сесрдната молитва на праведникот има голема сила и може да направи многу добра“ (Јаков 5:16).

Охрабрени сме кога ќе добиеме одговор. „Јехова му рече [на Соломон]: ‚Ги услишив твојата молитва и твојата молба за милост‘“ (1. Царевите 9:3).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели