ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/5 стр. 29
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Сличен материјал
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Време за будност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Што значи за тебе Христовата присутност?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/5 стр. 29

Прашања од читателите

Дали би можело да се рече дека неодамна осовременетото разбирање на зборот „род [генерација, НС]“ во Матеј 24:34 ја допушта идејата дека крајот на системот на ствари би можел да биде одложуван во далечната иднина?

Сигурно дека тоа не е случај. Напротив, неодамнешното подобрено разбирање на оваа работа треба да ни помогне да бидеме во постојано исчекување на крајот. Како тоа?

Па, како што објасни Стражарска кула од 1 ноември 1995 година, фразата „овој род [генерација, НС]“ Исус ја применил на современиот зол народ (Матеј 11:7, 16—19; 12:39, 45; 17:14—17; Дела 2:5, 6, 14, 40, сите НС). Како таква, таа не беше опис на некоја утврдена должина на време што започнува со конкретен датум.

Всушност, статијата „Прашања од читателите“ во истото тоа издание на Стражарска кула (англ.) се сосредоточи на две клучни точки: „Една генерација од луѓе не може да се смета како период кој има утврден број години“ и „Луѓето од една генерација живеат релативно кус период“.

Честопати, изразот „генерација“ го користиме на овој начин. На пример, би можеле да речеме: ‚Војниците од Наполеоновата генерација не знаеле ништо за авионите и за атомските бомби‘. Дали тоа би се однесувало само на војниците кои биле родени во истата година како Наполеон? Дали би се однесувало само на оние француски војници кои умреле пред да умре Наполеон? Секако дека не; ниту, пак, со таквата употреба на „генерација“ би се обидувале да утврдиме некој одреден број години. Сепак, би се осврнале на еден релативно кус период, а не на стотици години од времето на Наполеон па во иднината.

Слично е и со нашето разбирање на она што Исус го рекол во своето пророштво дадено на Маслинската Гора. Исполнувањето на различните карактеристики на тоа пророштво докажува дека крајот на овој систем е близу (Матеј 24:32, 33). Сети се дека, според Откровение 12:9, 10, со воспоставувањето на Божјето небесно Царство во 1914 година, Сатана бил исфрлен долу во близината на Земјата. Откровение додава дека Сатана сега има голем гнев. Зошто? Затоа што знае дека „му останува малку време [има краток временски период, НС]“ (Откровение 12:12).

Според тоа, прикладно беше што Стражарска кула од 1 ноември го носеше поднасловот „Бидете будни!“ Следниот пасус соодветно наведе: „Не треба да го знаеме точното време на настаните. Наместо тоа, мораме да бидеме сосредоточени на тоа да бидеме будни, да негуваме јака вера и да останеме зафатени во Јеховината служба — а не да пресметуваме некаков датум“. Потоа ги цитираше Исусовите зборови: „Внимавајте, бидете будни, . . . оти не знаете кога ќе настане времето [одреденото време, НС]. А што ви зборувам вам, им го зборувам и на сите: ‚Бидете будни!‘ “ (Марко 13:33, 37).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели