ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/6 стр. 19-23
  • Јехова постапува лојално

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова постапува лојално
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Рана младост без цел
  • Практикувам нова лојалност
  • Полновремена служба во Англија
  • Проширена служба во Африка
  • Назад во Африка
  • Нови околности во Англија
  • Мисионерската доделба стана наш дом
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Зајакнат од нашето светско братство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Јехова ме благослови повеќе отколку што можев да си замислам
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Исправни одлуки што ми донесоа трајни благослови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/6 стр. 19-23

Јехова постапува лојално

РАСКАЖАЛ ПИТЕР ПАЛИСЕР

Беше декември 1985 година. Возбудувањето се зголемуваше кога почнавме да се спуштаме на меѓународниот аеродром во Најроби (Кенија). На патот кон градот, се враќаа сеќавањата, разбудени од познати глетки и звуци.

ДОЈДОВМЕ во Кенија за да присуствуваме на Обласниот конгрес на Јеховините сведоци — „Чувари на беспрекорноста“. Дванаесет години пред тоа, мојата сопруга и јас бевме присилени да ја напуштиме Кенија поради забрана на нашето проповедничко дело. Таму живеевме во Бетелот, името што им е дадено на објектите на подружниците на Јеховините сведоци. Колку само пријатно изненадување нѐ очекуваше кога се вративме таму во посета!

Во подготвувањето на пладневниот оброк во Бетелот помагаше една млада особа Сведок која ја знаевме уште кога беше стара две години. Најмалку шест членови на бетелската фамилија беа лица што ги знаевме уште кога беа деца. Колкава само радост беше сега да ги видиме како млади возрасни, заедно со своите семејства, сите сѐ уште активни во службата! Нашиот Бог, Јехова, се грижел за нив, во склад со ветувањето од Библијата: „Со некој лојален ти ќе постапиш лојално“ (2. Царства 22:26, НС). Колкав само контраст утврдив помеѓу мојата рана младост и наградувачкиот живот што го водат овие млади лица!

Рана младост без цел

Роден сум во Скарборо (Англија) на 14 август 1918 година. Две години подоцна, мајка ми и мојата полусестра заминаа за Канада, па така следните три години ги поминав живеејќи со татко ми, со неговата мајка и со неговата сестра. Кога имав пет години, мајка ми ме киднапира и ме однесе во Монтреал (Канада). Четири години подоцна, ме испрати назад во Англија за да живеам со татко ми и да одам в училиште.

Мајка ми и мојата полусестра ми пишуваа отприлика секои шест месеци. На крајот од нивните писма, тие ќе ја изразеа желбата да бидам добар граѓанин, лојален на кралот и на земјата. Моите одговори веројатно ги разочаруваа, бидејќи им пишував дека, според мене, национализмот и војната се неисправни. Сепак, поради тоа што немав никакво јасно водство, во текот на моите тинејџерски години едноставно талкав.

Тогаш, во јули 1939 година, шест месеци пред да почне Втората светска војна, бев регрутиран во британската армија. Имав само 20 години. Мојот полк наскоро беше испратен во северна Франција. Кога ќе нѐ нападнеа германски авиони, ние младите момчиња нишаневме со пушките и пукавме во нив. Тоа беше страшен живот. Се повлекувавме пред германските војски кои наближуваа, па така во текот на првата седмица од јуни 1940 година јас бев меѓу оние кои беа евакуирани кај Денкирк. Сѐ уште со ужас се сеќавам на глетката од еден цел батаљон мртовци расфрлени по плажата. Јас ја преживеав таа ноќна мора и со еден мал товарен брод пристигнав во Хериџ, во источна Англија.

Следната година, во март 1941 година, бев испратен во Индија. Таму добив обука како механичар за инструменти. После еден период поминат в болница како последица на една инфекција, бев префрлен во една армиска единица во Делхи, главниот град на Индија. Поради тоа што бев далеку од дома и сѐ уште не се чувствував добро, почнав да размислувам за иднината. Особено се прашував што се случува со нас кога ќе умреме.

Практикувам нова лојалност

Во Делхи, еден друг Англичанец, Берт Гејл, ми беше цимер. Еден ден, тој рече дека „религијата била од Ѓаволот“ — коментар кој го подбуди мојот интерес. Неговата сопруга беше станала Јеховин сведок и одвреме навреме му испраќаше библиски публикации. Една од нив, џебната брошура Hope (Надеж), го плени мојот интерес. Нејзината дискусија за надежта во воскресение ми даде вистинско чувство на спокојство.

Некаде во почетокот на 1943 година, Берт зборуваше со еден англо⁠-​индиски цивил, Теди Груберт, кој работеше со нас во воената база. На наша зачуденост, дознавме дека Теди е Сведок. Иако во 1941 година публикациите на Јеховините сведоци беа ставени под забрана, тој нѐ водеше на состаноците што ги одржуваа Сведоците во Делхи. За првпат во мојот живот, во тоа мало собрание најдов вистинско, срдечно другарство. Базил Цатос еден постар христијански брат од Грција, ме зеде под својата закрила и одговори на моите прашања. Тој даде јасни библиски одговори на прашањата во врска со тоа зошто старееме и умираме, за воскресението и за Божјиот ветен нов свет на праведност (Дела 24:15; Римјаните 5:12; 2. Петрово 3:13; Откровение 21:3, 4).

Џебната брошура Peace​—Can It Last? (Мир — може ли да биде траен?) издадена 1942 година, особено го плени мојот интерес. Таа ја идентификуваше Лигата на народите како „црвен ѕвер“ (Откровение 17:3). Цитирајќи го поглавје 17, стих 11 од Откровението, во џебната брошура пишуваше: „Сега може да се рече дека Лигата ‚беше, и ја нема‘ “. Понатаму, во неа пишуваше: „Здружението од световни нации повторно ќе се појави“. Во 1945 година, по повеќе од три години, се случи токму тоа кога беше формирана Организацијата на обединетите нации!

За време на забраната на литературата на Сведоците, бев во можност да им помогнам на моите новопронајдени пријатели. Кога ќе пристигнеше некоја картонска кутија со џебни брошури Peace​—Can It Last? собранието ми ја предаваше мене за да ја чувам. Кој би помислил да бара забранета литература во воен логор? Секојпат кога присуствував на состаноците, ќе понесев по неколку џебни брошури за браќата да бидат обезбедени. Ја криев дури и нивната лична библиска литература кога се плашеа од претресување на нивните домови. Конечно, на 11 декември 1944 година, забраната беше укината.

Мојата лојалност спрема христијанските науки беше ставена на испит за време на божиќните прослави во 1943 година, кои беа организирани за нашиот армиски одред. Јас одбив да учествувам бидејќи бев научил дека Исус не бил роден во студот во декември и дека раните христијани не славеле Божиќ. (Спореди Лука 2:8—12.)

Од 27 до 31 декември 1944 година, кога во Џубулпоре (Џабалпур) се одржуваше собирот „Обединети објавувачи“, јас бев меѓу 150-тината присутни. Многу конгресни делегати патуваа со воз од Делхи, патување од преку 600 километри. Никогаш нема да ја заборавам прекрасната атмосфера на тој амбиент под ведро небо, каде што ја видов Јеховината организација во акција.

Конгресните делегати беа сместени во студентски домови каде што пеевме песни на Царството и уживавме во радосното христијанско дружење. За време на тој конгрес, почнав да учествувам во јавното дело на проповедање — дело кое оттогаш па наваму ми омиле во срцето.

Полновремена служба во Англија

Во Англија се вратив во 1946 година и набрзо почнав да се дружам со собранието Вулвертон. Иако имавме само десетина објавители на Царството, тие направија да се чувствувам како дома и го доживеав истото задоволство што го имав меѓу моите браќа во Индија. Вера Клифтон се истакнуваше во собранието како искрена, срдечна личност. Кога дознав дека таа ја дели мојата желба да биде пионер, како што се нарекуваат полновремените слуги, се венчавме на 24 мај 1947 година. Јас поправив еден караван, односно мобилен дом, и следната година ја добивме нашата прва пионерска доделба — провинцискиот град Хантингдон.

Во тие денови, рано наутро тргнувавме со нашите велосипеди во руралното подрачје. Нашето целодневно проповедање беше прекинувано само со една куса пладневна пауза за сендвичи. Сеедно колку силен беше спротивниот ветер или колку обилен беше дождот по кој се возевме до дома, бевме среќни и задоволни во Господовото дело.

Со текот на времето, копнеевме да ја прошириме нашата служба и да ја споделуваме ‚добрата вест‘ со луѓе од други земји (Матеј 24:14, НС). И така, се пријавивме да присуствуваме на мисионерската школа Гилеад во Саут Ленсинг (Њујорк, САД). Најпосле, бевме примени во 26-от клас на Гилеад кој дипломираше во февруари 1956 година.

Проширена служба во Африка

Нашата мисионерска доделба беше Северна Родезија (сега Замбија) во Африка. Набргу по пристигнувањето, бевме повикани да служиме во Бетелот на таа земја. Како дел од мојата бетелска работа, се грижев за кореспонденцијата со источна Африка. Во 1956 година, Кенија — една од овие источноафрикански земји — имаше само четворица Сведоци, додека во Северна Родезија имаше над 24.000. Вера и јас почнавме да размислуваме за тоа колку би било убаво да служиме таму каде што потребата е поголема.

Тогаш, неочекувано, добив една друга покана во школата Гилеад, овојпат на еден десетмесечен курс за надгледници. Оставајќи ја Вера во Северна Родезија, отпатував во Њујорк Сити, каде што во тоа време беше сместена школата Гилеад. По завршувањето на курсот во ноември 1962 година, бев доделен во Кенија за да воспоставам таму канцеларија на подружницата. До тоа време, во Кенија имаше над сто Сведоци.

По моето враќање во Северна Родезија за да се најдам со Вера, требаше да имам кратка пауза во Најроби (Кенија). Но, кога пристигнав, Бил Нисбет, еден дипломец на Гилеад од 25-от клас, ме дочека со вести дека имало шанса да се добие официјална дозвола за веднаш да се влезе во Кенија. Им пристапивме на властите за доселеници и, за неколку минути, добив петгодишна работна дозвола. И така, никогаш не се вратив во Северна Родезија; поточно, Вера ми се придружи мене во Најроби.

После еден импровизиран курс по јазикот свахили, му се придруживме во службата на малото собрание Најроби. Понекогаш, откако ќе ја прочитавме нашата проповед на свахили, станарот ќе извикаше: „Не разбирам англиски!“ И покрај ова, ние истрајавме и постепено ја надминавме јазичната бариера.

Нашето подрачје опфаќаше огромни станбени комплекси со такви библиски имиња како Ерусалим и Јерихон. Интересот брзо се разви, и од овие подрачја дојдоа многу нови објавители на Царството. Каков само извонреден ефект имаше библиската вистина врз овие луѓе! Чувствата на племенска надмоќ исчезнуваа како што лојалноста спрема Царството донесуваше единство меѓу Јеховиниот народ. Се склучуваа дури и меѓуплеменски бракови — нешто многу необично меѓу не⁠-​Сведоците.

Новите објавители на Царството ја прегрнуваа вистината со ревност. На пример, Самсон беше толку ревен библиската вистина да продре во неговото домашно подрачје што постојано молеше таму да бидат испратени пионери. Всушност, тој изгради едно проширување до својата куќа во регионот Укамбани за да им обезбеди сместување. Наскоро, таму беше воспоставено ново собрание од објавители на Царството.

Повеќе пати ги посетив нашите браќа во источноафриканската земја Етиопија. Тие поминуваа во службата просечно по повеќе од 20 часа месечно, и покрај затворања, тепања и постојан надзор. Еднаш, два автобуса со етиопски браќа и сестри патуваа една седмица, минувајќи низ опасни планински превои, за да присуствуваат на еден обласен конгрес во Кенија. Извонредна беше нивната снаодливост во средувањето библиската литература да биде на располагање и во нивната земја. Ние во Кенија бевме среќни што им помагавме да бидат снабдувани.

Во 1973 година беше ставена службена забрана врз нашето дело во Кенија, и мисионерите беа принудени да заминат. Дотогаш имавме над 1.200 Сведоци во Кенија, од кои мнозина беа на аеродромот за да ни приредат едно незаборавно испраќање. Нивната присутност натера еден сопатник да праша дали сме некакви славни личности. Вера и јас се вративме во Англија и таму ни беше понудена доделба, но ние копнеевме да се вратиме во Африка.

Назад во Африка

И така, после неколку месеци, ја добивме нашата нова доделба, во Бетелот во Акра, главниот град на западноафриканската земја Гана. Овде, една од моите задачи ме соочи со тешкотиите на коишто наидуваа нашите тамошни браќа. Додека се грижев за набавките на храна и залихи за бетелската фамилија, бев зачуден од претераната цена на прехранбените производи. Честопати, човек едноставно не можеше да ги купи потребните работи. Недостигот на нафта и скудноста на резервни делови донесуваа додатни проблеми.

Ја научив важноста од стрпливоста, нешто што нашите гански браќа го имаа развиено. Беше толку охрабрувачки да се види радосниот став што го задржуваа додека го одбиваа искушението со подмитување да ги стекнат работите потребни за живот. Како резултат на тоа, Јеховиниот народ во Гана стана добро познат по својата чесност и уживаше добро име кај многу службеници.

Меѓутоа, и покрај материјалната оскудица, постоеше сѐ поголем духовен напредок. Ширум земјата, нашите библиски публикации се наоѓаа практично во секој дом. И гледавме како бројот на објавители на Царството во Гана порасна од 17.156 во 1973 година кога пристигнавме, на преку 23.000 во 1981 година. Таа година, појавата на рак на мојата кожа, несомнено поради годините изложеност на сонце во Индија и во Африка, нѐ присилија да ја напуштиме Гана и да се вратиме во Англија заради редовно лечење.

Нови околности во Англија

За мене, нашето враќање значеше значително прилагодување во мојата служба. Толку бев навикнат слободно да зборувам со луѓето кои го почитуваат Бог и Библијата. Но, во Лондон ретко наоѓам таков став. Се восхитувам на истрајноста на браќата во Британија. Тоа ме натера да ја увидам потребата да развијам поголемо сочувство спрема луѓето кои се „изморени и прснати“ во духовен поглед (Матеј 9:36).

После нашето враќање од Африка, Вера и јас служевме заедно во лондонскиот Бетел сѐ до времето на нејзината смрт во септември 1991 година, на возраст од 73 години. Не беше лесно да се изгуби една таква верна придружничка која толку многу години работеше рамо до рамо со мене во службата. Ужасно ми недостасува. Но, среќен сум поради убавата поддршка што ја добивам од нашата бетелска фамилија од околу 250 членови.

Навистина сметам дека е предност што го доживувам напредното движење на Јеховината организација и што гледам како толку многу лица ја прават полновремената служба свој начин на живот. Можам да ве уверам дека нема подобар начин на живот од овој, зашто „Јехова . . . нема да ги остави своите лојални“ (Псалм 37:28, НС).

[Слика на страница 23]

Во Англија пионеревме од 1947 до 1955 година

[Слика на страница 23]

За првпат во служба за време на еден конгрес во Индија

[Слика на страница 23]

Кога бевме мисионери во Северна Родезија

[Слика на страница 23]

Во 1985 година, со пријателите кои не ги бев видел 12 години

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели