ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/7 стр. 22-25
  • Живот за кој никогаш не зажалив

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Живот за кој никогаш не зажалив
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Убавиот пример на мајка ми
  • Вработување и духовен напредок
  • Бетелска служба во немирни времиња
  • Пионерење во воено време
  • Бројни радосни предности
  • ’Јехова е мој Бог во кого ќе имам доверба‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Можеш ли да се ставиш на располагање?
    Нашата служба за Царството 2001
  • Дали ова е можеби најдобрата кариера за тебе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Отворена покана!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/7 стр. 22-25

Живот за кој никогаш не зажалив

РАСКАЖАЛ ПАУЛ ОБРИСТ

Во 1912, кога имав шест години, мајка ми умре при породувањето на своето петто дете. Околу две години подоцна, една млада куќна помошничка, Берта Вајбел, почна да се грижи за нашето семејство. Следната година, кога татко ми се ожени со неа, ние децата бевме среќни што повторно имаме мајка.

ЖИВЕЕВМЕ во Бриг, мало гратче во делот од Швајцарија каде се зборува германски. Берта навистина беше христијанска личност и јас многу ја сакав. Во 1908, таа почна да ги проучува публикациите на Проучувачите на Библијата (Јеховините сведоци), и она што го учеше го споделуваше со другите.

Во 1915, набргу откако Берта и татко ми се венчаа, јас отидов со неа на едно прикажување на „Фото-драмата за создавањето“. Оваа презентација со слајдови и филм од страна на Меѓународното здружение на сериозни проучувачи на Библијата остави длабок впечаток врз мојот ум и срце. И другите беа исто така импресионирани. Салата во Бриг беше толку полна што полицијата ги затвори вратите и не дозволуваше натамошно влегување. Мнозина потоа се обидоа да влезат преку еден отворен прозорец со помош на скала, од кои малкумина и успеаја.

Убавиот пример на мајка ми

Тогаш во Европа беснееше I светска војна, и луѓето беа исплашени во врска со иднината. Затоа, одењето од куќа до куќа со утешната порака за Божјето Царство, како што го правеше мајка ми, беше благородна задача. Понекогаш, таа ми дозволуваше да ја придружувам, и јас многу уживав во тоа. Во 1918, мајка ми конечно беше во можност да го симболизира своето предание на Јехова Бог преку крштавање во вода.

Татко ми не се мешаше во обожавањето на мајка ми сѐ до нејзиното крштавање, кога почна да ѝ се спротивставува. Еден ден, ѝ ја зеде библиската литература и ја фрли во печката. Мајка ми успеа од огнот да ја грабне само својата Библија. Но, она што го стори потоа, беше запрепастувачко. Отиде кај татко ми и го прегрна. Не негуваше никаква огорченост спрема него.

Тотално изненаден, татко ми се смири. Меѓутоа, одвреме навреме, неговото противење пламнуваше, и ние моравме да ги поднесуваме неговите изливи.

Вработување и духовен напредок

Во 1924, после завршувањето на тригодишно учење занает за фризер, го напуштив домот и најдов вработување во делот од Швајцарија во кој се зборува француски. Тоа ми пружи прилика да го подобрам моето познавање на францускиот јазик. Иако преселувањето некако го попречи мојот духовен напредок, никогаш не ја загубив мојата љубов кон библиската вистина. Така, кога се вратив дома после шест години, почнав да присуствувам на состаноците на христијанското собрание во Бриг.

Кратко по тоа се преселив во Рајнфелден, мало гратче на околу 40 километри. Таму работев во фризерскиот дуќан на сестра ми и продолжив со мојот духовен напредок преку состанување со една мала група Проучувачи на Библијата. Еден ден, при крајот на нашата библиска студија во средината од седмицата, брат Зодер, одговорниот старешина, запраша: „Кој планира да учествува во службата на теренот в недела?“ Јас доброволно се јавив, претпоставувајќи дека ќе придружувам некого и дека ќе ми биде покажано како да ја вршам работата.

Кога дојде недела и кога стигнавме на нашето подрачје, брат Зодер рече: „Г-н Обрист ќе работи онаму“. Иако срцето почна забрзано да ми чука како никогаш порано, почнав да ги посетувам луѓето по нивните домови и да разговарам со нив за Божјето Царство (Дела 20:20). Оттогаш па наваму, никогаш не се поколебав да продолжам со проповедничкото дело за кое Исус рекол дека мора да се изврши пред да дојде крајот на овој систем на ствари (Матеј 24:14). На 4 март 1934, кога имав 28 години, го симболизирав моето предание на Јехова Бог преку крштавање во вода.

По две години, најдов работа како фризер во Лугано, град во делот од Швајцарија во кој се зборува италијански. Таму веднаш почнав да ја проповедам добрата вест иако италијански знаев многу малку. Сепак, за време на мојата прва недела во службата, дадов 20 џебни брошури што ги бев понел. Со текот на времето, бев во можност да соберам неколкумина заинтересирани лица за да оформам група за проучување на Стражарска кула. На крајот, извесен број од нив се крстија и во февруари 1937 оформивме собрание на Јеховини сведоци во Лугано.

По два месеца, во април 1937, добив писмо кое драматично го измени мојот живот. Тоа беше покана да служам во Бетел, како што се нарекуваат објектите на подружниците на Јеховините сведоци во една земја. Веднаш ја прифатив поканата — одлука за која никогаш не зажалив. Така го почнав она кое стана 60-годишна кариера во полновремената служба.

Бетелска служба во немирни времиња

Во тоа време, швајцарскиот Бетел беше лоциран во градот Берн, главниот град на Швајцарија. Таму печатевме книги, џебни брошури и списанија на 14 јазици, а овие, пак, беа испраќани по цела Европа. Повремено, ја носев печатената литература до железничката станица со ѕидарска количка, бидејќи во тие денови немавме секогаш комбе на располагање. Мојата прва задача во Бетелот беше во Слагачницата, каде што ги составувавме оловните букви со кои се вршеше печатењето. Наскоро, почнав да работам на рецепцијата и, се разбира, служев и како бербер за бетелската фамилија.

Во септември 1939, избувна II светска војна и нацистичкиот налет ширеше терор ширум Европа. Швајцарија беше неутрална земја во центарот на завојуваните нации. Во почетокот, ја продолживме нашата христијанска активност без пречки. Тогаш, на 5 јули 1940, во два часот попладне, додека бев на мојата маса во фоајето, се појави еден цивил придружуван од војник кој носеше пушка со поставен бајонет.

„Каде е Цирхер?“ — се развика цивилот. Во тоа време, Франц Цирхер беше надгледник на подружницата за нашето проповедничко дело во Швајцарија.

„Кого можам да го најавам?“ — прашав јас. Веднаш ме зграпчија и ме одвлечкаа угоре по степениците, терајќи ме да ги одведам во канцеларијата на Цирхер.

На целата бетелска фамилија — тогаш бевме околу 40 — ѝ беше наредено да се собере во трпезаријата. Надвор пред зградата беа поставени четири митралези за да го обесхрабрат секого од обид за бегање. Внатре, 50-тина војници почнаа да ја пребаруваат зградата. Спротивно на очекувањата, не беше најден никаков доказ дека Јеховините сведоци се вклучени во унапредување отпор кон воената служба. Сепак, беше конфискувана голема количина литература и однесена со пет воени камиони.

Кога одбивме Стражарската кула да биде цензурирана од државните власти, нејзиното издавање во Швајцарија беше прекинато. Ова значеше дека ќе биде потребен помал персонал за работа во Бетелот, па така помладите членови на фамилијата беа охрабрени да си заминат и да станат пионери, како што се нарекуваат Јеховините сведоци кои се ангажираат во полновременото проповедничко дело.

Пионерење во воено време

Во јули 1940, се вратив во делот од Швајцарија во кој се зборува италијански, близу Лугано, каде што живеев пред да дојдам во Бетелот. Тоа тврдокорно католичко подрачје, кое оттогаш беше и под силно влијание на фашизмот, стана моја пионерска доделба.

Ретко поминуваше ден а да не бидам запрен од полицијата која бараше да престанам со мојата проповедничка активност. Еден ден, додека разговарав со една жена на капијата од една градина, еден човек во цивилна облека ме зграпчи одзади, ме одведе до една патролна кола и ме одвезе во Лугано. Таму ме предаде на полицијата. Кога бев сослушуван, објаснив дека Јехова Бог ни заповедал да проповедаме.

„Овде на Земјава, ние сме тие кои заповедаат“ — дрско одговори офицерот. „Бог може да заповеда на небото!“

За време на војната, беше особено животоважно да внимаваме на Исусовиот совет да бидеме „мудри [претпазливи, НС] како змии и незлобни како гулаби“ (Матеј 10:16). Затоа, поголемиот дел од мојата литература го криев во внатрешните џебови од кошулата. А за да бидам сигурен дека нема ништо да изгубам, носев пумпарици кои беа цврсто набрани под колената.

Со текот на времето, добив инструкции да се преселам во долината Енгадин, каде што продолжи играта мачка и глувче со полицијата. Тоа е една прекрасна долина во источните Швајцарски Алпи, која зиме е покриена под снежни маси и затоа побарав да ми ги испратат скиите за да ми помогнат да се движам по подрачјето.

Топлите ракавици се од витално значење кога патуваш со скии за време на студена зима. Поради постојаната употреба, моите набргу почнаа да изветвуваат. Колку само бев благодарен еден ден кога добив еден сосема неочекуван пакет по пошта, во кој имаше еден рачно плетен пуловер и топли ракавици! Ми ги беше направила една христијанска сестра од моето поранешно собрание во Берн. Дури и сега, кога ќе помислам на тоа, трогнат сум од благодарност.

Бројни радосни предности

Во 1943, условите во Швајцарија почнаа да се стабилизираат, па така јас бев повикан назад да служам во Бетелот. Поради извесни проблеми во француското собрание во Лозана, оддалечено околу 100 километри, бев доделен редовно да го посетувам тој град за да им помогнам на објавителите да стекнат исправно гледиште за Божјата организација.

Подоцна, едно време служев како покраински надгледник за сите собранија на француски јазик во Швајцарија. На почетокот од седмицата работев во Бетелот, но петокот, саботата и неделата ги поминував посетувајќи секоја седмица некое друго собрание, во обидот да бидам од духовна помош. Освен тоа, кога во 1960 беше формирано француско собрание во Берн, јас станав негов претседавачки надгледник. Во ова својство служев сѐ до 1970, кога Бетелот беше преселен од Берн во неговата сегашна прекрасна локација во градот Тун.

Бев среќен што во Тун најдов една мала група Сведоци кои зборуваат италијански, и почнав да работам со нив. Со текот на времето беше формирано собрание, и јас служев како негов претседавачки надгледник еден извесен број години, сѐ додека помладите браќа не станаа квалификувани да ја носат таа одговорност.

Она што го сметав за особено радосна предност е присуствувањето на меѓународните конгреси на Јеховиниот народ. На пример, во 1950 на Јенки стадион (Њујорк) беше значајниот собир Пораст на теократијата. Посетата на светското главно седиште на Јеховините сведоци во Бруклин (Њујорк) остави траен впечаток врз мене. Исто така, никогаш нема да го заборавам и говорот на Милтон Г. Хеншел на собирот Чисто обожавање следната година во Лондон (Англија), кој ги истакна Исусовите зборови: „Ви велам, ако тие замолкнат, камењата ќе повикаат“ (Лука 19:40). Брат Хеншел запраша: „Мислите ли дека камењата ќе мораат да повикаат?“ Сѐ уште можам да го чујам во моите уши бурното: „Не!“ што дојде од десетици илјади гласови.

Кога отидов во Бетел во 1937, татко ми кој дозна дека добиваме само мал надоместок, загрижено праша: „Синко, како ќе преживееш на стари години?“ Одговорив цитирајќи ги зборовите на псалмистот Давид: „Невидов оставен праведник, ниту потомците негови леб да просат“ (Псалм 36:25). Овие зборови секако се исполнија во мојот случај.

Колку само сум среќен што пред 80-тина години, Берта Вајбел се омажи за татко ми и што преку нејзиниот пример и водство го запознав Јехова и неговите особини! Иако другите членови на семејството ѝ се потсмеваа, таа верно му служеше на Јехова сѐ до својата смрт во 1983. Таа никогаш не изрази жалење што му служеше на својот Бог, Јехова; ниту, пак, јас некогаш зажалив што останав самец и што потполно го посветив својот живот на Јеховината служба.

[Слика на страница 25]

Како работам во Бетелот

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели