ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/7 стр. 20-23
  • Спаси го животот на своето дете!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Спаси го животот на своето дете!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Биди близок пријател
  • Љубовта кон Бог
  • Страв од Бог
  • Радосни награди
  • Воспитувај го своето дете уште од најраното детство
    Тајната на семејната среќа
  • Родители, воспитувајте ги децата со љубов!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Родители — помогнете им на своите деца да го сакаат Јехова
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Да се изгради духовно јако семејство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/7 стр. 20-23

Спаси го животот на своето дете!

МАЈКЛ и Алфина живеат во една селска долина меѓу зелените брда на Квазулу Натал (Јужна Африка). Тие се соочиле со многу предизвици во подигањето седум деца. Со полна поддршка од својата сопруга, Мајкл го сторил најдоброто што умеел за да ја послуша библиската заповед до татковците: „Воспитувајте ги [своите деца] во науката и стравот Господов!“ (Ефесјаните 6:4). Но, понекогаш настануваат проблеми.

На пример, вообичаено е африканските говедарчиња да ги здружуваат говедата од своите родители за да имаат повеќе време да си играат заедно. Понекогаш запаѓаат во неприлики и зборуваат за работи за кои не би требало да дискутираат. Кога синовите на Мајкл оделе да ги пасат семејните говеда, тој им давал стриктни упатства да не се дружат со извесни деца (Јаков 4:4). Сепак, кога се враќал дома од работа, понекогаш ги затекнувал како го прават токму тоа. Како последица од тоа, морал да примени стега (Изреки 23:13, 14).

Дали мислиш дека Мајкл бил престрог спрема своите деца? Некои би можеле да мислат така, но Исус Христос рекол дека ‚премудроста се оправдува со своите дела‘ (Матеј 11:19). Мајкл и Алфина создале во својот дом атмосфера полна со љубов, поминувајќи време со своите деца и поучувајќи ги за библиските извештаи и вистини.

Мајкл и Алфина имаат четири ќерки — Тембекиле, Сифиве, Толакеле и Тембекани. Сите тие се полновремени проповедници на добрата вест за Божјето Царство. Двајца од нивните синови служат како претседавачки надгледници во собранијата на Јеховините сведоци. Третиот син, чија сопруга исто така е полновремен евангелизатор, служи како слуга помошник.

Многу христијански родители со големи семејства биле благословени со успех во подигањето на своите деца. Меѓутоа, некои деца кои добиваат добро родителско воспитување, ја напуштаат вистината. Несомнено, нивните родители ја држат на ум Исусовата илустрација за расипничкиот син и живеат во надеж дека нивниот син или ќерка ќе се покае и конечно ќе постигне спасение (Лука 15:21—24).

Но, за жал, некои христијански родители ги губат сите свои деца во светот. Тоа е особена причина за загриженост во делови на Африка, каде што се чини дека децата добро напредуваат сѐ додека не ги достигнат своите тинејџерски години. Тогаш, во цутот на младоста, тие се заведени од неморалните патишта на Сатановиот свет (1. Јованово 5:19, НС). Како последица од тоа, многу татковци не се квалификувани да служат како собраниски старешини (1. Тимотеј 3:1, 4, 5). Очигледно, еден христијански татко треба спасението на своето семејство да го смета за работа од огромна важност. Тогаш, што можат да сторат родителите за да ги спасат животите на своите деца?

Биди близок пријател

Исус не бил само совршен туку и далеку посупериорен од кој и да е друг човек во поглед на спознанието и искуството. Меѓутоа, своите несовршени ученици ги третирал како блиски пријатели (Јован 15:15). Затоа тие посакувале да бидат со него и цутеле во неговата присутност (Јован 1:14, 16, 39—42; 21:7, 15—17). Родителите можат да учат од ова. Како малечки растенија со ливчиња испружени нанадвор кон топлата сончева светлина, децата цутат кога во домот постои пријателска атмосфера полна со љубов.

Родители, дали вашите деца се чувствуваат слободни да ви пристапат со сите свои грижи? Дали ги ислушувате? Пред да донесете заклучоци, дали ги извлекувате нивните мисли и чувства за да добиете покомплетна слика? Дали стрпливо им помагате да ги пронајдат одговорите на извесни прашања така што со нив вршите истражувања по библиските публикации?

Една јужноафриканска мајка објаснува: „Уште од првиот ден кога нашата ќерка тргна на училиште, ја охрабрувавме да ни ги раскажува дневните настани. На пример, ќе ја прашав: ‚Со кого го помина големиот одмор? Кажи ми за твојата нова наставничка. Како изгледа таа? Какви активности се планираат за седмицава?‘ Еднаш, нашата ќерка си дојде дома и рече дека наставничката по англиски ќе го водела одделението да гледаат некој филм за којшто тие подоцна ќе пишувале осврт. Насловот на филмот беше сомнителен. Откако испитавме, дознавме дека тој не би бил прикладен за еден христијанин. Дискутиравме за тоа како семејство. Следниот ден, нашата ќерка ѝ пристапила на наставничката, објаснувајќи дека таа не сака да го гледа филмот, бидејќи моралот што тој го прикажува не би бил во согласност со нејзините христијански верувања. Наставничката повторно размислила за работата и подоцна ѝ се заблагодарила на нашата ќерка, велејќи дека не сака да го води одделението да гледа нешто за кое таа би се каела“. Интересот полн со љубов, што овие родители доследно го покажувале во спасувањето на својата ќерка, вродило добар плод. Таа е радосна, позитивна по природа и сега служи како волонтер во јужноафриканската подружница на Watch Tower Bible and Tract Society.

Исус поставил извонреден пример во постапувањето со децата на другите луѓе. Тој уживал во нивното друштво (Марко 10:13—16). Колку само среќни треба да бидат родителите заедно со своите сопствени деца да ги прават работите! Во некои делови од Африка, таткото се срами да биде виден како игра топка или други игри со своите синови. Но, еден христијански татко не треба никогаш да мисли дека тој е премногу важен за да биде виден како заедно со своите деца ги прави работите. На младите им се потребни родители кои уживаат да го поминуваат времето со нив. Тоа им олеснува на децата да ги изразат своите грижи. Кога таквите емоционални потреби се запоставени, децата може да станат иритирани или повлечени, особено ако постојано се исправани.

Пишувајќи им на колосјаните за семејните односи, Павле рекол: „Татковци, не дразнете ја челадта своја, за да не паѓаат со духот!“ (Колосјаните 3:21). Тоа може да покаже дека понекогаш постои неурамнотеженост помеѓу премногу стега и премалку пријателство. Децата, вклучувајќи ги и тинејџерите, кои се љубени и ценети, поверојатно ќе се оѕвијат на потребната стега.

Љубовта кон Бог

Најскапоценото наследство што можат родителите да им го остават на своите деца е нивниот личен пример во покажувањето љубов. Децата треба да ги видат и да ги чујат своите родители како изразуваат и покажуваат вистинска љубов кон Бог. Еден младич, кој служи во јужноафриканската подружница на Watch Tower Bible and Tract Society, објаснува: „Кога бев момче, му помагав на татко ми околу куќата. Уживав да му помагам, едноставно затоа што тато навистина го ценеше она малкуцка што го правев. Ќе го искористеше времето да ми раскажува многу работи за Јехова. На пример, се сеќавам на една сабота кога напорно работевме да го искосиме тревникот. Беше вистинска вруќина. Тато се потеше, па така отидов по две чаши вода и турив мраз во нив. Тато рече: ‚Синко, гледаш колку е мудар Јехова? Мразот плови по водата. Ако потоне, сиот живот на дното од езерата и рибниците би умрел. Место тоа, мразот служи како изолаторски чаршаф! Зарем тоа не ни помага подобро да го запознаеме Јехова?‘a Подоцна, кога бев затворен поради задржувањето неутралност, имав време да размислувам. Една ноќ, кога се чувствував потиштен во мојата ќелија, се сетив на тие зборови на тато. Какво само значење имаа тие! Кога би можел, засекогаш би го обожавал Јехова“.

Да, децата треба да видат како љубовта кон Бог се одразува во сѐ што прават родителите. Особено, љубовта кон Бог и спремната послушност кон него треба да се види како мотивирачка сила зад присуствувањето на христијанските состаноци, учеството во службата на проповедање, како и зад семејното читање и проучување на Библијата (1. Коринтјаните 13:3). Што е најважно, љубовта кон Бог треба да се одразува во сесрдните семејни молитви. Не може доволно да се нагласи важноста да им се даде едно такво наследство на своите деца. Токму затоа на Израелците им било заповедано: „Сакај Го Господа, твојот Бог, од сѐ срце, со сета душа твоја и со сите сили твои! Овие зборови, што ти ги заповедам денес, да бидат во срцето твое и во душата твоја; и пренесувај им ги на децата свои и говори за нив, кога седиш дома и кога си на пат, кога си легнуваш и кога стануваш“ (5. Мојсеева 6:5—7; спореди Матеј 22:37—40).

Една огромна препрека за да се љуби и да се слуша Бог е нашата вродена грешна природа (Римјаните 5:12). Затоа, Библијата исто така ни заповеда: „Вие, кои Го сакате Господа, мразете го злото“ (Псалм 96:10). Лошите мисли честопати доведуваат до лоши постапки. За да ги избегне нив, детето треба да развива и една друга животоважна карактеристика.

Страв од Бог

Љубовта, заедно со побожниот страв да не му угодиме на Јехова, е нешто многу пожелно. Самиот Исус Христос ни го дал совршениот пример за оној кој наоѓал радост ‚во стравот Господов‘ (Исаија 11:1—3). Таквиот страв е од животна важност додека детето го достигнува цутот на младоста и ќе почне да ги доживува силните сексуални пориви. Стравот од Бог може да му помогне на еден младинец да им се спротивстави на световните притисоци кои можат да водат до неморално однесување (Изреки 8:13). Во некои заедници, родителите избегнуваат да ги поучуваат своите деца за тоа како да се справуваат со сексуалните искушенија. Всушност, мнозина мислат дека е неисправно да се дискутира за такви работи. Но, какви биле последиците од таквиот родителски немар?

Тројца медицински специјалисти, по име Буга, Амоко и Нцајијана, интервјуирале 1.702 девојчиња и 903 момчиња од селата на Транскеи (Јужна Африка). South African Medical Journal известил дека „76% од девојчињата и 90,1% од момчињата во оваа анкета веќе биле сексуално искусни“. Просечната возраст на девојчињата била 15 години, и мнозината биле принудени на сексуален однос. Над 250 доживеале една или повеќе бремености. Друга последица била високата зачестеност на сексуално преносливи болести.

Очигледно, многу родители не гледаат потреба да ги поучуваат своите деца за тоа како да избегнат предбрачен секс. Наместо тоа, гореспоменатиот журнал објаснува: „Раѓањето и мајчинството се високо ценети својства на женскиот род во селското транскејско општество, и ова брзо го согледаа девојчињата кои штотуку излегуваат од пубертетот“. Истиот проблем е документиран и во други делови на светот.

Голем број млади луѓе во Африка наоѓаат грешка кај своите родители затоа што не им помагаат да ја разберат својата сексуалност. Некои христијански родители премногу се срамеле да ја употребат книгата Учини своју младост успешном.b На страници 20—23, таа ја објаснува чесната употреба на половите органи, како и промените што се случуваат во пубертетот.

Христијанските родители кои го прифаќаат предизвикот да дискутираат со своите деца за Божјето гледиште за сексот, се за пофалба. Тоа најдобро се прави прогресивно, според способноста на детето да ги сфати работите. Зависно од таквиот фактор, како што е возраста на детето, родителите можеби треба да бидат конкретни кога се осврнуваат на деловите од телото и нивните функции. Инаку, еден неискусен младинец може да ја промаши поентата на она што е речено (1. Коринтјаните 14:8, 9).

Еден јужноафрикански татко на две ќерки и еден син, објаснува: „Во чести пригоди, имав прилики да дискутирам за осетливата тема за сексуалните работи дури и со девојчињата. Сепак, мојата сопруга обрна особено внимание на нашите ќерки, користејќи ја книгата Учини своју младост успешном. [Види страници 26—31.] Кога син ми имаше 12 години, решив да го земам на една долга прошетка во планините. Во таа пригода дискутиравме детално за развитокот на телото на едно момче, како и за привилегираната цел за која тоа подоцна ќе служи во бракот. Исто така, дискутирав со него за потребата да ја избегнува деградирачката навика на мастурбирање и на девојките да гледа со чест и почит — исто како што гледа на својата мајка и сестрите“.

Радосни награди

Гореспоменатите татко и мајка работеле напорно и се среќни што имале добри резултати во подигањето на нивните три деца. Сите три сега се возрасни лица, венчани со верни христијани. Нивниот син и зетовите служат како старешини во христијанското собрание, а две двојки веќе долги години се во полновременото дело на евангелизирање.

Да, родителите кои работат напорно за спасението на своето домаќинство, можат да очекуваат радосна награда од децата кои избираат да се оѕвијат на таквата библиска поука, бидејќи стиховите од Изреки 23:24, 25 велат: „На умниот син свој, му се радува тој. Нека ти се радуваат татко ти и мајка ти“. Размисли за големото семејство споменато во воведот од статијава. „Кога ќе помислам на духовниот напредок што го направија моите деца“ — вели Алфина — „срцето ми се прелева од радост.“ Нека сите христијански родители работат кон оваа радосна награда.

[Фусноти]

a Кога водата се приближува до точката на замрзнување, таа станува помалку густа и се крева на површината. Види стр. 137 и 138 во книгата Život – Kako je nastao? Evolucijom ili stvaranjem? издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

b Види и Младите прашуваат — делотворни одговори, издадени од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

[Слика на страница 23]

Таткото може да се погрижи за соодветен амбиент за да ги објасни фактите за половиот живот

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели