ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/8 стр. 31
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Сличен материјал
  • Кога Исус ќе дојде во славата на Царството
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Како влијае на тебе Христовото преображение
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Тајна што можеш да им ја кажеш на другите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Тајна која христијаните не смеат да ја кријат!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/8 стр. 31

Се сеќаваш ли?

Дали откри дека неодамнешните изданија на Стражарска кула имаа практична вредност за тебе? Тогаш, зошто не го испиташ своето сеќавање со следниве прашања?

◻ Каков ќе биде Армагедон? (Откровение 16:14, 16).

Тој нема да биде некаква нуклеарна апокалипса или катастрофа предизвикана од луѓето. Не, тоа е Божја војна што ќе им стави крај на сите човечки војни, која ќе ги уништи сите оние кои ги унапредуваат таквите војни и која ќе им донесе вистински мир на оние кои го сакаат мирот. Таа нема да се забави (Авакум 2:3; 15.4., страница 17).

◻ Кој вид свадба му оддава чест на Јехова?

Една свадба на која духовните аспекти доминираат над световните обичаи, навистина ќе му донесе чест на Јехова. Христијаните ќе уживаат во приликата ако избегнуваат обезвреднувачки световни обичаи, празноверија и претерувања; ако не дозволуваат тие да се мешаат со редовните теократски активности и ако покажуваат скромност наместо упадливо излагање (15.4., страница 26).

◻ Со што се одликува еден човек од интегритет?

Во еден човек од интегритет може да има доверба не само неговиот ближен туку, што е уште поважно, и Бог. Чистотата на срцето на таквото лице се гледа по неговите постапки. Тој е без лицемерие. Не е префриган или расипан (2. Коринтјаните 4:2; 1.5., страница 6).

◻ Зошто Јеремија рекол: „Добро е за човекот да го носи јаремот свој во младоста своја“? (Плач Јеремиин 3:27).

Ако едно лице научи да се соочува со искушенијата додека е младо, тоа ќе му помогне да се подготви да излегува накрај со предизвиците на зрелите години (2. Тимотеј 3:12). Користите од верноста далеку го надминуваат секое привремено олеснување кое би можело да го донесе компромисот (1.5., страница 32).

◻ Што било навестено со појавувањето на Мојсеј и Илија во визијата на преображението?

Во контекстот на преображението, Мојсеј и Илија биле соодветни симболи за Исусовите помазани браќа. Тоа што тие, како и Исус, ‚се јавиле во слава‘, симболизирало дека верните помазани христијани ќе бидат ‚прославени‘ со Исус во подготовката за небесното Царство (Лука 9:30, 31; Римјаните 8:17; 2. Солунјаните 1:10; 15.5., страница 12, 14).

◻ Што е Божјата „света тајна“? (1. Коринтјаните 2:7).

Божјата „света тајна“ се сосредоточува на Исус Христос (Ефесјаните 1:9, 10, НС). Меѓутоа, таа не е едноставно идентификувањето на Исус како ветениот Месија. Таа вклучува една небесна влада, Божјето Месијанско Царство и ја вклучува улогата што му е доделена на Исус да ја игра во Божјата намера (1.6., страница 13).

◻ Како треба еден христијанин да гледа на сѐ подлабоката старост или на болеста?

Наместо да смета дека таквите испити ја ограничуваат неговата служба за Јехова, тој треба да гледа на нив како на прилика да го зголеми своето ослонување на него. Исто така, треба да запомни дека вредноста на еден христијанин не се проценува само според неговиот степен на активност туку и според неговата вера и длабочина на љубовта (Марко 12:41—44; 1.6., страница 26).

◻ На кој начин тоа што Јехова користел луѓе наместо ангели за да ја пишуваат Библијата, ја покажало неговата огромна мудрост?

Ако потполно би недостигал човечкиот фактор, би можело да ни биде тешко да ја сфатиме пораката на Библијата. Исто така, Библијата ја има топлината, разноликоста и привлечноста што ги дава човечкиот фактор (15.6., страница 8).

◻ Која е тајната на семејната среќа?

Тајната лежи на страниците на Божјата Реч, Библијата, и во примената на нејзините начела, како што се самосовладувањето, признавањето на поглаварството, добрата комуникација и љубовта (15.6., страници 23, 24).

◻ На кој начин лекувањето што го извршувал Исус било далеку поинакво од она што обично го прават оние кои денес тврдат дека имаат исцелителна моќ?

Немало никакво силно емоционално расфрлање од страна на мноштвата ниту, пак, некакво драматично побеснување на Исус. Освен тоа, Исус никогаш не пропуштил да ги излечи немоќните под изговор дека нивниот принос не бил доволно дарежлив или дека им недостигало вера (1.7., страница 5).

◻ Како Јехова му помогнал на својот народ да има место во неговата божествена намера во врска со неговото име и Царство?

Прво, Јехова на својот народ му ја доверил вистината. Второ, им го дал својот свет дух. И трето, го имаме нашето братство ширум светот и Јеховината организациска подготовка за обожавање (1.7., страници 19, 20).

◻ Што е доблест?

Доблест е морална извонредност, доброта, исправна постапка и исправно размислување. Таа не е пасивна, туку активна, позитивна особина. Доблеста значи повеќе од избегнување на гревот; таа значи да се стремиш кон она што е добро (1. Тимотеј 6:11; 15.7., страница 14).

◻ Кое е најскапоценото наследство што можат родителите да им го пренесат на своите деца?

Најскапоценото наследство е нивниот личен пример во покажувањето љубов кон другите. Што е најважно, децата треба да ги видат и да ги чујат своите родители како изразуваат и покажуваат вистинска љубов кон Бог во сѐ што прават (15.7., страница 21).

◻ Кои се некои битни работи за една делотворна семејна студија?

Една семејна студија мора да биде редовна. Морате да ‚си откупите време‘ за студијата (Ефесјаните 5:15—17). Направете ги периодите на студирање живи за децата со тоа што ќе ја оживеете Библијата. За децата да уживаат во неа, тие мораат да се чувствуваат вклучени (1.8., страници 26, 28).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели