ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/8 стр. 4-7
  • Спасение — што навистина значи тоа

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Спасение — што навистина значи тоа
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Спасение — се наоѓа во сите религии?
  • Точното спознание за Исус е битно за спасение
  • Точното спознание за Бог исто така е битно
  • Со дух и вистина
  • Верата поттикнува на дела
  • Што може спасението да значи за тебе
  • Чувај ја сјајна својата ‚надеж за спасение‘!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Дали Јеховините сведоци веруваат дека само тие ќе се спасат?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Дали учењето „еднаш спасен, засекогаш спасен“ е во склад со Библијата?
    Одговор на библиски прашања
  • Исус е нашиот Спасител — што значи тоа?
    Одговор на библиски прашања
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/8 стр. 4-7

Спасение — што навистина значи тоа

‚ДАЛИ си спасен?‘ Честопати, оние кои го поставуваат ова прашање мислат дека се спасени затоа што ‚го прифатиле Исус како свој личен Спасител‘. Но, други мислат дека постојат различни патишта до спасение и дека, сѐ додека ‚Исус е во твоето срце‘, не е битно што веруваш или дури и на која црква ѝ припаѓаш.

Библијата вели дека Божја волја е „сите видови луѓе да бидат спасени“ (1. Тимотеј 2:3, 4, НС). Значи, спасението им е достапно на сите оние кои ќе го прифатат. Но, што точно значи да се биде спасен? Дали тоа навистина е нешто што едноставно ти се случува со мал или никаков напор од твоја страна?

Зборот „спасение“ значи „избавување од опасност или од уништување“. Според тоа, вистинското спасение вклучува повеќе отколку само спокојна умствена состојба. Тоа значи да се биде спасен од уништувањето на овој сегашен зол систем на ствари и конечно од самата смрт! Но, кого точно Бог ќе го спаси? За одговор, да испитаме што поучувал Исус Христос за оваа тема. Резултатите од нашето истражување може да те изненадат.

Спасение — се наоѓа во сите религии?

Во една прилика, Исус разговарал со една Самарјанка. Иако не била Еврејка, таа сосема исправно верувала дека ќе дојде Месијата, „наречен Христос“ (Јован 4:25). Дали таквото верување ѝ било доволно за да биде спасена? Не, бидејќи Исус јасно ѝ рекол на жената: „Вие му се клањате на она, што не го знаете“. Исус знаел дека, за да постигне спасение, оваа жена би морала да го преиначи својот начин на обожавање. Затоа, Исус објаснил: „Но иде време и дошло веќе, кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот со дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние, кои Му се клањаат“ (Јован 4:22, 23).

Во една друга прилика, во која Исус го открил своето гледиште за спасението, биле вклучени фарисеите — угледна религиозна секта на јудаизмот. Фарисеите имале изградено еден систем на обожавање и верувале дека тој има Божје одобрување. Но, слушни ги Исусовите зборови до фарисеите: „Лицемери! Добро пророкуваше Исаија за вас велејќи: Овие луѓе ми се приближуваат со своите усти и ме почитуваат со своите усни; а нивното срце стои далеку од мене. Но залудно ме почитуваат учејќи науки и заповеди човечки“ (Матеј 15:7—9, Даничић—Караџић).

Како е со многуте религиозни групи денес кои тврдат дека веруваат во Христа? Дали Исус би ги поддржал сите нив како признати патишта за постигнување спасение? Не мораме да погодуваме во овој поглед, бидејќи Исус јасно рекол: „Не секој што Ми вели: ‚Господи, Господи‘, ќе влезе во царството небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен. Мнозина ќе ми речат во оној ден: ‚Господи, Господи, не во Твое ли име пророкувавме? И зар во Твое име бесови не изгонувавме? И не во Твое ли име многу чуда правевме?‘ И тогаш Јас ќе им кажам: ‚Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски дела!‘ “ (Матеј 7:21—23).

Точното спознание за Исус е битно за спасение

Овие Исусови зборови имаат отрезнувачки импликации. Тие покажуваат дека мнозина оддадени луѓе пропуштаат да ‚ја исполнуваат волјата на Отецот‘. Тогаш, како може некој да постигне вистинско спасение? Прво Тимотеј 2:3, 4 (НС) одговара: „[Божја] волја е сите видови луѓе да бидат спасени и да дојдат до точно спознание на вистината“. (Спореди Колосјаните 1:9, 10, НС.)

Таквото спознание е пресудно за постигнување спасение. Кога еден римски темничар го прашал апостол Павле и неговиот придружник Сила: „Што треба да направам, па да се спасам?“ тие одговориле: „Поверувај во Господа Исуса Христа, и ќе се спасиш ти и целиот твој дом“ (Дела 16:30, 31). Дали тоа значело дека сѐ што требало да сторат темничарот и неговото семејство било да имаат извесно чувство во своите срца? Не, како прво, тие не можеле вистински да ‚веруваат во Господа Исуса‘ доколку немале некакво разбирање за тоа кој бил Исус, што правел и што поучувал.

На пример, Исус поучувал за воспоставувањето на една небесна влада — „царството Божјо“ (Лука 4:43). Исто така, изложил начела за христијанскиот морал и однесување (Матеј, поглавја 5—7). Ја истакнал позицијата што би ја зазеле неговите ученици кога се работело за политичките работи (Јован 15:19). Воспоставил една глобална програма за поучување и им дал налог на своите следбеници да учествуваат во неа (Матеј 24:14; Дела 1:8). Да, да се ‚верува во Исуса‘ значело да се разберат многу работи! Затоа, не е ни чудо што Павле и Сила ‚му го проповедале словото Господово [на темничарот] и на сите што биле со него во куќата‘ пред овие нови верници да бидат крстени (Дела 16:32, 33).

Точното спознание за Бог исто така е битно

Еден неопходен дел од вистинското верување во Исус го вклучува обожавањето на Богот кого го обожава самиот Исус. Исус се молел: „А животот вечен е тоа, да Те познаат [да примаат спознание за, НС] Тебе, Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе, Исуса Христа“ (Јован 17:3).

За време на својата земна служба, Божјиот Син секогаш го насочувал вниманието кон својот Татко, а не кон себеси. Никогаш не тврдел дека е Семоќен Бог (Јован 12:49, 50). Во бројни прилики, Исус ја објаснувал својата положба во Божјето уредување со тоа што наведувал дека му е потчинет на својот Татко (Лука 22:41, 42; Јован 5:19). Па, Исус објавил: „Мојот Отец е поголем од Мене“ (Јован 14:28). Дали твојата црква те поучила за вистинскиот однос меѓу Бог и Христос? Или, пак, си бил наведен да веруваш дека самиот Исус е Семоќен Бог? Твоето спасение зависи од тоа дали го имаш исправното разбирање.

Во Господовата молитва, Исус ги поттикнал своите ученици да се молат: „Да се свети името Твое“ (Матеј 6:9). Повеќето преводи на Библијата го замаглиле Божјето име, преведувајќи го со „Господ“. Но, во древните примероци на „Стариот завет“, Божјето име се појавувало преку шест илјади пати! Така, Осија 12:5 гласи: „А Господ е Бог Саваот; Јехова е името Негово“. Дали ти си бил поучен да го користиш Божјето име, Јехова? Ако не, твоето спасение е во опасност, зашто „секој, кој го повикува Јеховиното име, ќе биде спасен“ (Дела 2:21, НС; спореди Јоил 2:32).

Со дух и вистина

Исус Христос го насочил вниманието и на Божјата Реч, Библијата. Кога го изложувал Божјето гледиште за извесни работи, тој честопати би рекол: „Напишано е“ (Матеј 4:4, 7, 10; 11:10; 21:13). Ноќта пред да умре, во врска со своите ученици, Исус се молел: „Освети ги со Својата вистина. Твоето слово е вистина“ (Јован 17:17).

Според тоа, да се има разбирање за учењата на Божјата Реч, Библијата, е уште еден услов за спасение (2. Тимотеј 3:16). Само Библијата одговара на такви прашања како што се: Какво е значењето на животот? Зошто Бог допуштил злобата да трае толку долго? Што се случува со едно лице кога ќе умре? Дали Бог навистина ги мачи луѓето во огнен пекол? Каква е Божјата намера со Земјата?a Човек не може да го обожава Бог на исправен начин без исправно разбирање на овие спорни прашања, бидејќи Исус рекол: „Вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот со дух и вистина“ (Јован 4:23).

Верата поттикнува на дела

Спасението вклучува повеќе отколку само стекнување информации. Во едно приемчиво срце, точното спознание за Бог раѓа вера (Римјаните 10:10, 17; Евреите 11:6). Таквата вера поттикнува на дела. На пример, Библијата опоменува: „Покајте се, пак, и обратете се, за да се очистите од гревовите ваши, за да дојдат времиња за освежување од лицето Господово“ (Дела 3:19, 20а).

Да, спасението исто така вклучува да се приспособиме на Божјите мерила за однесување и морал. Под преобразувачкото влијание на Божјата Реч, доживотните навики на лажење и измама им отстапуваат место на чесноста и вистинитоста (Тит 2:10). Неморалните постапки, како што е хомосексуалност, прељуба и блуд, се отфрлаат и се заменуваат со чисто морално однесување (1. Коринтјаните 6:9—11). Тоа не е некакво привремено воздржување темелено на емоции, туку трајна промена која произлегува од грижливо проучување и применување на Божјата Реч (Ефесјаните 4:22—24).

Со текот на времето, љубовта и ценењето спрема Бог го поттикнуваат лицето со чесно срце да направи потполно предание на Бог и тоа да го симболизира со крштавање во вода (Матеј 28:19, 20; Римјаните 12:1). Крстените христијани се спасени во Божји очи (1. Петрово 3:21). Во текот на претстојното уништување на овој зол свет, Бог ќе ги спаси потполно со тоа што ќе ги сочува преку таа неволја (Откровение 7:9, 14).

Што може спасението да значи за тебе

Од оваа кратка дискусија е јасно дека постигнувањето спасение вклучува повеќе отколку само ‚да се има Господ Исус во своето срце‘. Тоа значи да се прима точно спознание за Јехова Бог и за Исус Христос и да се прават потребните промени во својот живот. Правењето на овие работи може да звучи застрашувачки, но Јеховините сведоци се спремни да ти помогнат во ова настојување. Со помош на една бесплатна домашна библиска студија, тие можат да ти помогнат да почнеш да одиш по патеката до вистинско спасение.b

Со оглед на близината на Божјиот претстоен ден на судење, да го правиш тоа е поитно од кога и да било порано! Сега е време да се внимава на зборовите од пророкот: „Додека не настапил денот на јароста Господова. Побарајте го Господа, сите смирени на земјата, вие што ги извршувате законите Негови; побарајте ја правдата, побарајте го смирението; можеби ќе се сокриете во денот на гневот Господов“ (Софонија 2:2, 3).

[Фусноти]

a За дискусија околу овие теми, молиме види Спознание кое води до вечен живот, издадено од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

b Ако би сакал домашна библиска студија, те молиме контактирај со локалното собрание на Јеховините сведоци. Или, пак, можеш да пишеш до издавачите на ова списание.

[Рамка на страница 6]

Спасението произлегува од...

◻ Стекнувањето точно спознание за Бог и за Исус (Јован 17:3, НС).

◻ Практикувањето вера (Римјаните 10:17; Евреите 11:6).

◻ Покајувањето и преобраќањето (Дела 3:19; Ефесјаните 4:22—24).

◻ Преданието и крштавањето (Матеј 16:24; 28:19, 20).

◻ Продолжувањето да се дава јавна изјава (Матеј 24:14; Римјаните 10:10).

[Слики на страница 7]

Проучувањето на Библијата, применувањето на наученото, преданието и крштавањето се чекори кои водат до спасение

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели