ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/11 стр. 8-13
  • Христијаните и светот на човештвото

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Христијаните и светот на човештвото
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Исусовиот пример
  • Павловиот став спрема луѓето „однадвор“
  • Да им се помогне на нееврејските верници
  • Проповедање меѓу „неверници“
  • Обид да се спасат „сите видови луѓе“ денес
  • Првите христијани и грчката култура
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Библиски превод кој го промени светот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Напредувај духовно следејќи го примерот на Павле
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Како гледаш на луѓето на твоето подрачје?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/11 стр. 8-13

Христијаните и светот на човештвото

„Спрема надворешните однесувајте се благоразумно [во мудрост, НС]“ (КОЛОСЈАНИТЕ 4:5).

1. Што рекол Исус во врска со своите следбеници и светот?

ВО ЕДНА молитва до својот небесен Татко, за своите следбеници Исус рекол: „Светот ги замрази, зашто тие не се [дел, НС] од светот, како и Јас што не сум [дел, НС] од него“. Потоа додал: „Не се молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од злото [злобниот, НС]“ (Јован 17:14, 15). Христијаните не требало да бидат одвоени од светот во физички поглед — на пример, преку одделување во манастири. Наместо тоа, Христос ,ги пратил во светот‘ за да бидат негови сведоци „дури до крајот на земјата“ (Јован 17:18; Дела 1:8). Сепак, тој го замолил Бог да бдее над нив, бидејќи Сатана, „кнезот на овој свет“, би подбуцнал омраза против нив поради Христовото име (Јован 12:31; Матеј 24:9).

2. а) На кој начин Библијата го користи зборот „свет“? б) Кој урамнотежен став го покажува Јехова спрема светот?

2 Во Библијата, зборот „свет“ (грчки ко́смос) честопати означува неправедно човечко општество, кое „лежи во власта на злобниот“ (1. Јованово 5:19, НС). Поради тоа што христијаните се потчинуваат на Јеховините мерила и исто така внимаваат на заповедта да му ја проповедаат на светот добрата вест за Божјето Царство, понекогаш помеѓу нив и светот постоел напнат однос (2. Тимотеј 3:12; 1. Јованово 3:1, 13). Меѓутоа, ко́смос во Писмото се користи и како осврнување на човечкото семејство воопшто. Зборувајќи за светот во оваа смисла, Исус рекол: „Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има вечен живот. Оти Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него“ (Јован 3:16, 17; 2. Коринтјаните 5:19; 1. Јованово 4:14). Според тоа, иако ги мрази работите кои го карактеризираат Сатановиот зол систем, Јехова ја покажал својата љубов кон човештвото со тоа што го испратил својот Син на Земјата за да ги спаси сите оние кои би ,се обрнале кон покајание‘ (2. Петрово 3:9; Изреки 6:16—19). Јеховиниот урамнотежен став спрема светот треба да ги води неговите обожаватели.

Исусовиот пример

3, 4. а) Кој став го усвоил Исус во поглед на владетелството? б) Како гледал Исус на светот на човештвото?

3 Кратко пред својата смрт, Исус му рекол на Понтиј Пилат: „Моето царство не е [дел, НС] од овој свет“ (Јован 18:36). Во склад со овие зборови, Исус уште порано ја имал отфрлено Сатановата понуда да му даде власт над царствата на светот и одбил да им дозволи на Евреите да го направат цар (Лука 4:5—8; Јован 6:14, 15). Па сепак, Исус покажал огромна љубов кон светот на човештвото. Пример за ова известил апостол Матеј: „А штом виде многу народ, се сожали, зашто беа изморени и прснати како овци без пастир“. Од љубов, тој им проповедал на луѓето по нивните градови и села. Ги поучувал и ги лечел нивните немоќи (Матеј 9:36). Бил чувствителен и за физичките потреби на оние кои доаѓале за да учат од него. Читаме: „А Исус, кога ги повика учениците Свои, рече: ,Жал ми е за луѓето, оти три дена веќе стојат при Мене и немаат што да јадат; да ги распуштам гладни, не би сакал, за да не премалеат по патот‘“ (Матеј 15:32). Каква само грижа полна со љубов!

4 Евреите имале силни предрасуди спрема Самарјаните, но Исус ѝ зборувал надолго и нашироко на една Самарјанка и поминал два дена давајќи темелно сведоштво во еден самарјански град (Јован 4:5—42). Иако Бог го испратил кај „загубените овци на домот Израилев“, Исус повремено се оѕвивал на изразите на вера од страна на други не-Евреи (Матеј 8:5—13; 15:21—28). Да, Исус покажал дека е можно да не се биде ,дел од светот‘ и истовремено да се покажува љубов кон светот на човештвото, кон луѓето. Дали ние на сличен начин покажуваме сожалување спрема луѓето каде што живееме, работиме или пазариме? Дали покажуваме грижа за нивната благосостојба — не само за нивните духовни потреби туку и за другите потреби, доколку е во разумни граници на нашата моќ да помогнеме? Исус го правел тоа, со што го отворил патот да ги поучува луѓето за Царството. Вистина, ние не можеме да правиме дословни чуда како што правел Исус. Но, еден чин на љубезност честопати, така да се рече, прави чуда во кршењето на предрасудите.

Павловиот став спрема луѓето „однадвор“

5, 6. Како се справил апостол Павле со Евреите кои биле „однадвор“?

5 Во повеќето свои писма, апостол Павле се осврнал на „надворешните“ или на луѓето „однадвор“, што значи нехристијаните, било Евреи или не-Евреи (1. Коринтјаните 5:12; 1. Солунјаните 4:12; 1. Тимотеј 3:7, НС). Како се справувал тој со таквите? ,За сите станал сѐ та по каков и да било начин да спаси некого‘ (1. Коринтјаните 9:20—22). Кога ќе пристигнел во некој град, неговиот образец на проповедање бил прво да оди кај Евреите кои биле населени таму. Каков бил неговиот пристап? Тактично и со респект понудувал убедливи библиски докази дека Месијата дошол, дека умрел со жртвена смрт и дека бил воскреснат (Дела 13:5, 14—16, 43; 17:1—3, 10).

6 На овој начин, Павле градел врз спознанието на Евреите за Законот и за пророците за да ги поучи за Месијата и за Божјето Царство. И успеал да убеди некои (Дела 14:1; 17:4). И покрај противењето од страна на еврејските водачи, Павле покажал срдечни чувства спрема со-Евреите кога напишал: „Браќа, желбата на моето срце и на мојата молитва кон Бога е да се спаси Израилот. Јас им сведочам дека тие имаат ревност за Бога, но не по разумот [не според точно спознание, НС]“ (Римјаните 10:1, 2).

Да им се помогне на нееврејските верници

7. Како се оѕвале многу прозелити на добрата вест што ја проповедал Павле?

7 Прозелитите биле не-Евреи кои станале обрежани практикувачи на јудаизмот. Очигледно, имало прозелитски Евреи во Рим, Сириска Антиохија, Етиопија и во Антиохија Писидиска — всушност, ширум еврејската дијаспора (Дела 2:8—10; 6:5; 8:27; 13:14, 43; спореди Матеј 23:15). За разлика од многу еврејски владетели, прозелитите веројатно не биле надуени и не можеле горделиво да се фалат дека се потомство од Авраам (Матеј 3:9; Јован 8:33). Наместо тоа, ги отфрлиле паганските богови и понизно се свртеле кон Јехова, здобивајќи се со некакво спознание за него и неговите закони. И ја делеле еврејската надеж во иден Месија. Со тоа што веќе покажале спремност да се менуваат во својата потрага по вистината, многу од нив биле спремни да прават повеќе промени и да се оѕвијат на проповедањето на апостол Павле (Дела 13:42, 43). Кога некој прозелит кој некогаш обожавал пагански идолски богови ќе се преобрател на христијанство, тој на единствен начин бил опремен да им сведочи на другите не-Евреи кои сѐ уште ги обожавале тие богови.

8, 9. а) Освен прозелитите, која друга класа не-Евреи била привлечена кон еврејската религија? б) На кој начин многу необрежани богобојазливи лица се оѕвале на добрата вест?

8 Освен обрежаните прозелити, и други не-Евреи биле привлечени кон еврејската религија. Прв од овие кој станал христијанин бил Корнилиј, кој иако не бил прозелит, бил „маж благочестив и богобојазлив“ (Дела 10:2). Во својот коментар кон Дела, професорот Ф. Ф. Брус напишал: „Таквите не-Евреи општо се наречени ,богобојазливи‘; иако не е технички термин, тоа е згоден термин за користење. Многу не-Евреи од тие денови, иако не биле подготвени да станат потполни преобратеници на јудаизмот (барањето за обрежување претставувало посебен камен на сопнување за мажите), биле привлечени од едноставниот монотеизам на еврејското обожавање во синагога, како и од етичките мерила на еврејскиот начин на живот. Некои од нив присуствувале во синагогата и станале прилично упатени во молитвите и часовите по Библијата што ги слушале како се читаат од грчката верзија“.

9 Апостол Павле се сретнал со многу богобојазливи лица кога проповедал во синагогите во Мала Азија и Грција. Во Писидиска Антиохија, на оние кои се собрале во синагогата им се обратил како на „луѓе Израилци, и вие, што се боите од Бога“ (Дела 13:16, 26). Лука пишува дека откако Павле проповедал три саботи во синагогата во Солун, ,некои од нив [Евреите] поверувале [станале христијани] и се присоединиле кон Павла и Сила, — големо мнозинство богобојазливи Елини, а исто така и не малку видни жени‘ (Дела 17:4). Веројатно, некои од Грците биле необрежани богобојазливи лица. Постои доказ дека многу такви не-Евреи им се придружиле на еврејските заедници.

Проповедање меѓу „неверници“

10. Како им проповедал Павле на не-Евреите кои немале никакво познавање на Писмото, и со каков резултат?

10 Во Христијанските грчки списи зборот „неверници“ може да се однесува на луѓето, општо земено, надвор од христијанското собрание. Честопати, тоа се однесува на паганите (Римјаните 15:31; 1. Коринтјаните 14:22, 23; 2. Коринтјаните 4:4, НС; 6:14). Во Атина многу неверници биле образовани за грчката филозофија без никакво познавање на Писмото. Дали тоа го обесхрабрило Павла да им сведочи? Не. Меѓутоа, тој го прилагодил својот пристап. Вешто ги презентирал библиските идеи без директно да цитира од Хебрејските списи, кои им биле непознати на Атињаните. Умешно покажал сличност помеѓу библиската вистина и извесни мисли изразени од страна на древните стоички поети. И го презентирал концептот за еден вистинит Бог за сето човештво, Бог кој ќе суди во праведност преку еден човек кој умрел и бил воскреснат. На тој начин Павле тактично им проповедал на Атињаните за Христос. Каков бил резултатот? Иако мнозинството отворено му се исмејувало или, пак, било скептично, ,некои луѓе се присоединиле кон него и поверувале. Меѓу нив бил Дионисиј Ареопагит и една жена, по име Дамара, и други со нив‘ (Дела 17:18, 21—34).

11. Каков град бил Коринт, и каков бил резултатот од Павловата проповедничка активност таму?

11 Во Коринт имало една прилично голема општина од Евреи, па затоа Павле ја започнал својата служба таму проповедајќи во синагогата. Но, кога се покажало дека Евреите се противат, Павле отишол кај населението од не-Евреите (Дела 18:1—6). А какво само население! Коринт бил прометен, космополитски, комерцијален град, озлогласен ширум грчко-римскиот свет по своето распуштено живеење. Всушност, „да коринтијанизира“ значело да постапува неморално. Сепак, дури откако Евреите го отфрлиле Павловото проповедање, Христос му се појавил и рекол: „Не бој се, туку зборувај . . . бидејќи имам многу народ во овој град“ (Дела 18:9, 10). И навистина, Павле основал собрание во Коринт, иако некои од неговите членови претходно воделе „коринтски“ начин на живот (1. Коринтјаните 6:9—11).

Обид да се спасат „сите видови луѓе“ денес

12, 13. а) На кој начин нашето подрачје денес е слично на она од Павлово време? б) Каков став покажуваме на подрачјата каде што религиите на христијанскиот свет уште одамна се установени или каде што мнозина се разочарани од организираната религија?

12 Денес, како и во првиот век, ,Божјата благодат е спасителна за сите [видови, НС] луѓе‘ (Тит 2:11). Подрачјето за проповедање на добрата вест се раширило за да ги опфати сите континенти и повеќето морски острови. И, како во Павлово време, навистина се наидува на ,сите видови луѓе‘. На пример, некои од нас проповедаат во земји каде што црквите на христијанскиот свет се установени долги векови. Како Евреите од првиот век, нивните членови може да се силно врзани со религиозните традиции. Па сепак, радо ги бараме оние со добра состојба на срцето и градиме врз кое и да е спознание за Библијата што го имаат тие. Ние не разговараме со нив од високо или, пак, да ги презираме, дури и ако нивните религиозни водачи понекогаш ни се противат и нѐ прогонуваат. Наместо тоа, увидуваме дека некои меѓу нив може да имаат „ревност за Бога“ иако им недостига точно спознание. Како Исус и Павле, покажуваме искрена љубов кон луѓето и имаме горлива желба тие да се спасат (Римјаните 10:2).

13 Додека проповедаме, мнозина од нас среќаваат поединци кои се разочарани од организираната религија. Меѓутоа, тие може сѐ уште да се богобојазливи, да веруваат во Бог до некоја мерка и да се обидуваат да водат добар живот. Во оваа изопачена и сѐ побезбожна генерација, зарем не треба да се радуваме кога ќе сретнеме луѓе кои имаат некакво верување во Бог? И зарем не сме желни да ги упатиме кон еден облик на обожавање кој не е обележан со лицемерие и лажност? (Филипјаните 2:15).

14, 15. На кој начин едно огромно поле станало достапно за проповедање на добрата вест?

14 Во својата илустрација за мрежата, Исус претскажал дека ќе има големо подрачје за проповедничкото дело (Матеј 13:47—49). Објаснувајќи ја оваа илустрација, Стражарска кула од 15 јуни 1992 на страница 20 наведе: „Низ вековите, црквите на т. н. христијанство одиграле клучна улога во преведувањето, препишувањето и распространувањето на Божјата Реч. Црквите подоцна оформиле или поддржувале библиски друштва кои ја преведувале Библијата на јазиците на далечните земји. Исто така, испратиле медицински мисионери и учители кои правеле христијани ,за стомак и џеб‘ (луѓе кои станале христијани затоа што добивале храна или материјални средства). Тоа собрало огромно мноштво од непогодни риби кои го немале Божјето одобрување. Но, со тоа барем милиони нехристијани биле изложени на Библијата и на некаков облик на христијанство, иако расипано“.

15 Прозелитизирањето од страна на христијанскиот свет било особено делотворно во Јужна Америка, Африка и на некои морски острови. Во нашево време, на овие подрачја биле пронајдени мнозина кротки, и можеме да продолжиме да правиме многу добра доколку спрема таквите понизни луѓе имаме позитивен став полн со љубов, исто како што имал Павле спрема еврејските прозелити. Меѓу оние на кои им е потребна нашата помош се и милионите луѓе кои би можеле да бидат наречени „симпатизери“ на Јеховините сведоци. Ним секогаш им е драго да нѐ видат кога ќе ги посетиме. Некои ја проучувале Библијата со нас и присуствувале на нашите состаноци, особено на годишниот Меморијал на Христовата смрт. Зарем таквите не претставуваат едно огромно поле за проповедање на добрата вест за Царството?

16, 17. а) На какви типови луѓе им пристапуваме со добрата вест? б) На кој начин го имитираме Павле при проповедањето на различни типови луѓе?

16 Понатаму, што е со оние кои доаѓаат од култури вон христијанскиот свет — без разлика дали ги среќаваме во нивниот роден крај или, пак, се имигранти во западните земји? И што е со многуте милиони кои потполно ѝ свртеле грб на религијата, станувајќи атеисти или агностици? Освен тоа, што е со оние кои со еден скоро религиозен жар внимаваат на модерната филозофија или на поп-психологијата, објавувани во бројните книги за самопомош што се наоѓаат во книжарниците? Дали треба кој и да е од таквите луѓе да се избегнува и да се смета за непоправлив? Не, доколку го имитираме апостол Павле.

17 Кога проповедал во Атина, Павле не паднал во стапицата да дебатира за филозофија со своите слушатели. Сепак, го прилагодил своето резонирање на луѓето со кои се справувал, презентирајќи ги библиските вистини на еден јасен, логичен начин. На сличен начин, ние не мораме да станеме експерти по религиите или филозофиите на луѓето на кои им проповедаме. Меѓутоа, го прилагодуваме нашиот пристап за нашето сведочење да го направиме делотворно, и на тој начин да ,станеме сѐ за сите‘ (1. Коринтјаните 9:22). Пишувајќи им на христијаните во Колоси, Павле навел: „Спрема надворешните однесувајте се благоразумно, ползувајќи го времето! Зборот ваш секогаш да биде благодатен, зачинет со сол, за да знаете како треба на секого да му одговарате!“ (Колосјаните 4:5, 6).

18. Каква одговорност имаме, и што не треба никогаш да заборавиме?

18 Како Исус и апостол Павле, да покажуваме љубов кон луѓето од сите видови. Особено, да вложуваме голем напор за да ја споделуваме добрата вест за Царството со другите. Од друга страна, никогаш не заборави дека за своите ученици Исус рекол: „Тие не се [дел, НС] од светот“ (Јован 17:16). Што значи ова за нас, ќе биде разгледано понатаму во следната статија.

За повторување

◻ Опиши го Исусовиот урамнотежен став спрема светот.

◻ На кој начин апостол Павле им проповедал на Евреите и на прозелитите?

◻ Како Павле им приоѓал на богобојазливите лица и на неверниците?

◻ Како можеме да им бидеме „сѐ на сите [видови, НС] луѓе“ во нашата проповедничка активност?

[Слики на страница 10]

Со тоа што извршуваат дела на љубезност спрема своите ближни, христијаните честопати можат да ги скршат предрасудите

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели