ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 1/1 стр. 12-21
  • „Дали твоето срце е исправно со мене?“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Дали твоето срце е исправно со мене?“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Современиот Јуј и современиот Јонадав
  • Сѐ уште се проповеда со ревност
  • Да се остане цврст
  • Извонредна прослава на Меморијалот
  • „Од сите племиња . . . народи и јазици“
  • ‚Да се остане во колата‘
  • Јуј — ревносен слуга на вистинскиот Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Кој ќе го преживее „Јеховиниот ден“?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Сега е време да се преземе одлучен чекор
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Една злобна царица била казнета
    Поуки од Библијата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 1/1 стр. 12-21

„Дали твоето срце е исправно со мене?“

„Појди со мене и види како не поднесувам соперништво спрема Јехова“ (2. ЦАРСТВА 10:16, NW).

1, 2. а) Како религиозната ситуација во Израел станала од лоша полоша? б) Какви драматични промени требало да се случат во Израел во 905 пр. н. е.?

905 ГОДИНА пр. н. е. било време на голема промена во Израел. Скоро 100 години пред тоа, Јехова предизвикал обединетото царство Израел да биде поделено поради Соломоновото отпадништво (3. Царства 11:9—13). Со јужното царство, Јуда, потоа владеел Соломоновиот син Ровоам, додека северното царство, Израел, дошло под царот Јеровоам, еден Ефраимец. За жал, северното царство имало катастрофален почеток. Јеровоам не сакал неговите поданици да патуваат долу во јужното царство за да обожаваат во храмот, плашејќи се да не им дојде идеја да се вратат во Давидовиот дом. Затоа, во Израел поставил обожавање на теле и на тој начин воспоставил образец на идолопоклонство кое траело до некоја мера низ историјата на северното царство (3. Царства 12:26—33).

2 Работите се влошиле кога Ахав, син на Замвриј, станал цар. Неговата сопруга, Језавела, унапредувала обожавање на Ваал и ги убивала Јеховините пророци. И покрај отворените предупредувања од пророкот Илија, Ахав не сторил ништо за да ја запре. Меѓутоа, во 905 пр. н. е., Ахав бил мртов и владеел неговиот син, Јорам. Сега било време земјата да биде исчистена. Илииниот наследник, Јелисеј, го информирал воениот заповедник, Јуј, дека Јехова го помазал него за да биде следниот цар на Израел. Кој бил неговиот налог? Да го собори грешниот Ахавов дом и да ја одмазди крвта на пророците што била пролеана од Језавела! (4. Царства 9:1—10).

3, 4. Како покажал Јонадав дека неговото срце е ‚исправно со срцето на Јуј‘?

3 Послушен на Божјата заповед, Јуј дал да ја убијат злобната Језавела, и потоа фатил да го чисти Израел со тоа што го соборил Ахавовиот дом (4. Царства 9:15—10:14, 17). Потоа се сретнал со еден поддржувач. „Се сретна со Јехонадав, синот на Рехав, кој му доаѓаше во пресрет. Кога го благослови, му рече: ‚Дали твоето срце е исправно со мене, исто како што моето срце е со твоето срце?‘ На ова, Јехонадав рече: ‚Е‘. ‚Ако е, подај ми ја раката.‘ И тој му ја подаде раката. На тоа, тој го зеде кај себе во двоколката. Тогаш тој рече: ‚Појди со мене и види како не поднесувам соперништво спрема Јехова‘. И го пуштија да се вози со него во неговата двоколка“ (2. Царства 10:15, 16, NW).

4 Јонадав (или Јехонадав) не бил Израелец. Меѓутоа, во склад со неговото име (што значи „Јехова е спремен“, „Јехова е благороден“ или „Јехова е дарежлив“), тој бил обожавател на Јехова (Јеремија 35:6). Секако, тој имал необичен интерес да го види Јујовото ‚неподнесување соперништво спрема Јехова‘. Како го знаеме тоа? Па, неговиот состанок со помазаниот цар на Израел не бил случајност. Јонадав ‚му доаѓал во пресрет‘ и тоа во време кога Јуј веќе ги имал заклано Језавела и другите во Ахавовиот дом. Јонадав знаел што се случувало кога ја примил Јујовата покана да се качи во неговата двоколка. Тој бил недвосмислено на Јујовата — и на Јеховината — страна во овој конфликт меѓу лажното и вистинското обожавање.

Современиот Јуј и современиот Јонадав

5. а) Какви промени ќе се случат наскоро за сето човештво? б) Кој е Поголемиот Јуј, и кој го претставува него на Земјата?

5 Денес, работите наскоро ќе се променат толку радикално за целото човештво како што се промениле за Израел во 905 пр. н. е. Сега е близу времето кога Јехова ќе ја исчисти Земјата од сите лоши последици од Сатановото влијание, вклучувајќи ја и лажната религија. Кој е современиот Јуј? Никој друг туку Исус Христос, до кого се упатени пророчките зборови: „Препаши го на бедрото мечот Свој, о силнику; во Својата красота и убавина! И така украсен, поитај и царствувај заради вистината, кротоста и правдата“ (Псалм 44:3, 4). На Земјата, Исус е прикажан преку „Израилот Божји“, помазаните христијани кои „ги пазат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на [делото на сведочење за, NW] Исуса Христа“ (Галатјаните 6:16; Откровение 12:17). Од 1922 година, овие помазани Исусови браќа бестрашно предупредувале на Јеховините претстојни судски дела (Исаија 61:1, 2; Откровение 8:7—9:21; 16:2—21).

6. Кој излегол од народите за да ги поддржува помазаните христијани, и како тие, така да се рече, влегле во двоколката на Поголемиот Јуј?

6 Помазаните христијани не се сами. Исто како што Јонадав излегол за да го пресретне Јуј, многу од нациите излегле за да го поддржат Исус, Поголемиот Јуј, и неговите земни претставници — во нивниот став за вистинското обожавање (Захарија 8:23). Од Исус наречени „други овци“, во 1932 тие биле препознаени како современ еквивалент на Јонадав од старо време и биле повикани да ‚се качат на колата‘ на современиот Јуј (Јован 10:16). Како? Со тоа што ‚ги пазеле Божјите заповеди‘ и учествувале со помазаниците во „делото на сведочење за Исус“. Во денешно време, ова го вклучува проповедањето на добрата вест за Божјето воспоставено Царство под Исус како цар (Марко 13:10). Во 1935, овие „Јонадавци“ биле идентификувани како ‚големото мноштво‘ од Откровение 7:9—17.

7. На кој начин христијаните денес покажале дека нивното ‚срце сѐ уште е исправно‘ со Исусовото срце?

7 Од 1930-тите, големото мноштво и нивните помазани браќа храбро ја докажале својата поддршка на вистинското обожавање. Во извесни земји во Источна и во Западна Европа, на Далечниот Исток и во Африка, мнозина од нив умреле поради својата вера (Лука 9:23, 24). Во други земји, тие биле затворани, напаѓани од толпи или прогонувани на друг начин (2. Тимотеј 3:12). Какво само досие на вера оставиле тие! А Извештајот за 1997 службена година покажува дека тие сѐ уште се одлучни да му служат на Бог, без оглед на исходот. Нивното ‚срце сѐ уште е исправно‘ со Исусовото срце. Тоа беше покажано во текот на 1997, кога 5.599.931 објавител на Царството, од кои скоро сите „Јонадавци“, помина вкупно 1.179.735.841 час во делото на јавно сведочење за Исус.

Сѐ уште се проповеда со ревност

8. Како Јеховините сведоци ја покажуваат својата ревност за вистинското обожавање?

8 Јуј имал репутација дека својата бојна двоколка ја вози бесно — доказ за неговата ревност за да ја изврши својата задача (2. Царства 9:20, NW). Исус, Поголемиот Јуј, е опишан дека е ‚изеден од ревност‘ (Псалм 68:9). Затоа, не е за изненадување што вистинските христијани денес се познати по својата ревност. И во собранието и јавно, тие ‚[итно, NW] го проповедаат словото во погодно време и во невреме‘ (2. Тимотеј 4:2). Нивната ревност била особено очигледна во текот на раниот дел од 1997, откако една статија во Наша служба за Царството охрабри колку што е можно повеќемина да учествуваат во помошната пионерска служба. Во секоја земја беше поставена цел во бројот на помошни пионери. Каков беше одѕивот? Извонреден! Многу подружници го надминаа предвидениот број. Еквадор си постави за цел 4.000, но во март извести 6.936 помошни пионери. Јапонија извести вкупен број од 104.215 во текот на тие три месеци. Во Замбија целта беше 6.000, а во март известија 6.414 помошни пионери; во април 6.532 и во мај 7.695. Глобално, највисокиот број помошни и општи пионери заедно изнесуваше 1.110.251 — пораст од 34,2 отсто во однос на 1996! (Римјаните 10:10).

9. Освен делото од куќа до куќа, на кои други начини Јеховините сведоци ги наоѓаат луѓето за да им ја кажат добрата вест?

9 На старешините од Ефес, апостол Павле им рекол: „Не пропуштив ништо полезно да не ви кажам и да не ве поучам пред народот и по куќите“ (Дела 20:20). Јеховините сведоци денес го имитираат Павловиот пример и ревносно ја проповедаат добрата вест од куќа до куќа. Меѓутоа, може да не биде лесно да се најдат луѓето во нивните домови. Затоа, ‚верниот и разборит роб‘ ги охрабрува објавителите на Царството да им приоѓаат на луѓето на нивните работни места, на улиците, на плажите, во јавните паркови — секаде каде што можат да се најдат (Матеј 24:45—47, NW). Резултатите беа извонредни.

10, 11. На кој начин објавителите во две земји покажале добра иницијатива во пронаоѓање на заинтересираните со кои обично не може да се контактира дома?

10 Во Копенхаген (Данска), една мала група објавители сведочеше на улиците надвор од железничките станици. Од јануари до јуни, тие дадоа 4.733 списанија, имаа извонредни разговори и направија многу повторни посети. Повеќе објавители во таа земја воспоставија обиколки со списанија по дуќани. Еден град има голем пазар секој петок, со илјадници посетители. Затоа, собранието подготви редовно сведочење на пазарот. На едно подрачје, училиштата се посетувани со информативни пакетчиња што содржат публикации кои се особено прикладни за училишните наставници.

11 И на Хаваите беа направени напори да се достигнат оние кои не можат да се најдат дома. Посебните подрачја вклучуваат јавни подрачја (улици, паркови, паркиралишта и автобуски постојки), градски центри, шопинг центри и аеродроми, сведочење по телефон, во јавен превоз (проповедање во автобуси) и во универзитетски населби. Се води сметка да биде доделен точниот број Сведоци на секое подрачје и, оние кои се доделени, да се соодветно обучени. За добро организирани настојувања, слични на овие, се известува од многу земји. Како резултат од тоа, се контактира со заинтересирани луѓе кои веројатно никогаш не би биле пронајдени во службата од куќа до куќа.

Да се остане цврст

12, 13. а) Која тактика ја користел Сатана против Јеховините сведоци во текот на 1997? б) На кој начин лажната пропаганда се изјаловила во една земја?

12 Во 1997, во извесен број земји Јеховините сведоци беа жртви на злобна, лажна пропаганда, унапредувана со очигледна цел да се поведе потенцијална законска постапка против нив. Но, тие не се повлекоа! (Псалм 111:7, 8). Се сетија на молитвата од псалмистот: „Се зголеми неправдата од гордите врз мене, но јас од сѐ срце ќе ги пазам Твоите заповеди“ (Псалм 118:69). Таквиот лажлив публицитет е само доказ дека вистинските христијани се мразени, како што прорекол Исус (Матеј 24:9). А понекогаш, тој се изјаловуваше. Еден човек од Белгија прочитал една понижувачка статија за Јеховините сведоци во еден добро познат дневен весник. Шокиран од клеветничките забелешки, следната недела присуствувал на еден состанок во една Сала на Царството. Договорил да ја проучува Библијата со Сведоците и продолжил брзо да напредува. Претходно, овој човек бил член на една банда. Неговото проучување на Библијата му помогнало да го исчисти својот живот, нешто што било приметено од луѓето околу него. Секако, писателот на клеветничката статија не очекувал таков резултат!

13 Некои луѓе со искрени срца во Белгија проговориле против измамливата пропаганда. Меѓу нив бил еден поранешен премиер кој признал дека е исполнет со восхит за она што го постигнале Јеховините сведоци. А еден пратеник напишал: „Спротивно на инсинуациите што кружеа во извесни прилики, ми се чини дека [Јеховините сведоци] не претставуваат ни најмала опасност за институциите на државата. Тие се граѓани кои се мирољубиви, совесни и полни со почит спрема властите“. Навистина се мудри зборовите на апостол Петар: „Имајќи помеѓу себе добри односи среде незнабошците [задржете примерно однесување меѓу народите, NW], па тие, кога ве напаѓаат како злотворци, штом ќе ги видат вашите добри дела, да Го прослават Бога во денот на посетата“ (1. Петрово 2:12).

Извонредна прослава на Меморијалот

14. Кои биле некои возбудливи извештаи за присутноста на Меморијалот во 1997?

14 Прикладно е дека оние, кои сведочат за Исус, би требало да го сметаат Меморијалот на неговата смрт како врвна точка во нивната година. На 23 март 1997, 14.322.226 лица беа присутни за да го прослават настанот. Тоа беше преку 1.400.000 повеќе отколку во 1996 (Лука 22:14—20). Во многу земји, присутноста на Меморијалот далеку го надмина бројот на објавители на Царството, покажувајќи добри изгледи за иден пораст. На пример, на Хаити, во 1997 имаше најголем број од 10.621 објавител, додека на Меморијалот присуствуваа 67.259. Можеш да го погледнеш годишниот извештај на страниците 18 до 21 и да видиш колку други земји имаа сличен висок број на присутни во споредба со бројот на објавители.

15. Како нашите браќа во некои земји надминале сериозни проблеми за да го прослават Меморијалот?

15 За некои, присуствувањето на Меморијалот не беше лесно. Во Албанија имаше полициски час од 19.00 часот поради граѓанските немири. Во 115 мали групи ширум земјата, Меморијалот започна во 17.45 часот. Сонцето зајде во 18.08 часот, означувајќи го почетокот на 14 низан. Симболите беа подавани отприлика во 18.15 часот. Во повеќето случаи, заклучната молитва беше кажана до 18.30 часот, а оние кои присуствуваа, поитаа дома пред полицискиот час. Сепак, присутноста на Меморијалот беше 3.154, во споредба со најголемиот број објавители од 1.090. Во една африканска земја, граѓанските немири ја направија Салата на Царството непристапна, па така двајца старешини решија да се состанат во домот на еден трет старешина за да подготват да ја имаат прославата во помали групи. За да стигнат до куќата, двајцата старешини мораа да поминат еден канализациски ендек. Меѓутоа, во подрачјето имаше борба, а снајперистите пукаа во секого кој ќе се обидеше да го помине ендекот. Едниот старешина го претрча без инцидент. Вториот баш поминуваше кога чу истрел. Се фрли наземи и отползи на безбедно додека куршумите му свиреа над главата. Состанокот на старешините беше успешно одржан, а потребите на собранието беа згрижени.

„Од сите племиња . . . народи и јазици“

16. На кој начин класата на верниот и разборит роб средила добрата вест да се шири меѓу малите јазични групи?

16 Апостол Јован рекол дека големото мноштво ќе излезе „од сите племиња и колена, народи и јазици“ (Откровение 7:9). Затоа, Водечкото тело средува литературата да биде достапна на сѐ повеќе и повеќе јазици — вклучувајќи ги и оние што ги зборуваат оддалечени племиња и мали групи луѓе. На пример, во Мозамбик трактатот Живот во мирољубивиот нов свет беше објавен на пет додатни јазика. Во Никарагва, брошурата Радувај се на животот засекогаш на Земјата! беше направена достапна на јазикот мискито — првата публикација на Watch Tower Society на тој јазик. Многу Мискито Индијанци брошурата ја прифатиле со радост штом виделе нешто на нивниот сопствен јазик. Во 1997, Заедницата одобри литература на 25 додатни јазици и отпечати повеќе од една милијарда списанија.

17. На која јазична група ѝ било помогнато во Кореја, и на кој начин видеолентите многу му помогнале на овој слој од населението?

17 Во Кореја ѝ беше помогнато на една друга јазична група. Во 1997 беше одржан првиот конгрес на корејски јазик за глувонеми. Во Кореја има 15 собранија со јазик за глувонеми со 543 објавители, но на конгресот присуствуваа 1.174, а беше крстено 21 лице. За да им се помогне на глувите кои не можат лесно да ја разберат изговорената или пишаната реч, се произведуваат публикации на видеолента на 13 различни јазици за глувонеми. На тој начин, на глувите им се помага да ја „читаат“, па дури и да ја проучуваат добрата вест, со добри резултати. Во Соединетите Држави, порано беа потребни и до пет години за едно глуво лице да напредува до точка на крштавање. Сега, со извесен број видеофилмови што се расположливи на американски јазик за глувонеми, за некои од глувите тоа се намали на околу една година.

‚Да се остане во колата‘

18. Откако го сретнал Јонадав, што фатил Јуј да прави?

18 Во 905 пр. н. е., откако му се придружил Јонадав, Јуј фатил да го уништува лажното обожавање. Испратил покана до сите обожаватели на Ваал: „Свикајте празничен собор за Ваал“. Потоа испратил по целата земја за да се увери дека ниеден обожавател на Ваал не е изоставен. Додека толпите се слевале во храмот на лажниот бог, била поведена сметка таму да нема ниеден обожавател на Јехова. Најпосле, Јуј и неговата војска ги исекле обожавателите на Ваал. „Така го истреби Јуј Ваала од Израилската земја“ (4. Царства 10:20—28).

19. Со оглед на она што му претстои на човештвото, каков дух треба да покажуваме, и околу која задача треба да бидеме марливо окупирани?

19 Денес, баш претстои конечната пресуда над сета лажна религија. Под ангелско водство, христијаните му ја објавуваат добрата вест на сето човештво, охрабрувајќи го да се плаши од Бог и да се одвои од лажната религија (Откровение 14:6—8; 18:2, 4). Кротките се охрабрени да се подложат на Божјето Царство под Јеховиниот востоличен Цар, Исус Христос (Откровение 12:10). Во ова возбудливо време, не смееме да дозволиме нашата ревност да ослаби додека го застапуваме вистинското обожавање.

20. Што ќе бидеш одлучен да правиш во текот на 1998 службена година?

20 Еднаш, кога цар Давид бил под голем притисок, тој се молел: „Подготвено [Непоколебливо, NW] е срцето мое, Боже, спремно е срцето мое, ќе пеам и ќе свирам. Ќе Те славам, Господи, меѓу народите“ (Псалм 56:7, 9). И ние да бидеме непоколебливи. Во текот на 1997 службена година, и покрај многуте тешкотии, беше кренат гласен повик на фалба, на слава на Јехова Бог. Нека се чуе еден сличен, уште поголем повик во текот на текуштава службена година. И ова нека биде случај, без оглед на тоа што би можел Сатана да се обиде да стори за да нѐ обесхрабри или да ни се спротивстави. На тој начин, ќе покажеме дека нашето срце останува исправно со срцето на Поголемиот Јуј, Исус Христос, и со сета своја душа ќе се оѕвиеме на вдахновениот силен поттик: „Веселете се во Господа и радувајте се, праведници, радувајте се сите кои сте со чисти срца [исправни во срцето, NW]“ (Псалм 31:11).

Можеш ли да објасниш?

◻ Какви промени се случиле во Израел во 905 пр. н. е.?

◻ Кој е современиот Јуј, и на кој начин оние од ‚големото мноштво‘ покажале дека нивното ‚срце е исправно‘ со неговото срце?

◻ Кои податоци од годишниот извештај ја илустрираат ревноста што ја покажале Јеховините сведоци во текот на 1997 службена година?

◻ Кој дух ќе го покажуваме во текот на 1998 службена година, без оглед на тоа што би можел Сатана да стори против нас?

[Табела на страници 18-21]

ИЗВЕШТАЈ НА ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ ЗА 1997 СЛУЖБЕНА ГОДИНА

(Види во публикацијата)

[Слика на страница 15]

Извонредната присутност на Меморијалот покажува добар изглед за иден раст

[Слика на страница 16]

Како што Јонадав го поддржувал Јуј, така и ‚големото мноштво‘ денес го поддржува Поголемиот Јуј, Исус Христос, и неговите помазани браќа

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели