ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/3 стр. 10-11
  • Робови на луѓе или слуги на Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Робови на луѓе или слуги на Бог?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Опасности од следењето луѓе
  • Дали се Јеховините сведоци култ?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Христијаните и човечкото општество денес
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Дали Јеховините сведоци се американска секта?
    Најчесто поставувани прашања
  • Религиозна слобода — благослов или проклетство?
    Разбудете се! 1999
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/3 стр. 10-11

Робови на луѓе или слуги на Бог?

„ПОВЕЌЕ или помалку, Јеховините сведоци заслужуваат восхит.“ Така наведува германската книга Seher, Grübler, Enthusiasten (Визионери, обмислувачи, ентузијасти). Иако некако критизерски спрема Сведоците, таа признава: „Општо земено, тие водат беспрекорен живот на средната класа. Марливи се и совесни во својата работа, мирни граѓани се и чесни даночни обврзници. Се воздржуваат од претерано стремење по богатство . . . Нивната дисциплина на конгресите е пофална. Нивниот пожртвуван дух е рамен на која и да било друга религиозна група; во поглед на службата, ги надминуваат сите други. Но, она што ги возвишува над секоја друга христијанска црква и група во нашево време е апсолутно нескршливата одлучност со која повеќето од нив ги објавуваат нивните доктрини под секакви околности и наспроти секакви ризици“.a

И покрај таквата позитивна оцена, некои гласови се обидуваат да ги прикажат Јеховините сведоци во сосема поинаква светлина. Во повеќето земји ширум светот, Сведоците отворено ги извршуваат своите религиозни служби со децении без пречки. Милиони луѓе ги знаат, ги почитуваат и се согласуваат дека тие имаат право да ја практикуваат својата религија. Тогаш, зошто има некаква несигурност околу тоа кои се Јеховините сведоци?

Една причина за несигурноста можеби е тоа што во поново време извесен број други религиозни групи станаа вмешани во злоупотреба на деца, во масовни самоубиства и во терористички напади. Се разбира, ваквите абнормалности ги има насекаде, а не само меѓу оние кои се религиозни. Затоа, во врска со религијата, многу луѓе станале скептични, па дури и непријателски настроени.

Опасности од следењето луѓе

„Секта“ се дефинира како „група која се придржува за една карактеристична доктрина или за некој водач“. На сличен начин, оние кои припаѓаат на некој „култ“ имаат „голема оддаденост кон некое лице, идеја или работа“. Всушност, членовите на која и да е религиозна група кои строго се придржуваат за човечки водачи и нивните идеи, во опасност се да станат робови на луѓе. Еден цврст однос што е ориентиран кон некој водач може да доведе до нездрава емоционална и духовна зависност. Опасноста може да биде усложнета кога некое лице уште од детството е пораснато во секташка атмосфера.

На оние кои имаат такви грижи во врска со религијата, потребна им е доверлива информација. На некои можеби им е речено дека Сведоците припаѓаат на некоја религиозна организација која ги поробува своите членови, дека врши авторитативна контрола над нив, дека непотребно им ја ограничува слободата и дека ги исфрла од строј од општеството како целина.

Јеховините сведоци знаат дека овие грижи се неосновани. Затоа, те покануваат самиот да провериш. После едно внимателно разгледување, донеси свои сопствени заклучоци. Дали Сведоците се слуги на Бог, како што тврдат тие или, пак, навистина се робови на луѓе? Кој е изворот на нивната сила? Двете статии на страници 12—23 ќе дадат задоволувачки одговори на ваквите прашања.

[Фуснота]

a Оригиналното издание од 1950 не ја содржеше горнава изјава. Затоа, нејзиното појавување во ревидираното издание од 1982 открива еден тренд кон подобро разбирање на Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели