ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 1/5 стр. 5-7
  • Кој е Јехова?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој е Јехова?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Значењето на Неговото име
  • Јеховините предоминантни особини
  • Бог на сите нации
  • Користи од тоа да се познава Јехова
  • Јехова — кој е тој?
    Јехова — кој е тој?
  • Да се запознае Бог
    Задоволувачки живот — како да се постигне
  • Кој е вистинскиот Бог?
    Спознание кое води до вечен живот
  • Величај го Јехова како единствен вистински Бог
    Обожавај го единствениот вистински Бог
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 1/5 стр. 5-7

Кој е Јехова?

НА ЕДЕН од своите верни обожаватели, Јехова му рекол: „Не може човек да Го види лицето Мое и да остане жив“ (2. Мојсеева 33:20). „Бог е Дух“ и луѓето не можат да го видат со своите физички очи (Јован 4:24). Токму како што директното гледање во Сонцето напладне би било катастрофално за нашите очи, така би било опустошувачки ако го видиме огромниот Извор на енергија кој го создал не само нашето брилјантно Сонце туку и другите неброени сонца во универзумот.

За среќа, ние не треба да го видиме Бог за да дознаеме за него. Библијата го идентификува Оној кој го подготвил за нас тој прекрасен пакет, Земјата, и ја открива неговата личност. Затоа, се исплати да ја испитаме Библијата за да дознаеме за Таткото кој ни дал живот и кој нѐ снабдил со еден восхитувачки дом за да го уживаме тој живот.

Значењето на Неговото име

Сите имиња имаат значења, иако многумина денес можеби и не ги знаат. На пример, вообичаеното англиско име Дејвид доаѓа од хебрејскиот збор што значи „омилен“. Името на Творецот, Јехова, исто така има значење. Кое е тоа? Во оригиналниот библиски јазик, хебрејскиот, божественото име е напишано со четири букви ЈХВХ и во хебрејскиот дел од Библијата се појавува скоро 7.000 пати. Прифатено е дека божественото име значи „Тој предизвикува да настане“. Тоа подразбира дека Јехова мудро предизвикува да настане сѐ што му е потребно за да ги оствари своите намери. Тој е Творец, Судија, Спасител, Поддржувач на животот и затоа тој може да ги исполни своите намери. Згора на тоа, на хебрејски името Јехова се наоѓа во еден облик кој означува акција во процесот на остварување. Да, Јехова сѐ уште предизвикува да стане исполнувач на своите намери. Тој е жив Бог!

Јеховините предоминантни особини

Библијата го опишува Творецот како „Бог штедар и милостив, долготрпелив, многумилостив [обилен во срдечна љубезност, NW] и вистински! Кој ја чува правдата и покажува милост [срдечна љубезност, NW] на илјадници, Кој проштава беззаконија, неправди и гревови“ (2. Мојсеева 34:6, 7). Изразот „срдечна љубезност“ преведува еден многу значаен хебрејски збор. Тој означува љубезност која на начин полн со љубов се прилепува кон некој објект сѐ додека нејзината цел за тој објект не се реализира. Исто така, тој може да се преведе со „лојална љубов“. Јеховината љубезност на начин полн со љубов се прилепува кон неговите суштества и ја остварува неговата прекрасна намера. Зарем ти не би ја ценел длабоко таквата љубов од Оној кој ти дал живот?

Јехова е бавен на гнев и брз да ги прости нашите грешки. Блискоста со едно такво лице го радува срцето. Сепак, тоа не значи дека тој преминува преку неделото. Тој изјавил: „Јас, Господ, ја сакам правдата, го мразам грабежот со насилство“ (Исаија 61:8). Како Бог на правдата, тој нема засекогаш да ги толерира дрските грешници кои истрајуваат во својата злоба. На тој начин, можеме да бидеме сигурни дека во свое одредено време, Јехова ќе ги исправи неправдите во светот. Нема да им го сврти грбот на измачените.

Не е лесно да се задржи совршена рамнотежа меѓу љубовта и правдата. Доколку си родител, дали си увидел дека е тешко да одлучиш кога, како и до која мера да ги исправаш своите деца кога лошо се однесуваат? Урамнотежувањето на правдата со сожалувањето полно со љубов бара голема мудрост. Кога има работа со луѓето, Јехова ја покажува таа особина во изобилство (Римјаните 11:33—36). Навистина, мудроста на Творецот може да се види насекаде, на пример, во чудата на создавањето кои нѐ опкружуваат (Псалм 103:24; Изреки 3:19).

Меѓутоа, да се има мудрост не е доволно. За да ја оствари својата волја, Творецот мора да има и моќ, а Библијата открива дека тој е многу моќен: „Кренете ги очите свои кон висините небесни и погледнете, кој ги создал? Кој го пресметал бројот на војската нивна? Он сите нив ги нарекува по име: поради големата моќ и големата сила [изобилството на динамичка енергија, NW] во Него ништо не недостига“ (Исаија 40:26). Јехова ги извршува работите „со изобилството на динамичка енергија“. Зарем една таква особина не би те привлекла кон него?

Бог на сите нации

‚Но, зарем Јехова не е Богот на „Стариот завет“, Богот на древниот Израел?‘ можеби се прашуваш. Точно е дека Јехова им се открил на Израелците. Сепак, на темел на тоа што ја создал првата човечка двојка, Јехова е Богот „од Кого се именува секој род [семејство, NW] на небесата и на земјата“ (Ефесјаните 3:15). Доколку веруваш дека е исправно да ги почитуваш своите предци, зарем не би било соодветно да му се поклониш на Оној кој му дал живот на првиот човек, нашиот заеднички предок, во кој е коренот на сите родословија кои постојат на Земјата денес?

Творецот на човештвото не е тесноград. Точно, едно време тој имал посебен однос со нацијата Израел. Но и тогаш, тој ги раширил рацете кон сите кои го повикувале неговото име. Еден мудар цар на Израел, во молитва до Јехова рекол: „Ако и некој другородец, кој не е од Твојот народ Израилот, дојде од далечна земја заради Твоето име . . . чуј од небото . . . и направи сѐ, за што другородецот Те повика, та сите земни народи да го знаат Твоето име“ (3. Царства 8:41—43). До ден-денес, луѓето од сите нации можат да го запознаат Јехова и да имаат еден значаен однос со него. Но, како тоа влијае врз тебе?

Користи од тоа да се познава Јехова

Да се вратиме на илустрацијата од претходната статија — доколку си добил еден убаво спакуван пакет, ти се разбира би сакал да откриеш за што бил подарокот. Како треба да се користи и како да се води сметка за него? Слично, ние сакаме да знаеме што имал Бог на ум кога ја подготвил Земјата за нас. Библијата вели дека тој ‚не ненадејно ја создал; Он ја создал за живеење [да биде населена, NW]‘, и тоа од луѓето (Исаија 45:18).

Но, повеќето луѓе не се грижат за подарокот од Творецот. Тие се во тек на упропастување на Земјата, на големо Јеховино незадоволство. Сепак, верно на она што симболизира неговото име, Јехова е одлучен да ја исполни својата првобитна намера за човекот и за Земјата (Псалм 113:24; Откровение 11:18). Тој ќе ја поправи Земјата и ќе им ја даде како наследство на оние кои се волни да живеат како негови послушни деца (Матеј 5:5).

Последната книга од Библијата опишува какви ќе бидат работите кога ќе се случува тоа: „Ете ја скинијата на Бога меѓу луѓето, и Он ќе живее со нив; тие ќе бидат Негов народ . . . И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина“ (Откровение 21:3, 4). Тогаш никој нема да лее солзи од тага или да тажи поради загубата на некој сакан. Никој нема да вика за помош во очај или да ја поднесува болката од смртоносните болести. Дури и ‚смртта ќе биде уништена‘ (1. Коринтјаните 15:26; Исаија 25:8; 33:24). Ова опишува каков живот сакал Јехова да уживаме уште во почетокот кога ги создал нашите први предци.

Навистина, ти можеш да имаш претпремиера за таквите рајски околности сега меѓу Јеховините обожаватели. Тој им кажува: „Јас сум Господ, Бог твој, Кој те учи на добро, Кој те води по оној пат, по кој треба да одиш“ (Исаија 48:17). Јехова е љубезен Татко кој нѐ поучува нас, неговите деца, за најдобриот начин на живот. Неговите упатства за луѓето обезбедуваат, не претерано ограничување, туку заштита полна со љубов. Ако ги следиме нив, тоа ќе има за резултат вистинска слобода и среќа, токму како што е напишано: „Господ е Дух; а каде што е Духот Господов, таму има слобода“ (2. Коринтјаните 3:17). Следејќи ги упатствата кои се изложени во Библијата, оние кои го прифаќаат неговото владетелство сега доживуваат мир во умот што еден ден ќе проникнува во целиот свет на човештвото (Филипјаните 4:7).

Каков само добротворен Татко е Јехова! Дали си волен да научиш повеќе за Оној кој стои зад сите чуда на создавањето? За оние кои се волни, користите се непроценливи уште сега. А во иднина, благословите ќе бидат вечни.

[Слика на страница 5]

Божественото име напишано со четири хебрејски букви може да се види на ѕидовите во многу стари цркви

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели