ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/9 стр. 3-4
  • Дали си буден за нашите времиња?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали си буден за нашите времиња?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Соодветна акција спасува животи
  • Бегство од катаклизма предизвикана од човек
  • Обрнале внимание — си го спасиле животот
    Бдејте!
  • Крајно време е да се разбудиме!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Во сенката на заспаниот џин
    Разбудете се! 2007
  • Верата во пророштвата го спасува животот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/9 стр. 3-4

Дали си буден за нашите времиња?

ДА СЕ биде буден за опасноста може да значи живот или смрт. Ова може да се илустрира со она што се случи на два вулкански острови.

Мон Пеле, најсмртоносниот вулкан на 20 век, изби на 8 мај 1902, на карипскиот остров Мартиник. Ги усмрти речиси сите 30.000 жители на Сан Пјер, град во подножјето на вулканот.

Во јуни 1991, планината Пинатубо експлодира во веројатно најголемата ерупција на векот. Тоа се случи во едно густо населено подрачје на Филипините и предизвика смрт на 900 луѓе. Меѓутоа, овојпат два фактора помогнаа да се спасат илјадници животи: 1) будноста за опасноста и 2) спремноста да се постапува во склад со предупредувањата.

Соодветна акција спасува животи

Планината Пинатубо беше неактивна стотици години. Потоа, во април 1991, почна да покажува знаци на неизбежна ерупција. Од вулканскиот конус почнаа да избиваат пареа и сулфур диоксид. Локалните жители почувствуваа серија потреси на Земјата, а од планината почна да се издига една злокобна купола од стврдната лава. Научниците од филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија будно бдееја и со текот на времето ги уверија властите дека би било мудро да ги евакуираат 35.000-те жители од блиските градови и села.

Разбирливо е дека луѓето не се волни да бегаат од своите домови без причина, но воздржаноста беше надмината преку една видеопрезентација која живо ги прикажуваше опасностите од вулканската ерупција. Масовното бегање за малку ќе беше предоцна. После два дена, една силна експлозија исфрли 8 кубни километри пепел во атмосферата. Пороите од кал, т. е. лахарите, подоцна убија стотици луѓе. Меѓутоа, илјадници други веројатно беа поштедени бидејќи луѓето се освестија за опасноста и постапија во склад со предупредувањата.

Бегство од катаклизма предизвикана од човек

Во првиот век од нашата ера, христијаните кои живееле во Ерусалим исто така морале да одлучат дали да ги напуштат своите домови. Бегот од тој град во 66 н. е. ги спасил од уништувањето кое ги снашло другите жители и илјадниците Евреи кои дошле во Ерусалим на Пасхата во 70 н. е. Кога римските војски ја блокирале секоја можност за бегство, во тој град опколен со ѕидини се наоѓале над еден милион луѓе кои дошле за да ја одбележат Пасхата. Последица од гладот, од борбите за власт и од непопустливите бездушни напади на Римјаните била данок во смрт за повеќе од еден милион луѓе.

Катаклизмата која го задушила еврејскиот бунт против Рим не дошла ненајавена. Неколку децении пред тоа Исус Христос претскажал дека Ерусалим ќе биде опколен. Тој рекол: „Кога ќе го видите Ерусалим опколен од војски, знајте — дека се приближило неговото запустување. Тогаш, оние што се наоѓаат во Јудеја, нека бегаат во планините; и кои се во градот, да излезат од него; а кои се по околните места, нека не влегуваат во него“ (Лука 21:20, 21). Тие упатства биле јасни, а Исусовите следбеници сериозно внимавале на нив.

Евзебиј од Ќесарија, историчар од првиот век, известува дека христијаните од целата Јудеја постапиле според Исусовото предупредување. Кога Римјаните се повлекле од својата прва опсада на Ерусалим во 66 н. е., многу еврејски христијани заминале да живеат во нееврејскиот град Пела, во римската провинција Переја. Со тоа што биле будни за своите времиња и постапиле според Исусовото предупредување, тие го избегнале она што било опишано како „една од најужасните опсади во целата историја“.

Денес е потребна слична претпазливост. А потребна е и конкретна акција. Следната статија ќе објасни зошто.

[Извор на слика на страница 3]

Godo-Foto, West Stock

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели