ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 1/10 стр. 28-31
  • Продолжи духовно да напредуваш!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Продолжи духовно да напредуваш!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да се напредува преку лична студија
  • Потреба да му се приближиш на Бог
  • Да се развива присен однос со Јехова
  • Духовен напредок во твојата служба
  • Млади, продолжете духовно да напредувате по крштавањето
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Постави си цел да му служиш на Бог засекогаш
    Спознание кое води до вечен живот
  • Одете и понатаму по истата уредна рутина
    Нашата служба за Царството 1994
  • Дали Јеховините сведоци веруваат во Исус?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 1/10 стр. 28-31

Продолжи духовно да напредуваш!

Денот на нашето крштавање е денот на кој треба секогаш да се потсетуваме и длабоко да го цениме. На крајот на краиштата, тоа е денот на кој јавно изјавуваме дека сме извршиле предание за да му служиме на Бог.

ЗА МНОГУ поединци е потребен извонреден напор за да стигнат до тој степен — да прекинат со долготрајните лоши навики, да се ослободат од нездравото друштво и да ги променат длабоко вкоренетите обрасци на размислување и однесување.

Иако крштавањето е среќен и значаен настан во животот на еден христијанин, сепак тоа е само почеток. На крстените христијани во Јудеја, апостол Павле им рекол: „Да го оставиме почетокот на Христовото учење и да се стремиме кон совршенство [зрелост, NW]“ (Евреите 6:1). Да, сите христијани треба да ‚достигнат до единството во верата и во точното спознание на Синот Божји, до потполно возрасен човек, до мерата на растот која припаѓа на полнотата на Христос‘ (Ефесјаните 4:13, NW). Само ако напредуваме до степен на зрелост, можеме да бидеме вистински „стабилизирани во верата“ (Колосјаните 2:7, NW).

Во изминативе неколку години во христијанското собрание дојдоа стотици илјади новопредадени обожаватели. Можеби и ти си еден од нив. Исто како твоите браќа од првиот век, и ти не сакаш да останеш духовно доенче. Сакаш да растеш, да напредуваш! Но, како? И кои се некои од начините на кои можеш да постигнеш таков напредок?

Да се напредува преку лична студија

На христијаните во Филипи Павле им рекол: „За ова се молам и понатаму вашата љубов сѐ повеќе и повеќе да изобилува со точно спознание и со сета проникливост“ (Филипјаните 1:9, NW). Растењето во „точно спознание“ е пресудно за твојот духовен напредок. ‚Запознавањето на Јехова Бог и на Исус Христос‘ е процес што трае, а не нешто што престанува после крштавањето (Јован 17:3).

Една христијанска сестра, која ќе ја наречеме Александра, го сфатила тоа после десет години откако се крстила на 16-годишна возраст. Била одгледана во вистината и секогаш редовно присуствувала на христијанските состаноци и учествувала во делото на проповедање. Таа пишува: „Во изминативе неколку месеци сфатив дека нешто страшно не беше во ред со мене. Решив сериозно и чесно да се преиспитам себеси; што чувствувам за вистината и зошто сум сѐ уште во вистината“. Што открила? Таа продолжува: „Причините зошто сум во вистината ме вознемирија. Се сетив дека додека растев беа нагласувани состаноците и службата на теренот. Изгледаше небаре навиките за лична студија и молитва некако ќе си дојдат на свое место. Но, додека ја анализирав мојата ситуација, сфатив дека тоа не се случи“.

Апостол Павле сериозно опоменува: „До мерата до која сме напредувале, да одиме и понатаму уредно по истата рутина“ (Филипјаните 3:16, NW). Рутината може да го одреди правецот за движење нанапред. Пред да се крстиш, несомнено си имал седмична рутина на библиска студија со некој добро квалификуван учител. Додека растело твоето ценење, во оваа рутина си го вклучил претходното подготвување за лекцијата секоја седмица, барањето на наведените стихови во Библијата итн. Сега кога си крстен, дали продолжуваш да ‚одиш по истата рутина‘?

Ако не, можеби ќе треба да ги преиспиташ своите приоритети и ‚да се увериш во поважните работи‘ (Филипјаните 1:10, NW). За да одвоиме време за лично читање и проучување на Библијата во нашиот исполнет живот, потребно е самосовладување. Но, користите го прават таквиот напор исплатлив. Повторно разгледај го искуството на Александра. „Морам да кажам дека отприлика последниве 20 години опстојував во вистината само на тој начин што одев на состаноци и учествував во службата на теренот“, признава таа. Меѓутоа, продолжува: „Дојдов до заклучок дека иако овие работи се важни, тие сами по себе не можат да ме поддржат кога работите ќе тргнат наопаку. Сето тоа дојде до израз бидејќи практично немам навики за лично проучување, а моите молитви се нередовни и површни. Сега сфаќам дека морам да го преиначам моето размислување и да започнам со една програма на смисловна студија за да можам навистина да го запознаам Јехова и да почнам да го љубам, а и да го ценам она што ни го дал неговиот Син“.

Ако ти е потребна помош за да воспоставиш една здрава рутина за лична студија, на старешините и на другите зрели христијани во твоето собрание ќе им биде драго да ти помогнат. Освен тоа, извесен број корисни предлози има во статиите кои се појавуваат во изданијата на Стражарска кула од 1 мај 1995; 15 август 1993 и 1 септември 1986.

Потреба да му се приближиш на Бог

Друго подрачје на кое треба да настојуваш да напредуваш е твојот однос со Бог. Во некои случаи може дури да има силна потреба во тој поглед. Размисли за Антонио кој се крстил млад. „Јас бев првото дете од нашето семејство кое се крсти“, раскажува тој. „После моето крштавање, мајка ми срдечно ме прегрна. Никогаш не бев ја видел посреќна. Имаше толку многу радост, а јас се чувствував толку јак.“ Но, постоеше и друга страна на медалот. „Извесно време во нашето собрание не се крсти ниеден од младите“, продолжува Антонио. „Така станав многу горд на себеси. Бев горд на моите коментари и говори на состаноците. Стекнувањето фалба и одобрување од луѓето ми стана поважно од тоа да му донесам фалба на Јехова. Всушност, јас немав близок однос со него.“

Слично на Антонио, можеби некои извршиле предание повеќе од желба да им угодат на другите отколку од желба да му угодат на Јехова. Сепак, Бог очекува таквите да живеат според своето ветување дека ќе му служат. (Спореди Проповедник 5:3.) Но, честопати, ако немаат лична приврзаност кон Бог, ќе им биде тешко да го прават тоа. Антонио се сеќава: „Силната радост која ја имав при крштавањето беше краткотрајна. Неполна година откако се крстив, западнав во сериозно погрешно постапување и мораше да добијам укор од собраниските старешини. Повторливото лошо однесување доведе до тоа да ме исклучат од собранието. После шест години откако му се предадов на Јехова, бев уапсен и затворен заради убиство“.

Да се развива присен однос со Јехова

Без разлика на тоа каква е твојата ситуација, сите христијани можат да се оѕвијат на библиската покана: „Приближете се кон Бога, и Он ќе се приближи кон вас“ (Јаков 4:8). Несомнено ти си негувал извесна мера на блискост со Бог додека за првпат си ја проучувал Библијата. Си дознал дека Бог не е апстрактното божество кое се обожава во христијанскиот свет, туку личност со име — Јехова. Исто така, си дознал дека тој има привлечни особини, дека е „Бог штедар и милостив, долготрпелив, многумилостив и вистински“ (2. Мојсеева 34:6).

Меѓутоа, за да живееш според своето предание со цел да му служиш на Бог, ти мораш уште повеќе да му се приближиш! Како? Псалмистот се молел: „Покажи ми ги, Господи, патиштата Твои и научи ме да врвам по патеките Твои“ (Псалм 24:4). Личното проучување на Библијата и на публикациите на Заедницата можат да ти помогнат подобро да го запознаеш Јехова. Важно е и редовното обраќање преку искрена молитва. „Отворете го срцето ваше пред Него“, поттикнува псалмистот (Псалм 61:8). Додека го доживуваш исполнувањето на молитвите, ќе го осетиш личниот интерес што го има Бог за тебе. Тоа ќе ти помогне да се чувствуваш поблизок со него.

Испитите и проблемите претставуваат уште една прилика да му се приближиш на Бог. Можеби се соочуваш со предизвици и испити на верата како, на пример, болест, притисок на училиштето и на работното место или, пак, економски тешкотии. Можеби дури ти е тешка нормалната теократска рутина за учество во службата, присуството на состаноците или проучувањето на Библијата со своите деца. Немој сам да се соочуваш со тие проблеми! Преколнувај го Бог за помош, барајќи го неговото водство и упатство (Изреки 3:5, 6). Моли се за неговиот свет дух! (Лука 11:13). Додека ја доживуваш помошта од Бог полна со љубов, ќе му се приближиш уште повеќе. Како што тоа го изразил псалмистот, „вкусете и ќе видите, колку е благ Господ! Блажен е оној човек, кој на Него се надева!“ (Псалм 33:8).

А што е се Антонио? „Почнав да размислувам за времето кога имав толку многу духовни цели кои беа сосредоточени околу вршењето на Јеховината волја“, се сеќава тој. „Тоа беше болно. Но, низ сета таа болка и разочарување се сеќавав на Јеховината љубов. Помина извесно време пред да можам да му се помолам, но го сторив тоа и му го излеав срцето, молејќи го да ми прости. Исто така, почнав да ја читам Библијата и се изненадив од тоа колку имав заборавено и колку всушност малку знаев за Јехова.“ Иако Антонио сѐ уште има до истекувањето на затворската казна заради злосторството, тој добива помош од локалните Сведоци и на пат е духовно да се опорави. Антонио со благодарност вели: „Благодарение на Јехова и на неговата организација можев да ја соблечам старата личност и со секој нов ден настојувам да ја облечам новата. Сега, од најголема важност ми е мојот однос со Јехова“.

Духовен напредок во твојата служба

Исус Христос им заповедал на своите следбеници да бидат проповедници на ‚Евангелието за Царството‘ (Матеј 24:14). Како релативно нов објавител на добрата вест, можеби твоето искуство во службата е ограничено. Тогаш, како можеш духовно да напредуваш за ‚потполно да ја извршиш својата служба‘? (2. Тимотеј 4:5, NW).

Еден начин е да развиваш позитивен став. Научи да гледаш на проповедничкото дело како на „ризница“, на предност (2. Коринтјаните 4:7). Тоа е прилика да ја покажеме својата љубов, лојалност и интегритет кон Јехова. Исто така, тоа ни овозможува да ја покажеме нашата грижа кон ближниот. Несебичното давање на самите себе во тој поглед може да ни биде извор на вистинска среќа (Дела 20:35).

Самиот Исус имал позитивно гледиште кон делото на проповедање. Споделувањето на библиските вистини со другите му било како „храна“ (Јован 4:34). Затоа, неговата мотивација за помагањето на другите може најдобро да се резимира со неговите зборови: „Сакам“ (Матеј 8:3). Исус имал сожалување кон луѓето, особено кон оние кои биле „намачени и расеани“ (NW) од сатанскиот свет (Матеј 9:35, 36). Дали ти на сличен начин ‚сакаш‘ да им помагаш на оние кои се во духовна темнина и на кои им треба просветлување од Божјата Реч? Тогаш, ќе бидеш наведен да се оѕвиеш на Исусовата заповед: „Затоа одете и правете ученици од луѓето од сите народи“ (Матеј 28:19, NW). Навистина, ќе бидеш поттикнат да имаш целосно учество во ова дело онолку колку што ти дозволуваат здравјето и околностите.

Друг клуч за напредок е да имаш редовно учество во службата — секоја седмица доколку е возможно. Тоа може да ти помогне да ти се намалат грижата и стравот што би можеле да го спречат оној кој проповеда само повремено. Редовното учество во службата на теренот ќе ти користи и на други начини. Тоа ќе го зголеми твоето ценење за вистината, ќе ја храни твојата љубов кон Јехова и ближниот и ќе ти помогне да останеш сосредоточен на надежта за Царството.

Но, што ако твојата моментална ситуација во голема мера го ограничува твоето учество во делото на проповедање? Ако едноставно не се можни преиначувања, тогаш утеши се со сознанието дека на Бог му е угодно сѐ што ти можеш да сториш, сѐ додека ја вршиш службата со сета душа (Матеј 13:23). Можеби ќе можеш да напредуваш на други начини како, на пример, преку изострување на твоите проповеднички вештини. Во собранието, Теократската школа за служба и Состанокот за служба даваат многу добра обука во тој поглед. Секако, колку сме пооспособени во службата толку повеќе ќе уживаме во неа и ќе ги гледаме нејзините резултати.

Тогаш, јасно е дека духовниот напредок не смее да запре во денот кога некој ќе се крсти. Во врска со својата надеж да постигне бесмртен живот на небесата, апостол Павле напишал: „Браќа, јас не мислам дека сум го достигнал тоа; но едно правам: го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене, трчам кон целта — кон наградата на горното призвание од Бога во Исуса Христа. Ние, кои сме, пак, совршени, мислиме така; ако, пак, нешто инаку мислите, Бог и тоа ќе ви го открие“ (Филипјаните 3:13—15).

Да, сите христијани, без разлика на тоа дали нивната надеж е бесмртност на небесата или вечен живот во Рајот на Земјата, мора да се ‚стремат‘ — напрегајќи се, така да се каже, за да ја постигнат целта за живот! Твоето крштавање е еден убав старт, но тоа е само почеток. Стреми се и понатаму духовно да напредуваш. Преку состаноците и личната студија ‚биди потполно возрасен во моќта на разбирањето‘ (1. Коринтјаните 14:20, NW). Биди ‚во можност [умствено, NW] да разбереш . . . што е ширина и должина, што е длабочина и височина‘ на вистината (Ефесјаните 3:18). Напредокот кој го постигнуваш ќе ти помогне не само да задржиш радост и среќа сега туку и да добиеш сигурно место во Божјиот нов свет, каде што под владата на неговото небесно Царство ќе можеш вечно да напредуваш!

[Слика на страница 29]

Потребна е дисциплина за да се најде време за лична студија

[Слика на страница 31]

Позитивниот став може да ни помогне да најдеме радост во службата

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели