ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/11 стр. 3-4
  • Дали имаш ангел чувар?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали имаш ангел чувар?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Голем интерес за ангелите
  • Имаме ли свој ангел чувар?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Што се ангелите?
    Одговор на библиски прашања
  • Како ангелите можат да ти помогнат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Ангелите — „духови чија должност е да служат“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/11 стр. 3-4

Дали имаш ангел чувар?

ДАЛИ веруваш дека имаш ангел чувар? Многу луѓе мислат дека имаат. Во врска со тоа, за некоја жена од западна Канада се вели дека има еден специјален дар кој вклучува ангели. Таа тврди дека ако ѝ го кажеш името и презимето и ако ѝ дадеш 200 долари, ќе те доведе во контакт со твојот ангел чувар. Првин медитира, сосредоточувајќи се на пламенот на една свеќа, а потоа добива визија во која твојот ангел ѝ дава да ти пренесе порака. Како награда, жената ти дава скица за тоа како изгледа твојот ангел.

Ова за некои може да изгледа исто како сказната за францускиот крал Луј IX. Наводно тој купил многу скапи пердуви за кои се вели дека паднале од крилата на архангелот Михаил. Иако многумина се сомневаат во таа приказна, тие ни за момент не би се посомневале во тврдењата на Канаѓанката.

Голем интерес за ангелите

Во последниве години постои огромен интерес за ангелите. На телевизијата и во филмовите, книгите, списанијата и билтените ни се кажува за ангели кои ги утешуваат оние кои се сериозно болни, ги тешат ужалените, даваат мудрост и истргнуваат поединци од смрт. Околу 20 милиони гледачи во Соединетите Држави гледаат седмични телевизиски серии кои прикажуваат ангелска интервенција во животите на луѓето. Една книжарница набројува над 400 книги кои се сосредоточуваат на ангелите.

Една понова книга раскажува искуства за тоа како ангели чувари им ги спасиле животите на војници кои биле во борба. На некои налепници на автомобилските браници стои дека возачите ги штитат ангели чувари. Проучувањето на ангелите го унапредуваат различни организации, конференции и семинари, и за нив се вели дека тие им помагаат на луѓето да комуницираат со ангелите.

Ајлин Фримен е писателка на три книги за ангелите и е издавач на еден журнал кој им е посветен исклучително ним. Таа тврди: „Верувам дека за секој ангел на небото има еден ангел чувар на Земјата — битие чии должности не се само да го фалат Бог во небесната сфера туку и вистински да се грижат за човечките битија и за другите облици на живот на Земјата. Уште од зачнувањето, на секого од нас му е доделен по еден ангел чувар кој бдее над нас во текот на нашиот раст во материцата, при нашето раѓање, во текот на нашиот живот во овој свет, па сѐ додека ангелот не нѐ одведе до границите на овој свет, во славата на небото“. Ова е еден добар опис на популарното гледиште за ангелите чувари.

Во овие стресни и тешки времиња привлечно е да се верува дека имаме личен ангел чувар, чија должност е да нѐ заштитува. Но, што вели за тоа Божјата Реч, Библијата? Дали треба да се обидуваме да стапиме во контакт со ангели? Дали тие се грижат за нашите морални мерила и религиозни верувања? Каква помош можеме да очекуваме од нив? На овие прашања ќе биде одговорено во следната статија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели