ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w99 1/2 стр. 9-13
  • Големиот Грнчар и неговото дело

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Големиот Грнчар и неговото дело
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Грнчарот ја проширува својата работа
  • Каков сад ќе бидеш ти?
  • Обликувани да излеземе на крај со испитите
  • Да ги обликуваме нашите млади
  • Обликување за секого
  • Дозволи му на Јехова да те обликува
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Дали го цениш Јехова како наш Грнчар?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Нашата ризница во глинени садови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Нова програма за Посебниот собир
    Нашата служба за Царството 2007
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
w99 1/2 стр. 9-13

Големиот Грнчар и неговото дело

„[Стани] сад за почест [чесна цел, NW] . . . приготвен за секое добро дело“ (2. ТИМОТЕЈ 2:21).

1, 2. а) Како Божјето создавање на мажот и жената било извонредно дело? б) Со која цел Големиот Грнчар ги создал Адам и Ева?

ЈЕХОВА е Големиот Грнчар. Ремек-дело на неговото создавање бил нашиот прародител Адам. Библијата ни кажува: „Го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа“, односно „суштество што дише“ (1. Мојсеева 2:7, фуснота NW). Тоа прво човечко творештво било совршено, создадено според самиот Божји лик, доказ за Неговата божествена мудрост и љубов кон вистинската праведност и правда.

2 Користејќи материјал од реброто на Адам, Бог обликувал исто така дополнување и помошничка за човекот — жена. Беспрекорната убавина на Ева ги надминувала дури и најпривлечните од женскиот род денес (1. Мојсеева 2:21—23). Освен тоа, на првиот човечки пар им биле дадени тела и способности совршено дизајнирани за да го извршат својот доделен проект — да ја претворат оваа Земја во рај. Исто така, им била дадена способност да ја спроведат Божјата заповед која е наведена во 1. Мојсеева 1:28: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и овладајте ги рибите морски, и ѕверовите, и птиците, и сиот добиток, и со целата земја, и со сите животни што лазат по земјата“. На крај, оваа глобална градина требало да биде населена со милијарди среќни луѓе, обединети со онаа љубов која е „совршена врска на единството“ (Колосјаните 3:14, NW).

3. Како нашите прародители станале садови за срам, и со каков резултат?

3 За жал, нашите прародители намерно избрале да се побунат против авторитетот на својот Суверен Творец, Големиот Грнчар. Нивниот правец станал како оној што е опишан во Исаија 29:15, 16: „Тешко на оние што мислат да се сокријат во длабочината, за да го сокријат кроежот [советот, NW] од Господа, кои ги вршат делата свои во мрак и велат: ‚кој ќе нѐ види, и кој ќе нѐ дознае?‘ . . Можеме ли да го сметаме грнчарот за глина? Ќе каже ли делото за оној што го направил: тој не ме направи? И ќе каже ли направеното за мајсторот свој: тој не разбира?“ Нивната тврдоглавост им донела катастрофа — казна вечна смрт. Освен тоа, целиот човечки род кој потекнал од нив, наследил грев и смрт (Римјаните 5:12, 18). Убавината на творештвото на Големиот Грнчар станала многу нагрдена.

4. За каква чесна цел можеме да служиме?

4 Меѓутоа, дури и во сегашнава несовршена состојба, ние потомците на грешниот Адам можеме да го фалиме Јехова со зборовите од Псалм 138:14: „Те прославувам затоа што сум чудесно создаден. Прекрасни се Твоите дела; душата моја тоа добро го сознава“. Но, колку само е жалосно тоа што првобитната творба на Големиот Грнчар била толку ужасно нагрдена!

Грнчарот ја проширува својата работа

5. Како требало да се покаже вештината на Големиот Грнчар?

5 За среќа, вештината на нашиот Творец како Грнчар требало да се примени во многу поголема мера отколку само во обликувањето на неговото почетно создавање на човештвото. Апостол Павле ни кажува: „Ама ти, човеку, кој си, та спориш со Бога? Творението зар ќе му рече на својот мајстор: зошто си ме направил такво? Или, пак, грнчарот — нема ли право над глината, од едно и исто месиво да направи еден сад за честење [чесна употреба, NW], а друг за нечесна употреба?“ (Римјаните 9:20, 21).

6, 7. а) Како многумина денес избираат да бидат обликувани за нечесност? б) Како праведниците се обликувани за чесна употреба?

6 Да, дел од делото на Големиот Грнчар ќе биде обликувано за чесна употреба, а дел за нечесна. Оние кои избираат да одат заедно со светот, додека тој сѐ подлабоко пропаѓа во мочуриштето на безбожноста, се обликувани на начин кој ќе ги одбележи за уништување. Кога славниот Цар, Христос Исус, ќе дојде да суди, таквите нечесни садови ќе ги вклучуваат сите тврдоглави луѓе слични на кози кои, како што наведува Матеј 25:46, „ќе отидат во вечна мака [отсечување, NW]“. Но, „праведниците“ слични на овци, оние кои се обликувани за „чесна“ употреба, ќе наследат „живот вечен“.

7 Овие праведници понизно ќе се имаат подложено на божественото обликување. Тие дошле на Божјиот пат на живот. Го прифатиле советот, кој се наоѓа во 1. Тимотеј 6:17—19: „Ниту да се надеваат на непостојаното богатство, туку на живиот Бог, Кој ни дава за наслада сѐ во изобилие“. Тие се посветиле на ‚правење добро, богатење со добри дела, штедри и пристапливи, и по таков начин си собираат сокровиште — добра основа за иднината, за да постигнат живот вечен‘. Нив ги обликува божествената вистина и тие практикуваат цврста вера во Јеховината подготовка преку Христос Исус кој ‚се дал Себеси како [соодветен, NW] откуп‘ за да поправи сѐ што било изгубено преку Адамовиот грев (1. Тимотеј 2:6). Затоа, колку само спремно треба да се покориме на Павловиот совет да ‚се облечеме во новата личност која се обновува [обликува] по пат на точно спознание според сликата на Оној кој ја создал‘! (Колосјаните 3:10, NW).

Каков сад ќе бидеш ти?

8. а) Што одредува каков сад ќе стане некое лице? б) Кои два фактора оформуваат нечие обликување?

8 Што одредува каков сад ќе стане некое лице? Неговиот став и однесување. Тие се оформуваат најпрво преку желбите и склоностите на срцето. Мудриот цар Соломон рекол: „Срцето на земниот човек може да размислува за својот пат, но самиот Јехова ги управува неговите чекори“ (Изреки 16:9, NW). Второ, тие се оформуваат преку работите кои ги слушаат и гледаат, преку друштвата и искуствата. Тогаш, колку само е важно да внимаваме на советот: „Кој се состанува со мудри, мудар ќе биде; а кој другарува со безумни, глупав ќе биде“ (Изреки 13:21). Како што нѐ предупредува 2. Петрово 1:16 (NW), мораме да избегнуваме да ги следиме ‚уметнички измислените лажни приказни‘ или, според римокатоличката верзија на Нокс, „бајки на човековиот изум“. Тие би вклучувале многу од учењата и празниците на отпадничкиот христијански свет.

9. Како можеме поволно да се одѕвиеме на обликувањето од страна на Големиот Грнчар?

9 Тогаш, во зависност од нашиот одѕив, Бог може да нѐ обликува во правецот што ние сме го избрале. Можеме понизно пред Јехова да ја повториме молитвата на Давид: „Испитај ме, Боже, и познај го срцето мое; испитај ме и запознај ги патеките мои; и види дали сум на пат на беззаконија, и упати ме на вечен пат“ (Псалм 138:23, 24). Јехова се грижи да се проповеда пораката за Царството. Нашите срца со ценење се одѕвале на добрата вест и на неговото понатамошно водство. Преку својата организација тој ни пружа различни предности кои се поврзани со проповедањето на добрата вест; затоа да се држиме за нив и длабоко да ги цениме (Филипјаните 1:9—11).

10. Како треба да се напрегаме во следењето духовни програми?

10 Многу е важно да обрнуваме постојано внимание на Божјата Реч, да ја следиме програмата за секојдневно читање на Библијата и да ги направиме Писмото и Јеховината служба темел за дискусија во нашите семејства и со нашите пријатели. Програмата за утринско обожавање која се води на масата за појадок во секоја бетелска фамилија и мисионерска група на Јеховините сведоци, обично вклучува кратко читање на Библијата или на текуштиот Годишњак и тоа по една седмица наизменично. Дали твоето семејство би можело да има слична подготовка? Исто така, колкави само користи добиваме сите ние преку нашето дружење со христијанското собрание, на нашите состаноци каде што се собираме, а особено преку учеството во седмичната студија на Стражарска кула!

Обликувани да излеземе на крај со испитите

11, 12. а) Како можеме да го примениме советот на Јаков во врска со испитите во нашиот секојдневен живот? б) Како искуството на Јов нѐ охрабрува да го задржиме интегритетот?

11 Бог дозволува во нашиот секојдневен живот да настанат извесни ситуации од кои некои можеби ќе ни бидат тешки. Како треба да гледаме на нив? Како што советува Јаков 4:8, никогаш да не се огорчуваме, туку да се приближиме кон Бог, имајќи доверба во него со сето свое срце, уверени дека додека ‚се приближуваме кон Бог, и Он ќе се приближи кон нас‘. Точно, ќе мораме да поднесеме тешкотии и испитувања, но тие се допуштени за да придонесат за нашето обликување, со среќен исход. Јаков 1:2, 3 нѐ уверува: „Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, знаејќи дека испитувањето на вашата вера создава трпеливост“.

12 Исто така, Јаков вели: „Ниеден, кога е во искушение, да не вели: ‚Бог ме искушува‘, бидејќи Бог со зло не се искушува, и Он никого не искушува, но секого го искушува неговата похот, која го влече и мами“ (Јаков 1:13, 14). Нашите испити може да ги има многу и да бидат различни, но како што бил случајот со Јов, сите тие играат улога во нашето обликување. Колкава само голема увереност ни дава Писмото во Јаков 5:11: „Ете, блажени се оние што претрпеа. Сте чуле за трпението на Јов и узнавте каков крај му даде Господ, затоа што Господ е многумилостив и се смилува на него“. Како садови во рацете на Големиот Грнчар, да задржиме интегритет во секое време, со доверба во исходот слична на Јововата! (Јов 2:3, 9, 10; 27:5; 31:1—6; 42:12—15).

Да ги обликуваме нашите млади

13, 14. а) Кога треба родителите да почнат да ги обликуваат своите деца, и со кој конечен исход во изглед? б) Кои среќни резултати можеш да ги наведеш?

13 Родителите можат да учествуваат во обликувањето на своите млади уште од периодот на доење на децата. Какви само сјајни чувари на интегритетот можат да се покажат нашите млади! (2. Тимотеј 3:14, 15). Тоа било случај дури и тогаш кога испитите биле крајно тешки. Пред неколку години, кога прогонството во една африканска земја достигнало кулминација, едно семејство, достојно за доверба, се грижело за тајното печатење на Стражарска кула во една шупа во дворот зад куќата. Еден ден по улицата иделе војници кои оделе од куќа до куќа барајќи млади мажи за да ги регрутираат за војска. Сѐ уште имало време двете млади момчиња од семејството да се скријат, но во претресот што ќе произлезел од тоа војниците сигурно ќе ја откриеле машината за печатење. Тоа можело да доведе до тортура или можеби до убиство на целото семејство. Што можело да се стори? Двете момчиња отворено разговарале, смело наведувајќи го Јован 15:13: „Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели“. Тие инсистирале да останат во дневната соба. Војниците би ги нашле и несомнено ќе ги подложеле на сурова тортура, па дури и би ги убиле кога тие би одбиле да бидат регрутирани. Но, тогаш не би претресувале понатаму. Машината за печатење и другите членови на семејството би биле поштедени. Меѓутоа, исходот бил неверојатен. Војниците всушност ја прескокнале таа куќа и влегле во другите! Овие човечки садови обликувани за чесна употреба преживеале, заедно со машината за печатење, за да продолжат да издаваат навремена духовна храна. Едно од двете момчиња, заедно со својата сестра, сега служи во Бетел; тој сѐ уште ракува со старата машина.

14 Младите можат да бидат поучени како да се молат, и Бог одговара на нивните молитви. Истакнат пример за тоа е она што се случило за време на масакрите во Руанда. Кога бунтовниците спремале едно шестгодишно девојче и неговите родители за погубување со рачна бомба, ќеркичката гласно и горливо се молела да бидат поштедени за понатамошна служба на Јехова. Луѓето кои можеле да бидат нивни убијци биле трогнати и ги поштедиле, велејќи: „Не можеме да ве убиеме поради ова девојче“ (1. Петрово 3:12).

15. На кои расипувачки влијанија предупредил Павле?

15 Повеќето од нашите млади нема да мораат да излегуваат на крај со толку тешки ситуации како оние кои беа опишани погоре, но постојат многу испитувања со кои тие се соочуваат на училиште и во расипаните општества денес: лошиот јазик, порнографијата, деградираната забава и притисокот од врсниците да се впуштат во погрешни практики земаат замав на многу места. Апостол Павле постојано предупредувал на овие влијанија (1. Коринтјаните 5:6; 15:33, 34; Ефесјаните 5:3—7).

16. Како може некој да стане сад за чесна употреба?

16 Откако укажал дека садовите се чуваат ‚едни за чесна цел, а другите за нечиста‘, Павле вели: „Ако некој се очисти од тоа, тој ќе биде сад за почест [чесна цел, NW], осветен, приспособен за употреба на господарот и приготвен за секое добро дело“. Затоа, да ги храбриме нашите млади да пазат на друштвото. Нека ‚бегаат од желбите на младоста, да се стремат кон правда, вера, љубов, и мир со оние, што Го призовуваат Господа од чисто срце!‘ (2. Тимотеј 2:20—22). Семејната програма за ‚изградување еден со друг‘ (NW) може да биде непроценлива во обликувањето на нашата младост (1. Солунјаните 5:11; Изреки 22:6). Секојдневното читање и проучување на Библијата, користејќи погодни публикации од Заедницата, може да биде убава помош.

Обликување за секого

17. Како стегата ќе нѐ обликува, и со кој радосен исход?

17 За да нѐ обликува, Јехова ни дава совет од неговата Реч и преку неговата организација. Никогаш не се спротивставувај на таквиот побожен совет! Мудро одѕивај се на него и дозволувај тој да те оформува за чесна употреба од страна на Јехова. Изреки 3:11, 12 советува: „Не занемарувај ја, синко, казната од Господа, и да не ти е тешко од Неговото изобличување [укор, NW]; зашто кого Господ го сака, него и го кара, како и таткото синот свој, што го љуби“. Понатамошен татковски совет е даден во Евреите 12:6—11: „Господ го казнува [му дава стега на, NW] оној, кого што го сака . . . Секоја казна [стега, NW] однапред не се покажува дека е за радост, туку за жалост; но потоа на свикнатите на неа таа ќе им принесе мирен род на праведност“. Главниот канал за таквата стега мора да биде Божјата инспирирана Реч (2. Тимотеј 3:16, 17).

18. Што се однесува до каењето, што учиме од Лука, поглавје 15?

18 Исто така, Јехова е милостив (2. Мојсеева 34:6). Онаму каде што се покажува искрено каење, па дури и при најсериозен грев, тој простува. Дури и современите ‚расипници‘ можат да бидат обликувани во садови за чесна употреба (Лука 15:22—24, 32). Можеби нашите гревови не се толку сериозни како гревовите на расипникот. Но, нашиот понизен одѕив на библискиот совет секогаш ќе води до тоа да бидеме обликувани во садови за чесна употреба.

19. Како можеме да продолжиме да служиме како чесни садови во Јеховините раце?

19 Кога првпат сме дознале за вистината, сме покажале спремност да дозволиме Јехова да нѐ оформува. Сме престанале со световните работи, сме почнале да ја облекуваме новата личност и сме станале предадени и крстени христијани. Сме го послушале советот од Ефесјаните 4:20—24, ‚отфрлајќи го од себе стариот човек според нашето поранешно живеење, кој се распаѓа во измамливите желби, обновувајќи се со духот на својот ум и облекувајќи се во новиот човек, создаден според Бога во правда и светост во вистината‘. Нека ние лично продолжиме да бидеме свитливи во рацете на Јехова, Големиот Грнчар, служејќи секогаш како садови за негова чесна употреба!

Како повторување

◻ Која е целта на Големиот Грнчар со нашата Земја?

◻ Како можеш да бидеш обликуван за чесна употреба?

◻ На кој начин можеме да ги обликуваме нашите деца?

◻ Какво гледиште треба да имаме кон стегата?

[Слика на страница 10]

Дали ќе бидеш обликуван за чесна употреба или ќе бидеш отфрлен?

[Слика на страница 12]

Младите можат да се обликуваат од периодот на доење

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели