ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/07 стр. 6
  • Нова програма за Посебниот собир

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нова програма за Посебниот собир
  • Нашата служба за Царството 2007
  • Сличен материјал
  • Големиот Грнчар и неговото дело
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Дали го цениш Јехова како наш Грнчар?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Дозволи му на Јехова да те обликува
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Нова програма за посебниот собир
    Нашата служба за Царството 2008
Повеќе
Нашата служба за Царството 2007
km 8/07 стр. 6

Нова програма за Посебниот собир

Темата за посебниот собир за 2008 службена година е „Ние сме глината — Јехова е нашиот Грнчар“ и се темели на Исаија 64:8. Библиските совети што ќе ги добиеме преку оваа програма ќе го зголемат нашето ценење за мудроста, правдата, моќта и љубовта што ги покажува Јехова како наш Голем Грнчар.

Говорот што ќе го одржи покраинскиот надгледник, со наслов „Да служиме како садови за благородна употреба додека проповедаме“, ќе ни покаже дека сѐ поголем број луѓе добиваат многу благослови со тоа што ја дознаваат вистината и им ја пренесуваат и на другите. Од говорот „Размислувањето ќе те штити“ ќе дознаеме како ќе бидеме заштитени ако длабоко размислуваме за Јеховините праведни начела. Претставникот од Бетел ќе им се обрати на присутните со темите „Ние не сме ‚обликувани од овој свет‘“ и „Нека те обликува Големиот Грнчар“. Родителите и младите ќе бидат охрабрени од говорите „Млади што се вредни во Јеховини очи“ и „Важната улога на родителите во процесот на обликување“. Ќе има прикази и интервјуа од кои со радост ќе чуеме и ќе видиме што постигнале во службата нашите браќа и сестри. Оние што сакаат да се крстат, треба колку што е можно порано да го известат за тоа претседавачкиот надгледник. Не заборавајте да го земете својот примерок од Стражарската кула што ќе се проучува во седмицата кога ќе се одржи посебниот собир.

Големиот Грнчар ја остварува секоја своја намера. Но, ние самите одлучуваме дали ќе му дозволиме да нѐ обликува. Оние што мудро се подложуваат на Јеховините мерила можат, како некое парче глина на тркалото на грнчарот, да бидат обликувани и дотерувани и на крајот да станат корисни садови. Кога соработуваме со Јехова, го величаме како највисок Владетел и добиваме многу благослови.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели