ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/08 стр. 1
  • Нова програма за посебниот собир

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нова програма за посебниот собир
  • Нашата служба за Царството 2008
  • Сличен материјал
  • „Храна во вистинско време“
    Нашата служба за Царството 2010
  • Нова програма за Денот на специјален собир
    Нашата служба за Царството 2000
  • Програма за Посебниот собир за 2009 година
    Нашата служба за Царството 2009
  • Нова програма за покраинскиот состанок
    Нашата служба за Царството 1995
Повеќе
Нашата служба за Царството 2008
km 8/08 стр. 1

Нова програма за посебниот собир

Темата на посебниот собир за 2009 службена година е земена од Колошаните 4:17, и гласи: „Внимавај да ја извршиш службата што си ја примил“. Ние, како христијани, го сфаќаме сериозно тој совет. Сакаме верно да ја извршиме нашата служба како што правел Исус (Јован 17:4). И Апостол Павле ни дал одличен пример во овој поглед. Тој бил решен да ја доврши својата трка во службата (Дела 20:24).

Говорот што ќе го одржи покраинскиот надгледник ќе ни покаже како различни објавители ги надминуваат тешкотиите на кои наидуваат во службата. Потоа, во говорот „Грижи се за семето што си го посеал“, ќе слушнеме како можеме вистински да им помогнеме на оние што ‚исправно гледаат на вечниот живот‘ (Дела 13:48). Во говорот „На кој начин се препорачуваме како Божји слуги“, претставник од Бетелот ќе го обработи 2. Коринќаните 6:1-10 стих по стих. А попладне, тој ќе им се обрати на присутните со темата: „Високо цени ја својата служба“. Сигурно ќе бидеш охрабрен од точките: „Млади и стари кои многу ја сакаат службата на проповедање“ и „Млади кои ‚ја извршуваат службата што ја примиле‘“. Оние што сакаат да се крстат на покраинскиот или, пак, на посебниот собир треба, колку што е можно порано, да го известат претседавачкиот надгледник. Една важна точка од програмата на сите наши собири и конгреси е разработката на Стражарска кула. Понеси го својот примерок што ќе се проучува во седмицата кога ќе се одржи посебниот собир.

За да можеме да ја извршиме службата, не смееме да дозволиме други работи и активности да го потиснат во втор план она што Јехова ни го доверил. На овој посебен собир ќе слушнеме охрабрувачки библиски мисли што ќе ни помогнат да останеме посветени на поважните работи и да се преиспитаме за да видиме дали во потполност ја извршуваме службата што сме ја примиле.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели