Нова програма за покраинскиот состанок
1 Почнувајќи од септември, темата на покраинските состаноци ќе биде „Слушај и научи да ја спроведуваш во дело Божјата Реч“. Ова мото, темелено на 5. Мојсеева 31:12, 13, дава соодветна основа на целата програма за да се истакнат поуките што треба да се научат и да се применат.
2 Иако повеќето луѓе денес слушаат заводливи инспирирани изјави, животоважно е секој од нас да ја слуша Божјата Реч и да научи да ја спроведува во животот (Лука 11:28; 1. Тим. 4:1). Со ова на ум, програмата за покраинскиот состанок е наменета за охрабрување и помош на објавителите, на семејствата, на старешините и на пионерите. Во саботата ќе има четириделна серија предавања на тема „Да се соочуваме со своите проблеми — обрнувајќи внимание на Божјата Реч“. Во неделата наутро, пак, ќе има серија предавања со наслов „На кој начин Писмото ни дава стега во праведност“. Целата програма ќе изнесе духовно охрабрување кое ни ти ни твоето семејство не треба да го пропуштите.
3 И во саботата и во неделата ќе бидат дадени практични предлози за службата на проповедање и ќе бидат изнесени прикази. Исто така, ќе бидат изнесени охрабрувачки и поучни искуства и интервјуа. Така, со своето присуство и со слушањето заради спроведување во пракса на она што си го научил, ќе бидеш во подобра положба потполно да ги извршуваш заповедите на Божјата Реч.
4 Една од врвните точки на покраинскиот состанок ќе биде крштевањето на новопредадените браќа и сестри. Кандидатите треба доволно рано пред оваа јавна изјава на своето предание, да му ја кажат на претседавачкиот надгледник желбата да се крстат за да може тој да се договори со старешините кога ќе се состанат со нив.
5 Јавното предавање за оваа серија покраински состаноци носи наслов „Зошто да те води Библијата?“ Покани ги интересентите да дојдат. Во исчекување на овие многу потребни охрабрувања и помош што ти и твоето семејство ќе ги добиете, направете конкретни планови за да бидете присутни на целата програма.