Програма за новиот покраински состанок
1 Темата која ќе се обработува во програмата на новиот покраински состанок, чиј циклус ќе започне во септември, е „Останете будни, стојте цврсто, бидете јаки“. Се темели на охрабрувачките зборови на апостол Павле што им ги упатил на христијаните од првиот век, а се запишани во 1. Коринтјаните 16:13, (НС).
2 Програмата ќе започне со истакнување на нашата постојана потреба од духовно самоиспитување. Одржувањето на цврст став за она што е исправно, во овие ‚последни денови‘, изискува реално проценување на нашиот однос со Јехова и на нашата положба во неговата земска организација (2. Тим. 3:1). Ќе бидеме потсетени за Божјето ценење кон сета наша напорна работа. Потребна ни е поука за да знаеме на кои начини да ги подобриме нашите христијански особини и да задржиме примерно однесување.
3 Потребата од ревност во делото на правење ученици, додека посегнуваме по духовни предности и одговорности, исто така ќе биде нагласена. Во различни говори, прикази и дискусии, ќе бидат изнесени практични предлози како можат поединците и семејствата да одржат една редовна програма на духовно хранење.
4 Во сабота, кандидатите кои ги исполниле условите ќе можат да дадат јавна изјава за нивното предание со крштение во вода. Потоа, в недела, сите ќе сакаме да присуствуваме на јавното предавање со наслов: „Во каква положба си пред Бог?“
5 Програмата ќе заврши со охрабрување да останеме цврсти во верата, секогаш постапувајќи еден со друг во духот на љубовта и мирот. Покраинскиот состанок е една од посебните прилики кои Јехова ни ги дава на сите нас „за да се поттикнуваме кон љубов и добри дела“ (Евр. 10:24, 25). Направи конечни планови за двата дена да присуствуваш на целата програма.