Нова програма за покраинскиот собир
„Пази ги Божјите заповеди и живеј“ гласи темата на дводневната програма за покраинскиот собир што ќе започне од септември (Изр. 4:4, NW). Таа ќе нагласи зошто послушноста кон Божјите заповеди не е тешка. Понатаму, таа ќе покаже како извршувањето на Божјата волја донесува закрепнување и вистинска среќа, како и надеж за иднината (Мат. 11:28—30; Јован 13:17).
Оние кои од послушност на Христовата заповед сакаат да се крстат на собирот, треба да разговараат со претседавачкиот надгледник, кој ќе ги направи потребните подготовки (Мат. 28:19, 20).
Еден циклус ќе ги објасни практичните начини на кои можеме да покажеме љубов кон Бог и кон нашите браќа (Јован 13:34, 35; 1. Јов. 5:3). Во програмата ќе бидат вклучени подбудувачки совети од 18. до 118. Псалм. Иако инспирираната опомена од овие псалми била запишана пред илјадници години, ќе видиме како денес може да ни користи нам лично.
Јавното предавање што ќе го изнесе обласниот надгледник е со наслов „Бој се од Бога и пази ги неговите заповеди“ (Проп. 12:13). Завршниот говор на покраинскиот надгледник ќе покаже како можат младите сега да го извлечат најдоброто од животот и зошто можат да имаат доверба во една вечна иднина. Обласниот надгледник ја заклучува програмата набројувајќи ги многуте користи кои доаѓаат од живеењето според „царскиот Закон“ на љубовта (Јак. 2:8). Навистина, ова е една програма за собир што никој нема да сака да ја пропушти!