Нова програма за Покраинскиот собир
Кои практични користи ги имаш сега од тоа што одиш со Јехова? Како можеш да му одолееш на искушението да допуштиш нетеократските активности да ги истиснат интересите на Царството од првото место во твојот живот? (Мат. 6:33). Дали ти е тешко да согледаш што е добро а што е лошо во еден свет кој лошото го прави добро? (Евр. 5:14). Овие теми ќе бидат обработени на Покраинскиот собир „Сега извлечи корист од одењето по Божјиот пат“, кој ќе започне во септември 1999 (Псал. 127:1).
Едно ново обележје на саботата од овој Покраински собир ќе биде презентацијата на еден пример како треба да изгледа Состанокот за служба. Вашиот покраински надгледник ќе ги информира собранијата за она што е планирано, за да можат сите да дојдат подготвени за целосно да уживаат во програмата.
Делот со наслов „Пионери — строго внимавајте како одите“ ќе ни покаже како да практикуваме мудрост и разумност за да си откупиме поволно време за пионерската служба (Ефеш. 5:15—17). Темата „Пази се од патиштата кои само изгледаат дека се исправни“ ќе нѐ поучи како да се увериме во она што му е прифатливо на Бог во секој аспект од животот. Говорот „Како влијаат врз нас исполнетите пророштва“ ќе ни помогне да ги исполниме нашите умови и срца со љубов за Божјата реч. Јавното предавање „Божјите патишта — колку се корисни!“ ќе ја истакне практичната корист што ја добиваме сега од тоа што сме во чекор со Јеховините праведни барања.
Дали имаш желба да покажеш јавно, со крштавање во вода, дека сакаш да одиш по Божјите патишта како еден од неговите предадени слуги? Тогаш, кажи му на претседавачкиот надгледник за да можат да се направат потребните подготовки.
Донеси одлука да не го пропуштиш овој навремен Покраински собир. Биди присутен на целата дводневна програма бидејќи „блажени се оние, кои се бојат од Господа, кои одат по Неговите патишта“ (Псал. 127:1).