Нова програма за покраинскиот состанок
1 Започнувајќи од септември, новата програма за покраинскиот состанок, ќе ја развие темата: „Искуси ја поголемата среќа во давањето“ (Дела 20:35). Среќата е опишана како „благосостојба и задоволство“. Повеќето луѓе, денес, го зграпчуваат секое задоволство што ќе им дојде под рака во животот, а кога прават така, тоа обично е привремено. Тоа не е вистинска среќа. Но сепак, Јехова нѐ поучува како да извлечеме вечна корист (Иса. 48:17; 1. Јов. 2:17). Новата програма за покраинскиот состанок ќе нагласи како можеме да постигнеме поголема среќа давајќи во духовен поглед.
2 Ќе научиме практични начини на кои можеме да дадеме сѐ од себе во службата. Некои од говорите, кои ќе бидат изнесени од патувачките надгледници, се насловени: „Да правиме пријатели со помош на нашите неправедни богатства“, „Почитувај ја божествената подготовка за ‚дарови во луѓе‘“ и „Искуси ги многуте фасети на вистинската среќа“. Оние кои имаат желба да бидат крстени на состанокот, ќе сакаат да разговараат со претседавачкиот надгледник за тој да може да организира старешини кои со нив ќе ги разгледаат прашањата за крштавање. Служењето на Јехова во еден чист однос ќе им донесе голема среќа на новокрстените.
3 Исправното признавање на Јеховиниот авторитет исто така носи вистинска среќа и безбедност. Сите луѓе треба да го знаат ова. Затоа, јавниот говор на покраинскиот состанок ќе ја разработи темата: „Обединете се со Божјиот среќен народ“. Немој да заборавиш да ги поканиш да дојдат на овој говор сите оние кои покажале интерес за вистината. Тие не пронашле вистинска безбедност и трајна среќа под човечката влада во овој свет кој лежи во Сатановата моќ (Проп. 8:9). Но, колкава радост ќе најдат тие во тоа што ќе бидат поврзани со Јеховиниот среќен народ! (Псал. 143:15б).
4 И покрај условите во овој систем на ствари, кои се влошуваат, оние кои ја искусуваат поголемата среќа во духовното давање, никогаш нема да бидат разочарани од среќниот Бог (1. Тим. 1:11). Новата програма на покраинскиот состанок ќе покаже дека ова е вистина. Не пропуштај го!