Програма за новиот Покраински состанок
1 Послушни на Исусовите зборови од Матеј 6:33, вистинските христијани секогаш го ставаат Царството на прво место во своите животи. Според тоа, „Барајте го најнапред царството“ е прикладна тема на програмата на покраинскиот состанок кој ќе започне во септември 1993.
2 Од самиот почеток програмата ќе ја истакнува реалноста на Царството, нагласувајќи дека тоа е влада која веќе функционира и има област, владетели, поданици и закони. Всушност, голем број од законите на човечките влади кои му користат на денешното општество се темелени на библиските закони.
3 Ќе бидат разгледани заштитата и благословите што ги добиваме со тоа што му даваме предност на Царството во секој аспект од нашиот живот. Ќе бидат дадени корисни совети кои ќе покажат како можеме да избегнуваме непотребна загриженост. Говори, прикази и дискусии ќе покажат зошто е толку важно да задржиме едноставно око.
4 Во саботниот ден од состанокот, кандидатите за крштение кои ги исполниле условите ќе можат да дадат јавна изјава за нивното предание на Јехова. А во недела, сите ќе сакаме да присуствуваме на јавното предавање со наслов: „Што ќе стори Божјето Царство за човештвото“.
5 Без одлагање направи план да присуствуваш на двата дена од покраинскиот состанок. Програмата на состанокот, заедно со угодното дружење со братството, ќе пружи изградувачко и закрепнувачко охрабрување кое никој од нас нема да сака да го пропушти.