Нова програма за покраинскиот собир
Една дефиниција за стравот е „длабока почит и страхопочит, особено кон Бог“. Ова го опишува здравиот страв за кој во Писмото се вели дека е „почеток на мудроста“ (Псал. 111:10). За разлика од ова, во Сатановиот свет околу нас владее еден поинаков страв. Како можеме да го избегнеме тоа нездраво чувство додека развиваме страв од Јехова со длабока почит? Новата програма за покраинскиот собир за 2002 службена година го разработува ова прашање. Темата е „Плашете се од Бог и оддајте му слава“ (Отк. 14:7). Ќе стекнеме ценење за многуте начини на кои стравот од Јехова ни користи нам како поединци и како организација.
Иако стравот можеби вклучува тегобна загриженост или губење на храброста и колебливост да се соочиш со тешки ситуации, Библијата наведува: „Блажен е секој, кој се бои од Господа“ (Псал. 128:1). Програмата на овој собир ќе ни покаже како можеме успешно да се справиме со предизвиците на вистинското обожавање. Ќе видиме како да им помогнеме на новите да негуваат таков здрав страв од Бог, кој всушност ќе ги мотивира да сакаат да му служат со сето срце, душа, ум и сила (Марко 12:30). Првиот ден ќе заврши со говорот на обласниот надгледник „Станувај сѐ поблизок со оние што ги сакаш“. Тој ќе објасни како можеме да останеме будни на ѓаволскиот обид да нѐ одврати од Јехова, од нашето семејство и од нашите христијански браќа.
„Плаши се од Бог, а не од луѓето“ е темата на еден циклус од четири дела, кој ќе го чуеме вториот ден. Ќе ни објасни зошто и како мораме да совладаме секаков страв што нѐ спречува целосно да ја извршиме нашата служба или да го задржиме нашиот интегритет и чиста совест на училиште и на работното место. Јавното предавање „Плаши се од Бог и држи ги неговите заповеди“ се темели на еден редослед од настани опишани во Откровение, 14. поглавје. Покраинскиот собир ќе заврши со позитивното упатство „Продолжи да одиш во стравот од Јехова“.
Теократската школа за служба, примерот за Состанок за служба, говорот за крштавање и резимето на студијата на Стражарска кула се дополнителни врвни точки од програмата што нема да сакаш да ги пропуштиш. Покани ги своите библиски студенти да присуствуваат заедно со тебе. Секој што сака да се крсти треба да му го каже тоа на претседавачкиот надгледник колку што е можно поскоро. Сите ќе сакаме да го покажеме нашиот здрав страв од Јехова и да му оддадеме слава со тоа што нема да пропуштиме ниту еден дел од оваа извонредна програма!