Покраински собир — „Зачувај ја својата духовност“
1. Наведи еден начин на кој Јехова ни помага да ја проповедаме добрата вест.
1 Јехова великодушно ни ги дава информациите, обуката и охрабрувањата што ни се потребни за да ја извршиме задачата што ни ја доверил — да ја проповедаме добрата вест (Мат. 24:14; 2. Тим. 4:17). Еден начин на кој го добиваме сето тоа е нашиот годишен покраински собир. Новата програма за 2010 службена година ќе ја разработи темата „Зачувај ја својата духовност“, која се темели на Римјаните 8:5 и Јуда 17-19.
2. а) Како ќе ни помогне покраинскиот собир? б) Како ти помогнале минатите покраински собири во твојата служба?
2 Како ќе ни помогне: Програмата ќе ни укаже на некои опасности, како што се работите кои можат да ни го одземат времето и да ни го одвлечат вниманието од она што е навистина важно. Ќе дознаеме како да се бориме со духот на попустливост, а ќе разгледаме и што значи да се биде духовна личност. Циклусот во недела ќе ни покаже како можат поединците и семејствата да си ја зајакнат духовноста и покрај сѐ поголемите притисоци и испити на верата. Програмата ќе ни помогне да си го чуваме срцето, да останеме духовно здрави и да ги имаме на ум големите благослови што ги очекуваат оние кои си ја чуваат духовноста.
3. Кога ќе се одржи покраинскиот собир, и на што треба да бидеш решен?
3 Штом ќе дознаете кога и каде ќе се одржи вашиот следен покраински собир, направете добар план за да бидете присутни и внимателно да слушате за време на целата програма и двата дена. Бидете уверени дека Јехова ги благословува рацете на трудољубивиот (Изр. 21:5).
4. Што ќе добиеме на нашиот покраински собир?
4 Да, овој добар дар ни го дава Јехова. Програмата што ја подготвил верниот роб ќе биде токму она што ни треба за да продолжиме со нашата христијанска служба. Му благодариме на Јехова за сите работи што со љубов ни ги дава за да ни помогне „истрајно и непоколебливо да ја објавуваме нашата надеж“ (Евр. 10:23-25; Јак. 1:17).