Собири што им користат на Божјите слуги
1 Во 1938 год., Јеховината организација започна со нешто ново. По неколку собранија беа поканети да присуствуваат на зонски собири, кои сега се нарекуваат покраински собири. Со која цел? Одговорот беше даден во Информатор (сега Нашата служба за Царството) од јануари 1939 год. Таму пишуваше: „Целта на овие собири, кои се одржуваат во склоп на Јеховината теократска организација, е да нѐ оспособат да ја вршиме службата за Царството. Упатствата што се даваат таму се корисни за секој од нас и ни помагаат исправно да го вршиме делото што ни е дадено“. Кога ќе помислиме дека во 1938 год. имаше само 58.000 објавители на Царството, а во 2009 год. тој број порасна на преку 7.000.000, очигледно е дека покраинските собири ја постигнуваат својата цел да им помагаат на Божјите слуги ‚да го вршат делото што им е дадено‘!
2 Мото за следната година: Со радост го очекуваме охрабрувањето што ќе го добиеме од програмата на следниот покраински собир што ќе се одржи напролет во 2011 год. Мотото е „Не сте дел од светот“, и земено е од Јован 15:19. Кои се некои од говорите што сигурно ќе им користат на Божјите слуги? Во сабота ќе го чуеме говорот „Како нѐ заштитува полновремената служба?“ Ќе го слушнеме и циклусот од три дела, со наслов „Чувајте се да не бидете извалкани од...“ „Ѕверот“, „Големата блудница“ и „Трговците“. Во недела ќе го чуеме циклусот „Сакајте го Јехова, а не светот“. Меѓу другите говори ќе бидат „Живејте и понатаму како ‚туѓинци и привремени жители на овој свет‘“ и „Бидете храбри! Можете да го победите светот“.
3 Откако присуствувала на еден неодамнешен покраински собир, една сестра која почнала поретко да оди во служба, напишала дека програмата ја поттикнала да ги преиспита своите околности и да биде решена да „продолжи со службата и да престане да си бара изговори!“ Без сомнение, програмата на покраинскиот собир за новата службена година ќе ни помогне да го сакаме Јехова, а не светот (1. Јов. 2:15-17). Погрижи се да бидеш присутен и внимателно да ја следиш програмата за да извлечеш целосна корист од овој собир што со љубов се организира за Божјите слуги!
[Прашања]
1. Што почна да одржува Јеховината организација во 1938 год., и со која цел?
2. Кои информации ќе бидат изнесени на следниот покраински собир?
3. Како може да ни користи тоа што ќе бидеме присутни на покраинскиот собир?