Чувај си ги мислите
1. Која е темата на покраинскиот собир за 2013 службена година, и која е целта на програмата?
1 Исус ги поучил своите ученици да го сакаат Јехова со сето свое срце, душа и ум (Мат. 22:37, 38). Овогодинешниот конгрес, покраински собир и посебен собир ќе ни помогнат да ја зајакнеме нашата внатрешна личност. Како што знаеш, темата на нашиот обласен конгрес беше „Чувај си го срцето“. Темата на посебниот собир за 2013 службена година е „Чувај си ја совеста“. А темата на покраинските собири што ќе се одржуваат од наредниот месец е „Чувај си ги мислите“, која се темели на Матеј 22:37. Целта на програмата е да ни помогне на сите нас да си ги преиспитаме мислите за да му бидат угодни на Јехова.
2. На кои прашања ќе добиеме одговор во текот на програмата?
2 Што ќе чуеме: Додека го следиме покраинскиот собир, добро би било да го бараме одговорот на следниве прашања, кои ги претставуваат главните мисли:
• Како да се чуваме од ‚човечки мисли‘?
• Како можеме да го тргнеме превезот кој им ги заслепува умовите на неверниците?
• Како сакаме да размислуваме?
• Каква корист ќе имаме ако длабоко размислуваме за исправни работи?
• Како дозволуваме Јехова да го обликува нашето размислување?
• Како можат сопругот, сопругата, родителите и децата да придонесат семејството да биде среќно?
• Како да се подготвиме за Јеховиниот ден?
• Што значи да го подготвиме умот за напорна работа?
• Каква корист имаат оние што го применуваат тоа што го учат?
3. Зошто е важно да присуствуваме на двата дена, внимателно да ја следиме програмата и да го применуваме она што го учиме?
3 Сатана води борба за нашите мисли и сака да ги расипе (2. Кор. 11:3). Затоа, мораме да си ги чуваме и да си ги контролираме мислите. Многу е важно и понатаму да го имаме Христовиот ум и да се бориме против влијанието на овој злобен свет (1. Кор. 2:16). Затоа, потруди се да бидеш присутен и на двата дена од покраинскиот собир. Внимателно следи ја програмата. Примената на животоважните поуки што ќе бидат изнесени ќе ни помогне да го подготвиме умот ревносно да учествуваме во службата за Царството (1. Пет. 1:13).