Нова програма за покраинскиот собир
Во овие ‚критични времиња со кои тешко се излегува на крај‘, потребна ни е божествена мудрост за да го стекнеме и да го задржиме Јеховиното одобрување (2. Тимотеј 3:1). Програмата на покраинскиот собир за 2005 службена година ќе ни даде практични совети и охрабрување додека ја разработува темата „Водени од ‚мудроста одозгора‘ “ (Јаков 3:17).
Првиот циклус, „Да покажеме ‚мудрост одозгора‘ во нашиот живот“, ќе ни помогне да видиме што значи човек да биде чесен, мирољубив, разумен и спремен да послуша. Потоа покраинскиот надгледник ќе обрне внимание на три други аспекти на божествената мудрост. На крајот на првиот ден, обласниот надгледник ќе покаже како христијанските министри, и покрај тоа што некои ги сметаат за „неуки и обични“, се опремени да зборуваат со Божјата мудрост (Дела 4:13).
Вториот ден, циклусот со наслов „Стреми се кон она што изградува“ ќе ни помогне да ги препознаеме и да ги избегнуваме работите што можат духовно да нѐ срушат. Исто така ќе ни покаже како можеме да ги изградуваме другите на собраниските состаноци, во службата и во семејниот круг. Јавното предавање со наслов „Како извлекуваме корист од божествената мудрост“ ќе го продлабочи нашето ценење за користите што ги имаме додека ги применуваме божествените начела во својот живот. Заклучниот говор, „Ако постапуваме во склад со божествената мудрост, ќе бидеме заштитени“, ќе ја зајакне нашата решеност да бараме мудрост од Јехова во овие последни денови.
Врвна точка на секој собир е крштавањето на нови ученици. Освен тоа, на програмата ќе бидат изнесени и Теократската школа за служба и студијата на Стражарска кула за таа седмица. Јехова сака сите да извлечеме корист од мудроста што тој ја дава. Ќе бидеме духовно збогатени од советите и охрабрувањето што нѐ очекуваат на покраинскиот собир (Посл. 3:13—18).