Повторување на програмата од покраинскиот собир
Овој материјал ќе се користи како најава и повторување на програмата за покраинскиот собир за 2005 службена година. Статијата „Нова подготовка за повторување на програмата од собирите“, која се наоѓа на 4. страница од овој додаток, објаснува како треба да се направи ова. Распореди си го времето во текот на повторувањето за да ги поставиш сите прашања. Повторувањето треба да се сосредоточи на тоа како можеме да ги примениме информациите што беа изнесени.
ПРВ ДЕН — ПРЕТПЛАДНЕВНА СЕСИЈА
1. Што ќе ни помогне да стекнеме мудрост од Бог?
2. Какви напори вложиле објавителите во покраината за да достигнат повеќе луѓе со добрата вест?
ПРВ ДЕН — ПОПЛАДНЕВНА СЕСИЈА
3. Зошто е многу важно христијаните да останат неизвалкани однатре? Што треба да правиме за да го постигнеме ова?
4. Како можеме да покажеме дека сме во мир со нашите браќа?
5. Што е разумност, и како можеме да ја покажеме во начинот на кој го користиме нашето време?
6. Што учиме од примерите на Саул и Ное? Како можеме да покажеме дека сме ‚спремни да послушаме‘? (Јак. 3:17)
7. Како можат христијаните да се чуваат од тоа да водат двоен живот?
8. Како можеме да го имитираме примерот на Павле со тоа што ќе зборуваме мудрост од Бог?
ВТОР ДЕН — ПРЕТПЛАДНЕВНА СЕСИЈА
9. Зошто мора да внимаваме во какви активности ќе бидеме вклучени, и што ќе ни помогне во тоа?
10. Какви напори вложуваат објавителите во покраината за редовно да присуствуваат на состаноците, и каква корист извлекуваат од тоа?
11. Како можат семејните поглавари да ги изградуваат своите домаќинства?
12. На кои потреби на покраината ни беше свртено внимание?
ВТОР ДЕН — ПОПЛАДНЕВНА СЕСИЈА
13. Како што беше кажано во јавното предавање, кои праведни дела биле резултат на мудроста одозгора?
14. Зошто е глупаво да имаме доверба во себеси или во луѓе што не се водени од божествена мудрост? На кои полиња треба да бидеме претпазливи?
15. Од кои стапици нѐ чува божествената мудрост?
16. Зошто е животоважно да ги примениме советите што ни беа дадени во програмата на покраинскиот собир?