Повторување на програмата од покраинскиот собир
Овој материјал ќе се користи на Состанокот за служба, кратко пред и кратко по одржувањето на покраинскиот собир за 2006 службена година. Претседавачкиот надгледник ќе ја организира оваа најава и повторување, како што е покажано во Наша служба за Царството од август 2004, страница 4. Во текот на повторувањето, треба да се постават сите прашања и да се обрне внимание на тоа како можеме да ги примениме тие информации.
ПРВ ДЕН
1. Како ја облекуваме новата личност, и зошто мораме да ја одржуваме?
2. Како некои го зголемиле своето учество во службата на проповедање?
3. Зошто треба да избегнуваме да се споредуваме со другите?
4. Како можат членовите на семејството да ја покажат новата личност во семејниот круг?
5. Како можеме лојално да го поддржуваме собранието?
6. Зошто треба да ја покажуваме новата личност во службата на подрачјето?
7. Што значи длабоко да размислуваме за исправни работи и како ни користи тоа?
8. Кои особини ќе нѐ направат погодни за обликување во рацете на Јехова?
ВТОР ДЕН
9. Колку е важно исправно да го користиме нашиот јазик?
10. Како ни користи тоа што употребуваме здрав говор со колегите, школските другари и другите?
11. Како можеме да го примениме советот од Павле во Ефешаните 4:25-32 во односите со соверниците?
12. Кој е најдобар начин да го користиме нашиот говор?
13. Што мораме да правиме за да го победиме злобниот?
14. На кои подрачја треба да истраеме за да останеме без дамка од светот?
15. Зошто мораме секојдневно да ја обновуваме нашата внатрешна личност и како можеме да го правиме тоа?
16. Кој совет од програмата на овогодинешниот покраински собир планираш да го примениш?