Нова програма за покраинскиот собир
Во текот на последните денови од овој расипан стар свет, важно е да ја сочуваме нашата духовна облека и да го чуваме нашиот христијански идентитет (Откр. 16:15). Затоа, соодветно е што мотото на програмата од покраинскиот собир за 2006 службена година е „Облечете ја новата личност“ (Кол. 3:10).
Прв ден: Првиот циклус предавања, „Покажувај ги цртите на новата личност“, ќе покажат како развивањето на новата личност ни користи во многу подрачја од животот? Како ја развиваме новата личност? Тоа ќе се разгледа во последните два говора од првиот ден, „Навикни се длабоко да размислуваш за исправни работи“ и „Образование што ја обликува новата личност“.
Втор ден: Во вториот циклус, „Работи на тоа да го имаш јазикот на мудрите“, ќе се разгледа како новата личност влијае врз тоа на кој начин го користиме јазикот. „Дали го победуваш злобниот?“ е темата на јавното предавање, кое ја истакнува потребата да останеме будни за Сатановите тактики. Последните два говора од собирот, „Чувај се без дамка од светот“ и „Секојдневно да го обновуваме човекот којшто сме однатре“, ќе ни помогнат да ги избегнуваме ставовите и однесувањето што се во спротивност со Божјите праведни патишта и да останеме цврсти во обожавањето на Јехова.
Навистина со радост очекуваме да го примиме ова охрабрување да ја облечеме и да ја одржуваме новата личност!