ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/10 стр. 2
  • „Храна во вистинско време“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Храна во вистинско време“
  • Нашата служба за Царството 2010
  • Сличен материјал
  • Програма за Посебниот собир за 2009 година
    Нашата служба за Царството 2009
  • Божјата Реч е делотворна
    Нашата служба за Царството 2013
  • Нова подготовка за повторување на програмата од собирите
    Нашата служба за Царството 2004
  • Нова програма за Посебниот собир
    Нашата служба за Царството 2006
Повеќе
Нашата служба за Царството 2010
km 8/10 стр. 2

„Храна во вистинско време“

1 Откако ќе присуствуваме на некој посебен собир, честопати велиме: „Токму тоа ни требаше!“ Еден покраински надгледник известил дека, откако ја слушале овогодишната програма, некои објавители во неговата покраина изразиле желба повеќе да учествуваат во службата. Еден патувачки надгледник рекол: „Ни помогна јасно да разбереме во кое време живееме и да си ги преиспитаме целите во животот“. Друг изјавил: „Многу објавители рекоа дека ова за нив бил јасен повик да се преиспитаат дали се сконцентрирани на она што е најважно — службата на проповедање“. Како ти помогна посебниот собир тебе?

2 И програмата за претстојната службена година ќе биде токму она што ни треба. Мотото на собирот е „Барај прибежиште кај Јехова“, а земено е од Псалм 118:8, 9. Ова се некои од темите што ќе бидат обработени: „Како Јехова е тврдина во време на неволја“, „Помогни им на другите да најдат прибежиште под Јеховините крилја“, „Биди прибежиште по примерот на Јехова“, „Млади, имајте доверба во Јехова!“ и „Нашиот духовен рај — прибежиште што ни го дава Јехова“.

3 Извлечи потполна корист: Кога ќе биде најавен датумот, направи план за да присуствуваш и покани ги интересентите и тие да дојдат. За да можеме ‚истрајно да донесуваме плод‘, мора да го запомниме она што ќе го чуеме (Лука 8:15). Затоа, внимателно слушај ја програмата и прави си кратки белешки за главните мисли, како и за советите што планираш да ги примениш во животот и во службата. По собирот, одвој си време да разговараш за програмата со семејството и размислете на кои конкретни начини можете ти и твоето семејство да ги примените тие информации.

4 Исто како еден вкусен и хранлив оброк, овогодишниот посебен собир е подготвен внимателно и со многу љубов. Јехова нека те благослови затоа што се трудиш да присуствуваш и да извлечеш корист од оваа „храна во вистинско време“ која духовно ги крепи Божјите слуги (Мат. 24:45).

[Прашања]

1. Како програмата на последниот посебен собир ти помогна тебе и на другите?

2. Што содржи програмата за следниот посебен собир?

3. Како може да извлечеме потполна корист ако присуствуваме на собирот?

4. Зошто треба со радост да го очекуваме претстојниот посебен собир?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели