ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/06 стр. 4
  • Нова програма за Посебниот собир

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нова програма за Посебниот собир
  • Нашата служба за Царството 2006
  • Сличен материјал
  • „Храна во вистинско време“
    Нашата служба за Царството 2010
  • Програма за Посебниот собир за 2009 година
    Нашата служба за Царството 2009
  • Нова програма за Денот на посебен состанок
    Нашата служба за Царството 1996
  • Нова програма за Денот на посебен состанок
    Нашата служба за Царството 1994
Повеќе
Нашата служба за Царството 2006
km 8/06 стр. 4

Нова програма за Посебниот собир

Зајакнати од светиот дух, раните христијани силно се напрегале да ја објавуваат добрата вест во колку што е можно поголем обем (Дела 1:8; Кол. 1:23). Програмата на Посебниот собир за 2007 службена година со тема: „Бидете потполно посветени на проповедањето на речта“ ќе ни помогне да го следиме нивниот одличен пример (Дела 18:5).

Во врска со Божјата реч, цар Давид рекол: „Господовото сведоштво е верно, му дава мудрост на неукиот“ (Пс. 19:7). Внимателно подготвената програма за Посебниот собир во 2007 службена година ќе нагласи колку многу може Библијата да ни помогне да се ‚поправаме‘ и ќе нѐ охрабри да ја користиме Божјата реч да проповедаме и да поучуваме со чувство на итност (2. Тим. 3:16, 17). Новата програма ќе покаже како да ги избегнеме стапиците и како ќе ни користи применувањето на библиските начела во секојдневниот живот. Исто така ќе ни помогне да ја користиме Божјата реч за да им помогнеме на младите и на новите духовно да напредуваат.

Потруди се да бидеш присутен кога ќе започне програмата, и внимателно слушај. Прави си забелешки за оние работи што можеш лично да ги примениш. Слушај ги со благодарност упатствата и потсетувањата што ќе ги добиеш, и размислувај за тоа како да го примениш она што го учиш.

Програмата на Посебниот собир ќе го зголеми нашето ценење за Божјата реч, ќе нѐ потсети да продолжиме непоколебливо и ревносно да ја проповедаме добрата вест за Царството и ќе ни покаже како да им помогнеме на другите да го прават истото. Затоа, биди решен да не пропуштиш ниту една духовна поука и упатство што ни ги дава Јехова на овој начин! (Иса. 30:20б, 21).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели