Нова програма за Денот на посебен состанок
1 Програмата на нашиот ден на посебен состанок што ќе започне во септември ќе ја обработува темата „Сведочете и понатаму за вистината“. Целата програма ќе се сосредоточи на примерот што ни го оставил Исус и на тоа како тој ја користел секоја прилика да ја подели вистината со другите. Програмата ќе ја нагласи нашата одговорност како ученици на Христос да го имитираме во сведочењето за вистината (1. Кор. 11:1).
2 Ќе биде разгледана улогата што ја игра собранието во ширењето на вистината. Исто така ќе биде нагласено добро да се користат нашите списанија и другите публикации.
3 Главното предавање што ќе го одржи гостувачкиот предавач ќе носи наслов: „Сведочење за вистината — Што се постигнува со тоа“ (Јован 8:32). Овој ден на посебен состанок сигурно ќе го продлабочи нашето ценење за вистината и на сите нас ќе ни помогне да останеме непоколебливи и „утврдени во . . . вистина[та]“ (2. Петр. 1:12; 1. Кор. 15:58).