Нова програма за Денот на специјален собир
Подготовката за Денот на специјален собир започна во 1987. Овие еднодневни собири се покажаа изградувачки за Јеховините слуги и за заинтересираните кои присуствувале. Почнувајќи од септември 1998, ќе биде изнесена нова програма за Денот на специјален собир. Ќе увидиш дека деветте говори, како и бројните интервјуа и искуства ќе бидат духовно корисни.
„Покажи ценење за Јеховината трпеза“ е темата на новата програма (Иса. 65:14; 1. Кор. 10:21). Таа ќе ја зајакне нашата одлучност обожавањето на Јехова да го зазема најистакнато место во нашите животи (Псал. 26:4). Покраинскиот надгледник ќе зборува на темата „Да ги испитаме склоностите на нашите срца“ кон присуството на состаноците. Еден гостувачки говорник ќе ни покаже како „Да задржиме духовност хранејќи се од Јеховината трпеза“. И на младите во Јеховината организација ќе им биде дадено практично охрабрување да останат цврсти во службата за Бог. Главното предавање на посетувачкиот говорник, со наслов „Духовно зајакнати за да даваме смело сведоштво“, ќе покаже како подготовките што се направени преку собранието нѐ опремуваат смело да сведочиме за Царството. Кој не би сакал да извлече корист од оваа програма?
Новопредадените кои сакаат да се крстат треба да го информираат претседавачкиот надгледник колку што е можно поскоро. Уверени сме дека, додека влегуваме во 12-тата година од подготовката за Ден на специјален собир, секој присутен ќе биде духовно поткрепен за делото што е пред нас.