ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/13 стр. 2
  • Божјата Реч е делотворна

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Божјата Реч е делотворна
  • Нашата служба за Царството 2013
  • Сличен материјал
  • Програма за Посебниот собир за 2009 година
    Нашата служба за Царството 2009
  • „Храна во вистинско време“
    Нашата служба за Царството 2010
  • Нова програма за Денот на специјален собир
    Нашата служба за Царството 2000
  • Нова програма за Денот на специјален собир
    Нашата служба за Царството 1998
Повеќе
Нашата служба за Царството 2013
km 8/13 стр. 2

Божјата Реч е делотворна

1. Која е темата на посебниот собир за 2014 службена година?

1 За разлика од сѐ што доаѓа од несовршените луѓе, Библијата има моќ да нѐ менува — да нѐ поттикне да размислуваме и да постапуваме во склад со Јеховината волја. Но, колку е делотворна Божјата Реч? Колкава моќ има? Како потполно да ја искористиме нејзината моќ во нашиот живот? Како можеме со неа уште поделотворно да им помагаме на другите? Сигурни сме дека сите ќе се зајакнеме духовно кога овие мисли ќе бидат обработени во текот на програмата на посебниот собир за 2014 службена година. Темата на собирот е „Божјата Реч е делотворна“ и се темели на Евреите 4:12.

2. На кои прашања треба да најдеме одговор во текот на програмата?

2 Најди ги одговорите на овие прашања: Додека ја следиш програмата, најди ги одговорите на следниве прашања.

• Зошто треба да ѝ веруваме на Јеховината Реч? (Пс. 29:4).

• Како можеме да ја почувствуваме моќта на Божјата Реч во нашиот живот? (Пс. 34:8).

• Како можеме да ја користиме моќта на Божјата Реч во нашата служба? (2. Тим. 3:16, 17).

• Што можеме да направиме за да не станеме жртва на измамливата моќ на светот на Сатана? (1. Јов. 5:19).

• Како можеш како млад човек духовно да напредуваш? (Ерем. 17:7).

• Како можеме да бидеме силни, дури и кога сме слаби? (2. Кор. 12:10).

• Што е потребно за да продолжиме да правиме промени во животот, дури и ако се работи за вкоренети лоши навики и ставови? (Еф. 4:23).

3. Освен програмата, што друго на посебниот собир ќе нѐ охрабри?

3 Овие важни информации многу ќе ни користат. Освен тоа, на посебниот собир, исто како на покраинскиот собир и на обласниот конгрес, имаме можност подобро да се запознаеме со браќа и сестри од други собранија (Пс. 133:1-3; 2. Кор. 6:11-13). Затоа, дружи се со старите пријатели и запознај нови. Ако на посебниот собир учество има обласниот надгледник или говорник од Бетел, би можел да се поздравиш со него и со неговата сопруга. Да, имаме многу причини со радост да го очекуваме посебниот собир!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели