ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w99 1/2 стр. 30-31
  • „Јехова“ или „Јахве“?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Јехова“ или „Јахве“?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Во коренот на полемиката
  • Што има во името?
  • Зошто да го користиме Божјето име иако не се знае како точно се изговара?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Божјето име — Неговото значење и изговор
    Божественото име кое ќе остане засекогаш
  • Кој е Јехова?
    Одговор на библиски прашања
  • „Име што не смее да се изговори“?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
w99 1/2 стр. 30-31

„Јехова“ или „Јахве“?

„МЕЛЕЗ“, „хибрид“, „неприродно“. Што ги навело еврејските изучувачи на Библијата да користат такви јаки термини? Во прашање е тоа дали „Јехова“ е исправен македонски изговор на Божјето име. Оваа полемика беснее над сто години. Денес се чини дека повеќето изучувачи го претпочитаат двосложното „Јахве“. Но, дали изговорот „Јехова“ е навистина толку „неприроден“?

Во коренот на полемиката

Според Библијата, самиот Бог му го открил своето име на човештвото (2. Мојсеева 3:15, NW). Библискиот доказ покажува дека Божјите древни слуги слободно го користеле тоа име (1. Мојсеева 12:8; Рут 2:4, обата NW). Божјето име им било познато и на другите нации (Исус Навин 2:9, NW). Ова било случај особено откако Евреите, кои се вратиле од изгнанството во Вавилон, дошле во контакт со луѓето од многу нации (Псалм 96:2—10; Исаија 12:4; Малахија 1:11, сите NW). The Interpreter’s Dictionary of the Bible вели: „Постои прилично голем доказ дека во периодот после изгнанството, многу странци биле привлечени кон религијата на Евреите“. Меѓутоа, до првиот век н. е. се развило едно празноверие во врска со Божјето име. На крај, еврејската нација не само што престанала отворено да го користи Божјето име туку некои дури и забранувале воопшто да се изговара. На тој начин неговиот исправен изговор се изгубил — или, дали се изгубил?

Што има во името?

Божјето име во хебрејскиот јазик се пишува со יהוה. Овие четири букви, кои се читаат оддесно налево, вообичаено се наречени тетраграматон. Многу имиња на луѓе и места кои се спомнати во Библијата содржат скратен облик од божественото име. Можно ли е овие лични именки да понудат некои идеи за тоа како се изговарало Божјето име?

Според Џорџ Бјуканан, почесен професор на Теолошкиот факултет Весли во Вашингтон (Д. К., САД), одговорот е „да“. Професор Бјуканан објаснува: „Во древни времиња, родителите честопати им ставале на децата имиња според своите божества. Тоа значи дека тие ги изговарале имињата на своите деца онака како што се изговарало името на божеството. Во имињата на луѓето се користел тетраграматонот, и тие секогаш ја користеле средната самогласка“.

Разгледај неколку примери на лични именки кои се наоѓаат во Библијата, а кои вклучуваат скратен облик од Божјето име. Јонатан, име кое во хебрејската Библија се појавува како Јонатан или Јехонатан значи „Јахо или Јахова дал“, вели професор Бјуканан. Името на пророкот Илија е Илија или Илијаху на хебрејски. Според професор Бјуканан, името значи „Јахо или Јахова е мој Бог“. Слично, и хебрејското име за Јосафат е Јехошафат што значи „Јахо суди“.

Двосложниот изговор на тетраграматонот како „Јахве“ не дозволува гласот на самогласката о да постои како дел од Божјето име. Но, во десетина библиски имиња кои го вклучуваат божественото име, гласот на оваа средна самогласка се појавува и во оригиналот и во скратените облици, како во Јехонатан и Јонатан. Затоа, во врска со божественото име, професор Бјуканан вели: „Во ниеден случај не се испушта самогласката оо или ох. Зборот некогаш се скратувал како ‚Ја‘, но никогаш како ‚Јахве‘ . . . Кога тетраграматонот се изговарал во еден слог, било ‚Јах‘ или ‚Јо‘. Кога се изговарал во три слога, тоа би било ‚Јахова‘ или ‚Јахоова‘. Ако некогаш бил скратен во два слога, тоа би било ‚Јахо‘“ (Biblical Archaeology Review).

Овие коментари ни помагаат да ја разбереме изјавата која ја дал хебрејскиот изучувач од 19 век Гезениус во својот Hebrew and Chaldee Lexicon to the Old Testament Scriptures: „Оние кои сметаат дека יְהוָֹה [Јехова] бил вистинскиот изговор [на Божјето име] не се сосема без темел на кој ќе го бранат своето мислење. Вака може на уште позадоволителен начин да се објаснат скратените слогови יְהוֹ [Јехо] и יוֹ [Јо] со кои започнуваат многу лични имиња“.

Сепак, во уводот на својот неодамнешен превод на The Five Books of Moses, Еверет Фокс истакнува: „И старите и новите обиди повторно да се врати ‚исправниот‘ изговор на хебрејското име [на Бог] не успеале; не може конечно да се докаже ниту некогаш слушаното ‚Јехова‘ ниту стандардното школско ‚Јахве‘“.

Дебатата на изучувачите несомнено ќе продолжи. Евреите престанале да го изговараат името на вистинскиот Бог пред масоретите да го развијат системот со ознаки на самогласките. Според тоа, не постои дефинитивен начин да се докаже кои самогласки ги придружувале согласките ЈХВХ (יהוה). Сепак, самите имиња на библиските ликови — чиј исправен изговор никогаш не се изгубил — даваат една опиплива идеја за древниот изговор на Божјето име. Поради тоа, барем некои изучувачи се сложуваат дека на крајот на краиштата изговорот „Јехова“ не е толку „неприроден“.

[Слики на страница 31]

„Јехова“ е најпопуларниот изговор на Божјето име

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели