ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 15/1 стр. 30-31
  • Пренесување порака на утеха во Италија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Пренесување порака на утеха во Италија
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Помагање на една жена во неволја
  • Сведочење во имигрантски камп
  • Една калуѓерка ја прифаќа утехата од Јехова
  • Да се изградуваат христијански личности во нашите деца
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Јеховините сведоци проповедаат неформално со добри резултати
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Една калуѓерка по 25 години конечно ја спознава вистината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Библиската вистина ослободува една калуѓерка во Боливија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 15/1 стр. 30-31

Ние сме од оние кои имаат вера

Пренесување порака на утеха во Италија

ЈЕХОВА е „Бог на секоја утеха“. Со тоа што учат да го имитираат, неговите слуги ‚можат да ги тешат оние кои се наоѓаат во секаква мака‘ (2. Коринтјаните 1:3, 4; Ефесјаните 5:1). Ова е една од главните цели на проповедничкото дело кое го вршат Јеховините сведоци.

Помагање на една жена во неволја

Особено во последниве години, сиромаштијата, војната и желбата да се најде подобар живот поттикнале многумина да имигрираат во побогатите земји. Но, не е лесно приспособувањето кон новата околина. Мањола живеела со сонародници Албанци во Боргоманеро. Со оглед на тоа што во Италија престојувала илегално, таа се колебала да разговара со Ванда, која е Јеховин сведок. Сепак, Ванда конечно закажала средба со Мањола која брзо покажала голем интерес да ја проучува Божјата реч, иако јазичната бариера ѝ го отежнувала тоа. Меѓутоа, после неколку посети, Ванда повеќе не можела да најде дома никого. Што се случило? Дознала дека сите станари од таа куќа побегнале бидејќи еден од нив — момчето на Мањола — го барале заради убиство!

После четири месеци, Ванда повторно ја сретнала Мањола. „Бледа и слаба, таа личеше на човек кој навистина минал низ тежок период“, се присетува Ванда. Мањола објаснила дека нејзиното поранешно момче е в затвор и дека пријателите кај кои се обратила за помош горко ја разочарале. Очајно му се молела на Бог за помош. Тогаш се сетила на Ванда, која зборувала за Библијата. Колку само била среќна Мањола што повторно се виделе!

Библиската студија била обновена и набрзо Мањола почнала да присуствува на христијанските состаноци. Успеала да добие законска дозвола да остане во Италија. После една година, Мањола станала крстен Сведок. Утешена од божествените ветувања, се вратила во Албанија за да ја споделува утешителната порака од Библијата со своите сограѓани.

Сведочење во имигрантски камп

Многу собранија во Италија направиле подготовки да им сведочат на имигрантите како Мањола. На пример, едно собрание од Фиренца направило подготовки редовно да посетува еден имигрантски камп. Жителите на кампот — од кои многумина се од Источна Европа, Македонија и Косово — доживувале различни тешкотии. Некои имале проблеми со дрога или со алкохол. Многумина се издржувале со ситни кражби.

Проповедањето во оваа средина е предизвик. Меѓутоа, една полновремена евангелизаторка по име Паола на крај стапила во контакт со Жаклина, една госпоѓа од Македонија. После неколку разговори, Жаклина ја охрабрила својата пријателка Сузана да ја испита Библијата. Сузана, пак, од своја страна, разговарала со некои други роднини. Набрзо, петмина од семејството редовно ја проучувале Библијата, присуствувале на христијанските состаноци и го применувале во пракса она што го учеле. И покрај проблемите со кои мора да се соочуваат, тие црпат утеха од Јехова и од неговата Реч.

Една калуѓерка ја прифаќа утехата од Јехова

Во градот Формија, една полновремена евангелизаторка по име Асунта, разговарала со една жена која тешко се движела. Жената била калуѓерка и припаѓала на еден религиозен ред кој им укажува помош на болните и немоќните во болниците и во приватните домови.

Асунта ѝ рекла на калуѓерката: „И вие страдате, зарем не? За жал, сите ние имаме проблеми со кои треба да се бориме“. Тогаш калуѓерката почнала да плаче и објаснила дека има сериозни здравствени проблеми. Асунта ја охрабрила, велејќи ѝ дека Богот на Библијата би можел да ја утеши. Калуѓерката ги зела списанијата темелени на Библијата кои ѝ ги понудила Асунта.

Во текот на нивниот следен разговор, калуѓерката, која се вика Палмира, признала дека многу страда. Долго време живеела во еден институт со кој управувале калуѓерки. Кога од здравствени причини морала привремено да излезе оттаму, не ѝ било дозволено повторно да се врати. Сепак, Палмира се чувствувала обврзана кон Бог поради заветите кои ги дала како калуѓерка. Се обратила кај некои исцелители заради „третман“, но била трауматизирана од она што го доживеала. Палмира се сложила да ја проучува Библијата, и цела година одела на христијанските состаноци. Потоа се преселила во едно друго подрачје, и жената Сведок изгубила контакт со неа. После две години Асунта повторно ја нашла. Палмира доживеала големо противење од семејството и од свештенството. Сепак, ја обновила својата библиска студија, духовно напредувала и станала крстен Јеховин сведок.

Да, многумина се охрабрени од пораката на ‚Богот кој дава утеха‘ (Римјаните 15:4, 5). Затоа, Сведоците на Јехова во Италија се одлучни и понатаму да го имитираат Бог со тоа што ќе им ја пренесуваат на другите неговата прекрасна порака на утеха.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели