ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 15/4 стр. 30
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Сличен материјал
  • Да служиме заедно со стражарот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Се сеќаваш ли?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Се сеќаваш ли?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Се сеќаваш ли?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 15/4 стр. 30

Се сеќаваш ли?

Дали го цениш тоа што можеше да ги читаш поновите изданија на Стражарска кула? Тогаш, види дали ќе можеш да одговориш на следниве прашања:

• Што го олеснило патот Божиќ да биде усвоен во Кореја?

Во Кореја и во некои други земји имало едно старо верување за еден бог на кујната за кого се сметало дека во декември доаѓа низ оџакот и донесува подароци. Исто така, после II светска војна американските војници делеле подароци и помош во локалните цркви (15.12., страници 4, 5).

• Во исполнување на Исаија 21:8, кој „стражар“ го има Бог во нашево време?

Духовно помазаните христијани, кои служат како класа на стражарот, ги предупредуваат луѓето за значењето на светските настани кои го исполнуваат библиското пророштво. Исто така, тие им помагаат на библиските студенти да ги препознаат и да ги избегнуваат небиблиските доктрини и практики (1.1., страници 8, 9).

• Кои биле „Полските браќа“?

Тие биле една мала религиозна група во 16 и 17 век во Полска која охрабрувала на приврзаност кон Библијата и затоа ги отфрлила општо прифатените црковни доктрини како, на пример, тројството, крштавањето бебиња и пеколниот оган. Со текот на времето, биле сурово прогонувани и принудени да се распрснат во други земји (1.1., страници 21—23).

• Зошто треба да имаме доверба во библиските пророштва, а не во предвидувањата на футуролозите или астролозите?

Човечките наводни пророци се покажуваат недоверливи бидејќи ги игнорираат Јехова и Библијата. Само библиските пророштва можат да ти помогнат да дознаеш како настаните се вклопуваат во Божјата намера, и да извлечеш трајна корист за себе и за своето семејство (15.1., страница 3).

• Кои се некои видови докази кои покажуваат дека живееме во последните денови?

Можеме да ги видиме последиците од исфрлањето на Сатана од небото (Откровение 12:9). Живееме во времето на последниот „цар“ спомнат во Откровение 17:9—11. Бројот на вистински помазани христијани се намалува, сепак, изгледа некои сѐ уште ќе бидат на Земјата кога ќе почне големата неволја (15.1., страници, 12, 13).

• Кога била напишана книгата Авакум, и зошто треба да бидеме заинтересирани за неа?

Оваа библиска книга била напишана околу 628 пр.н.е. Таа го содржи Јеховиниот суд против древната Јуда и против Вавилон. Исто така, се осврнува и на божествениот суд кој наскоро ќе дојде врз сегашниов зол систем (1.2., страница 8).

• Каде во Библијата можеме да најдеме мудар мајчински совет за способни сопруги?

Последното поглавје од книгата Изреки, поглавје 31, е одличен извор на такви совети (1.2., страници 30, 31).

• Зошто можеме да бидеме благодарни што Јехова ни го открил ‚Христовиот ум‘? (1. Коринтјаните 2:16).

Преку евангелискиот запис, Јехова ни овозможил да учиме за Исусовите мисли, чувства, активности и приоритети. Ова може да ни помогне да бидеме послични на Исус, особено во нагласокот што го ставаме на животоспасувачкото дело на проповедање (15.2., страница 25).

• Дали Бог одговара на молитвите денес?

Да. Иако Библијата покажува дека Бог не одговара на сите молитви, современите искуства покажуваат дека тој честопати одговарал на луѓето кои се молеле за утеха и помош во работи како што е решавањето на брачните проблеми (1.3., страници 3—7).

• Што можеме да правиме за да црпиме Божја сила?

Можеме да ја бараме во молитва, да црпиме од Библијата духовна сила и да се јакнеме преку христијанското дружење (1.3., страници 15, 16).

• Како можат родителите да им помогнат на своите деца да извлечат поголема корист од христијанските состаноци?

Можат да им помогнат на своите деца да останат будни, можеби со тоа што ќе се погрижат да поспијат пред тоа. Можат да ги охрабрат децата да прават „белешки“ како, на пример, да бележат на хартија секојпат кога ќе се кажат познати зборови или имиња (15.3., страници 17, 18).

• Кои се некои работи што можеме да ги научиме од примерот на Јов?

Јов на прво место го ставил својот однос со Јехова, бил праведен во постапките со другите луѓе, настојувал да биде лојален на брачната партнерка, покажал грижа за духовноста на своето семејство и верно истрајал под испит (15.3., страници 25—27).

• Дали Библијата содржи некаков скриен код кој дава увид во кодирани пораки?

Не. Тврдењата за наводен скриен код би можеле да бидат подеднакво изнесени и во врска со некои световни книги. Наводните кодови во Библијата би испаднале бесмислени поради разликите во спелувањето во хебрејските манускрипти (1.4., страници 30, 31).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели