ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 15/5 стр. 15-19
  • Имај вера во Божјата пророчка реч!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Имај вера во Божјата пророчка реч!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Потрага по Семето
  • Се појавува Месијата!
  • Поздрави го месијанскиот Цар!
  • Задржи вера во Божјата пророчка реч
  • Иднината на човештвото претскажана во Божјата пророчка реч
  • Јехова му ветува прекрасна награда на Даниел
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Обрни внимание на Божјата пророчка реч за нашево време
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Да се препознаат вистинските обожаватели во времето на крајот
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Севкупната складност на Библијата
    Библијата — Реч Божја или човечка?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 15/5 стр. 15-19

Имај вера во Божјата пророчка реч!

„Ја имаме пророчката реч уште посигурна“ (2. ПЕТРОВО 1:19, NW).

1, 2. Кое е првото пророштво што некогаш било запишано, и кое е едно од прашањата кои ги покренало тоа?

ИЗВОР на првото пророштво што некогаш е запишано бил Јехова. Откако Адам и Ева згрешиле, Бог ѝ рекол на змијата: „Јас ќе поставам непријателство помеѓу тебе и жената, помеѓу твоето семе и нејзиното Семе: Тој ќе ти ја сотрува главата, а ти ќе Му ја сотруваш петицата“ (1. Мојсеева 3:1—7, 14, 15, ДХК). Поминале векови пред овие пророчки зборови да се разберат во потполност.

2 Тоа прво пророштво понудило вистинска надеж за грешното човештво. Подоцна Писмото го идентификува Сатана Ѓаволот како „старата змија“ (Откровение 12:9). Но, кој ќе биде Божјето ветено Семе?

Потрага по Семето

3. Како Авел практикувал вера во првото пророштво?

3 За разлика од својот татко, побожниот Авел практикувал вера во првото пророштво. Очигледно Авел сфатил дека за да се покрие гревот ќе биде потребно пролевање крв. Затоа верата го поттикнала да принесе животинска жртва која се покажала прифатлива за Бог (1. Мојсеева 4:2—4). Сепак, идентитетот на ветеното Семе останал тајна.

4. Кое ветување му го дал Бог на Авраам, и што покажувало тоа во врска со ветеното Семе?

4 Отприлика 2.000 години после времето на Авел, Јехова му го дал на патријархот Авраам следново пророчко ветување: „Навистина, Јас ќе те благословам и преблагословам, и потомството твое ќе го умножам и преумножам како ѕвездите на небото . . . и ќе бидат благословени преку потомството [семето, NW] твое сите народи на земјата“ (1. Мојсеева 22:17, 18). Тие зборови го поврзале Авраам со исполнувањето на првото пророштво. Покажале дека Семето преку кое ќе бидат уништени сатанските дела ќе се појави во лозата на Авраам (1. Јованово 3:8). „Во ветувањето Божјо [Авраам] не се посомни со неверие“, а тоа не го сториле ни другите претхристијански сведоци на Јехова кои ‚не го добиле ветеното‘ (Римјаните 4:20, 21; Евреите 11:39). Наместо тоа, тие ја задржале верата во Божјата пророчка реч.

5. На кого се исполнило Божјето ветување за Семето, и зошто одговараш така?

5 Апостол Павле го идентификувал Божјето ветено Семе кога напишал: „Ветувањата му беа дадени на Авраама и на семето негово. Не е речено: ‚и на семињата‘, како за мнозина, а за еден: ‚и на семето твое‘, кое е Христос“ (Галатјаните 3:16). Семето преку кое требало да се благословат нациите не ги вклучувало сите од Авраамовото потомство. Потомците на неговиот син Исмаил и на неговите синови од Кетура не биле употребени за да се благослови човештвото. Семето на благослов дошло преку неговиот син Исак и внукот Јаков (1. Мојсеева 21:12; 25:23, 31—34; 27:18—29, 37; 28:14). Јаков покажал дека „народите“ ќе му бидат послушни на Шило од племето на Јуда, но подоцна Семето било ограничено на Давидовата лоза (1. Мојсеева 49:10, ДХК; 2. Царства 7:12—16). Евреите од првиот век очекувале да дојде некоја личност како Месија, или Христос (Јован 7:41, 42). А Божјето пророштво за Семето се исполнило на неговиот Син, Исус Христос.

Се појавува Месијата!

6. а) Како да го разбереме пророштвото за 70-те седмици? б) Кога и како Исус го ‚запечатил гревот‘?

6 Пророкот Даниил запишал едно многу важно месијанско пророштво. Тој, во првата година на Дариј Медиецот, сфатил дека 70-годишната опустошеност на Ерусалим била при крај (Јеремија 29:10; Даниил 9:1—4). Додека Даниил се молел, ангелот Гавриил дошол и му открил дека ‚седумдесет седмици се одредени за да биде запечатен гревот‘. Месијата требало да биде предаден во средината на 70-тата седмица. „Седумдесетте седмици“ започнале во 455 пр.н.е., кога од персискиот цар Артаксеркс I ‚излегло словото повторно да се изгради Ерусалим‘ (Даниил 9:20—27; Неемија 2:1—8). Месијата требало да дојде после 7 седмици плус 62 седмици. Овие 483 години течеле од 455 пр.н.е. до 29 н.е., годината кога Исус се крстил и Бог го помазал како Месија, или Христос (Лука 3:21, 22). Исус ‚го запечатил гревот‘ така што го дал својот живот како откупнина во 33 н.е. (Марко 10:45). Какви само цврсти причини да се има вера во Божјата пророчка реч!a

7. Користејќи го Писмото, покажи како Исус ги исполнил месијанските пророштва.

7 Верата во Божјата пророчка реч ни овозможува да го идентификуваме Месијата. Од многуте месијански пророштва запишани во Хебрејските списи, писателите на Христијанските грчки списи директно примениле на Исус голем број од нив. Да илустрираме: Исус го родила девица во Витлеем (Исаија 7:14; Михеј 5:2; Матеј 1:18—23; Лука 2:4—11). Тој бил повикан од Египет, и откако се родил биле убивани бебиња (Јеремија 31:15; Осија 11:1; Матеј 2:13—18). Исус ги понел на себе нашите болести (Исаија 53:4; Матеј 8:16, 17). Како што било претскажано, тој влегол во Ерусалим на прле од магаре (Захарија 9:9; Јован 12:12—15). Зборовите на псалмистот се исполниле откако Исус бил прикован кога војниците ја поделиле неговата облека помеѓу себе и фрлиле ждрепка за неговата облека (Псалм 21:18; Јован 19:23, 24). Фактот дека Исусовите коски не биле скршени и дека бил прободен исто така биле исполнување на пророштво (Псалм 33:20; Захарија 12:10; Јован 19:33—37). Ова се само неколку примери на месијански пророштва кои божествено инспирираните библиски писатели ги примениле на Исус.b

Поздрави го месијанскиот Цар!

8. Кој е Прадревниот, и како се исполнило пророштвото запишано во Даниил 7:9—14?

8 Во првата година на вавилонскиот цар Валтазар, Јехова му дал на својот пророк Даниил сон и извонредни визии. Пророкот најпрвин видел четири огромни ѕверови. Божјиот ангел ги идентификувал како „четири цара“, покажувајќи на тој начин дека тие симболизираат последователни светски сили (Даниил 7:1—8, 17). Потоа Даниил го видел Јехова, „Прадревниот“ (ДХК) како седи славно востоличен. Донесувајќи неповолна пресуда за ѕверовите, тој им го одзел владетелството и го уништил четвртиот ѕвер. Трајното владетелство над „народи, племиња и јазици“ тогаш му било предадено на некој како „Синот Човечки“ (Даниил 7:9—14). Какво само прекрасно пророштво во врска со востоличувањето на „Синот Човечки“, Исус Христос, на небото во 1914 година! (Матеј 16:13).

9, 10. а) На што укажувале различните делови на ликот од сонот? б) Како би го објаснил исполнувањето на Даниил 2:44?

9 Даниил знаел дека Бог „соборува цареви и поставува цареви“ (Даниил 2:21). Со вера во Јехова, оној „Кој открива тајни“, пророкот го разоткрива значењето на сонот на вавилонскиот цар Навуходоносор за огромниот лик. Неговите различни делови укажувале на подемот и падот на светските сили како Вавилон, Медо-Персија, Грција и Рим. Бог го употребил Даниил и да даде краток преглед на светските настани сѐ до нашево време, а и после тоа (Даниил 2:24—30).

10 „Во времето на овие цареви“, кажува пророштвото, „Небесниот Бог ќе подигне Царство кое никогаш нема да пропадне и не ќе помине врз некој друг народ. Тоа ќе ги разбие и ќе ги уништи сите оние царства, а самото ќе стои довека“ (Даниил 2:44, ДХК). Кога „одредените времиња на нациите“ (NW) завршиле, во 1914 година, Бог го воспоставил небесното Царство под Христос (Лука 21:24; Откровение 12:1—5). Тогаш со божествена моќ „каменот“ на месијанското Царство бил откачен од „планината“ на Божјиот универзален суверенитет. Во Армагедон тој камен ќе го удри ликот и ќе го претвори во прав. Како владејачка планина која ќе влијае над „целата земја“, месијанското Царство ќе остане засекогаш (Даниил 2:35, 45; Откровение 16:14, 16).c

11. На што било претсјај Исусовото преобразување, и какво влијание имала таа визија врз Петар?

11 Имајќи го на ум своето владеење во Царството, Исус им рекол на своите ученици: „Тука стојат некои, што нема да вкусат смрт дури не Го видат Синот Човечки како оди во царството Свое“ (Матеј 16:28). После шест дена, Исус ги зел со себе Петар, Јаков и Јован на една висока планина каде што се преобразил пред нив. Додека еден светол облак ги покривал апостолите, Бог изјавил: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја; Него послушајте Го!“ (Матеј 17:1—9; Марко 9:1—9). Каков само претсјај на славата на Христовото Царство! Не е ни чудо што Петар укажал на таа многу впечатлива визија и рекол: „Според тоа, ја имаме пророчката реч уште посигурна“ (2. Петрово 1:16—19, NW).d

12. Зошто ова е особено време да ја покажеме нашата вера во Божјата пророчка реч?

12 „Пророчката реч“ изгледа ги вклучува не само пророштвата за Месијата од Хебрејските списи туку и Исусовата изјава дека тој ќе дојде „со голема слава и сила“ (Матеј 24:30). Преобразувањето ја потврдило пророчката реч за Исусовото славно доаѓање во моќта на Царството. Наскоро, неговото откривање во слава ќе значи уништување на неверните и благослови за оние кои практикуваат вера (2. Солунјаните 1:6—10). Исполнувањето на библиските пророштва покажува дека ова се „последните денови“ (2. Тимотеј 3:1—5, 16, 17; Матеј 24:3—14). Како Јеховин Главен Погубител, Михаел, кој е Исус Христос, е спремен да го оконча овој злобен систем на ствари во текот на ‚големата неволја‘ (Матеј 24:21, NW; Даниил 12:1). Значи, ова сигурно е времето да покажеме дека имаме вера во Божјата пророчка реч.

Задржи вера во Божјата пророчка реч

13. Што може да ни помогне да ја задржиме љубовта кон Бог и да задржиме жива вера во неговата реч?

13 Сигурно сме биле возбудени кога првпат сме чуле за исполнувањата на Божјата пророчка реч. Но, дали нашата вера оттогаш наваму се намалила и дали нашата љубов се оладила? Никогаш да не станеме како христијаните во Ефес кои ‚ја оставиле својата прва љубов‘ (Откровение 2:1—4). Без оглед на тоа колку долго му служиме на Јехова можеме да доживееме таква загуба ако не ‚го бараме најнапред царството на Бога и Неговата правда‘ за да си собираме богатство на небото (Матеј 6:19—21, 31—33). Марливото проучување на Библијата, редовното учество на христијанските состаноци и ревната активност во проповедањето на Царството ќе ни помогне да ја задржиме својата љубов кон Јехова, кон неговиот Син и кон Писмото (Псалм 118:105; Марко 13:10; Евреите 10:24, 25). Ова пак, од своја страна, ќе ја одржи жива нашата вера во Божјата реч (Псалм 106:12, NW).

14. Како помазаните христијани се наградени за нивната вера во Јеховината пророчка реч?

14 Исто како што Божјата пророчка реч се исполнила во минатото така можеме да имаме вера и во она што таа го претскажува за иднината. На пример, Христовата присутност во славата на Царството сега е реалност, а помазаните христијани кои биле верни до смрт го доживеале исполнувањето на пророчкото ветување: „На оној, што победува, ќе му дадам да јаде од дрвото на животот, кое што е среде Божјиот рај“ (Откровение 2:7, 10; 1. Солунјаните 4:14—17). Исус им ја дава на овие победници предноста ‚да јадат од дрвото на животот‘ во небесниот ‚Божји рај‘. При своето воскресение и преку Исус Христос, тие имаат удел во бесмртноста и нераспадливоста која ја дава Јехова, ‚Царот на вековите, Нераспадливиот, Невидливиот, Единствен Бог‘ (1. Тимотеј 1:17; 1. Коринтјаните 15:50—54; 2. Тимотеј 1:10). Каква само величествена награда за нивната непресушна љубов кон Бог и непоколеблива вера во неговата пророчка реч!

15. Во кого бил положен темелот на ‚новата земја‘, и кои се нивните соработници?

15 Кратко откако верните умрени помазаници биле воскреснати во небесниот ‚Божји рај‘, остатокот од духовниот Израел на Земјата бил ослободен од ‚Големиот Вавилон‘, светското царство на лажната религија (Откровение 14:8; Галатјаните 6:16). Во нив бил положен темелот на ‚новата Земја‘. На тој начин се родила ‚земја‘, и таа била вградена во еден духовен рај кој денес цвета ширум Земјата (Исаија 66:8). Во него токму сега, „на крајот од деновите“, надоаѓаат мноштвата слични на овци кои се соработници на духовниот Израел (Исаија 2:2—4, ДХК; Захарија 8:23; Јован 10:16; Откровение 7:9).

Иднината на човештвото претскажана во Божјата пророчка реч

16. Какви изгледи имаат оние кои лојално ги поддржуваат помазаниците?

16 Какви изгледи имаат оние кои лојално ги поддржуваат помазаниците? И тие имаат вера во Божјата пророчка реч, и нивната надеж се заснова на влегувањето во земниот Рај (Лука 23:39—43). Таму ќе пијат од „река со вода на животот“ која го поддржува самиот живот, и ќе се лекуваат од ‚лисјата на дрвјата‘ засадени покрај неа (Откровение 22:1, 2). Ако имаш таква прекрасна надеж, покажувај и понатаму длабока љубов кон Јехова и вера во неговата пророчка реч. Биди и ти меѓу оние кои ќе доживеат бесконечна радост — вечен живот на рајската Земја.

17. Какви благослови ќе вклучува животот во земниот Рај?

17 Несовршените луѓе не се во можност целосно да го опишат животот во претстојниот земен Рај, но Божјата пророчка реч ни дава увид во благословите кои тогаш го очекуваат послушното човештво. Кога Божјето Царство ќе владее без никакво противење и кога Божјата волја ќе се врши на Земјата како и на небото, ниеден злобен човек — не, дури ни животно — нема да ‚прави зло и штета‘ (Исаија 11:9, Матеј 6:9, 10). Кротките ќе ја наследат Земјата, и „ќе се насладуваат во изобилен мир“ (Псалм 36:11). Нема да постојат маси луѓе кои гладуваат, зашто ќе ‚има изобилство на живот во земјата, класјето по врвовите ќе шуми‘ (Псалм 72:16, ДХК). Повеќе нема да се леат солзи од тага. Болеста ќе исчезне, дури ни смрт нема да има (Исаија 33:24; Откровение 21:4). Можеш ли да си замислиш — ќе нема лекари, лекови, болници ниту институции за душевни болести, погреби. Какви само сјајни изгледи!

18. а) Каква гаранција му била дадена на Даниил? б) Што ќе биде ‚делот‘ на Даниил?

18 Дури и општиот гроб на човештвото ќе се испразни кога смртта ќе му отстапи место на воскресението. Праведникот Јов имал таква надеж (Јов 14:14, 15). Истото било случај и со пророкот Даниил зашто Јеховиниот ангел му ја дал оваа утешителна гаранција: „А ти оди си и одмори се; ќе станеш да го примиш своето наследство на крајот на деновите“ (Даниил 12:13, ДХК). Даниил верно му служел на Јехова сѐ до крајот на својот живот. Сега тој почива во смрт, но ќе ‚стане‘ во „воскресението на праведните“ во текот на Христовото милениумско владеење (Лука 14:14). Што ќе биде ‚делот‘ на Даниил? Па, во своето рајско исполнување, пророштвото на Језекиил укажува дека сите од Јеховиниот народ ќе имаат свое место, па дури ќе им се подели и земја на праведен и уреден начин (Језекиил 47:13—48:35). Затоа Даниил ќе има место во Рајот, но неговиот дел ќе вклучува повеќе отколку само земја. Ќе го вклучува неговото место во Јеховината намера.

19. Што е потребно за да се живее во земниот Рај?

19 А како е со тебе и со твојот дел? Ако имаш вера во Божјата реч, Библијата, голема е веројатноста дека копнееш по живот во земниот Рај. Можеби дури и се замислуваш себеси таму, како уживаш во многуте негови благослови, како се грижиш за Земјата и како радосно им изразуваш добредојде на мртвите. Впрочем, Рајот е местото каде што припаѓа човештвото. Бог го создал првиот човечки пар да живее на такво место (1. Мојсеева 2:7—9). Тој сака послушните луѓе да живеат засекогаш во Рајот. Дали ќе постапуваш во склад со Писмото за да можеш да бидеш меѓу милијардите кои ќе живеат на рајската Земја? Можеш да бидеш таму ако имаш вистинска љубов кон нашиот небесен Татко Јехова и истрајна вера во Божјата пророчка реч.

[Фусноти]

a Види го 11-то поглавје од книгата Обрни внимание на Даниеловото пророштво! и „Седумдесет седмици“ во Insight on the Scriptures (Увид во Писмото) издадени од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

b Види „Све је Писмо од Бога надахнуто и корисно“, страници 343, 344, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

c Види ги 4-то и 9-то поглавје од книгата Обрни внимание на Даниеловото пророштво!

d Види ја статијата „Обрни внимание на Божјата пророчка реч“ која излезе во Стражарска кула од 1 април 2000.

Како би одговорил?

• Кое е првото пророштво, и кој е ветеното Семе?

• Кои се некои од месијанските пророштва што се исполниле на Исус?

• Како ќе се исполни Даниил 2:44, 45?

• На каква иднина за послушното човештво укажува Божјата пророчка реч?

[Слика на страница 18]

Дали се надеваш да живееш во земниот Рај?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели