ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 1/6 стр. 14-19
  • ‚Спаси се и себеси и оние кои те слушаат‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ‚Спаси се и себеси и оние кои те слушаат‘
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Обрнувај постојано внимание на себе“
  • ‚Обрнувај внимание на своето поучување‘
  • Помогни му на студентот да стане Јеховин пријател
  • Работи на тоа да ги спасиш своите деца
  • Обрни внимание како поучуваш
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Како да им помогнеме на оние со кои проучуваме да се крстат (втор дел)
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Помогни им на другите да бидат послушни на она што го учи Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Како да им помогнеме на оние со кои проучуваме да се крстат (прв дел)
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 1/6 стр. 14-19

‚Спаси се и себеси и оние кои те слушаат‘

„Обрнувај постојано внимание на себе и на своето поучување . . . правејќи го ова ќе се спасиш и себеси и оние кои те слушаат“ (1. ТИМОТЕЈ 4:16, NW).

1, 2. Што ги мотивира вистинските христијани да продолжат со своето животоспасувачко дело?

ВО ЕДНО изолирано село во северен Тајланд, еден брачен пар Јеховини сведоци ги испробува своите штотуку стекнати јазични вештини меѓу членовите на едно ридско племе. За да ја споделува добрата вест за Божјето Царство со селаните, овој пар неодамна се зафати со учење на јазикот лаху.

2 „Тешко е да ги опишеме радоста и задоволството што ги чувствуваме работејќи меѓу овие интересни луѓе“, објаснува сопругот. „Навистина се чувствуваме вклучени во исполнувањето на Откровение 14:6, 7, објавувајќи ја радосната новост ‚на секое племе и колено, јазик и народ‘. Останаа само уште малку полиња каде што сѐ уште не продрела добрата вест, а ова сигурно е едно од нив. Имаме речиси повеќе библиски студии отколку што можеме да постигнеме.“ Јасно, овој пар се надева не само да се спаси себеси туку и оние кои ги слушаат. Како христијани, зарем сите ние не се надеваме дека ќе го сториме истото?

„Обрнувај постојано внимание на себе“

3. За да ги спасиме другите, што мораме најпрвин да правиме?

3 Апостол Павле го советувал Тимотеј: „Обрнувај постојано внимание на себе и на своето поучување“, а ова важи за сите христијани (1. Тимотеј 4:16, NW). Навистина, за да им помогнеме на другите да стекнат спасение, мораме најпрвин да обрнеме внимание на себе. Како можеме да го правиме тоа? Како прво, мораме да останеме будни за времето во кое живееме. Исус дал комбиниран знак за да можат неговите следбеници да знаат кога ќе дојде „завршетокот на системот на работи“ (NW). Сепак, Исус исто така рекол и дека ние нема точно да знаеме кога ќе дојде крајот (Матеј 24:3, 36). Како треба да реагираме на овој факт?

4. а) Каков став треба да заземеме кон времето кое му преостанува на овој систем? б) Каков став треба да избегнуваме?

4 Секој од нас би можел да се праша: ‚Дали го користам сето време кое му преостанува на овој систем за да се спасам себеси и оние кои ме слушаат? Или размислувам: „Со оглед на тоа што не знаеме точно кога ќе дојде крајот, нема да се преокупирам со тоа“?‘ Вториов став е опасен. Тој е директно спротивен на Исусовиот поттик: „Бидете и вие готови, зашто во кој час и не мислите, ќе дојде Синот Човечки“ (Матеј 24:44). Ова сигурно не е време да ја изгубиме својата одушевеност за Јеховината служба ниту, пак, е време безбедноста или задоволството да ги бараме во светот (Лука 21:34—36).

5. Каков пример дале Јеховините претхристијански сведоци?

5 Друг начин на кој можеме да покажеме дека обрнуваме внимание на себе е ако верно истрајуваме како христијани. Божјите слуги во минатото истрајале, сеедно дали очекувале непосредно избавување или не. Откако ги навел примерите на претхристијанските сведоци како што биле Авел, Енох, Ное, Авраам и Сара, Павле забележал: „Не добивајќи ги ветувањата, а само оддалеку ги видоа и се уверија, и ги поздравија признавајќи дека се гости и придојдени“. Тие не попуштиле на какви и да било желби за лесен живот ниту, пак, подлегнале на неморалните притисоци околу нив, туку желно и со нетрпение го очекувале ‚добивањето на ветувањата‘ (Евреите 11:13; 12:1).

6. Како гледиштето на христијаните од првиот век за спасението влијаело врз нивниот начин на живеење?

6 Христијаните од првиот век исто така гледале на себе како на „придојдени“ во овој свет (1. Петрово 2:11). Дури и откако биле спасени при уништувањето на Ерусалим во 70 н.е., вистинските христијани не престанале да проповедаат ниту, пак, западнале во световен начин на живот. Знаеле дека оние кои ќе останат верни ги очекува величествено спасение. Всушност, во 98 н.е. апостол Јован напишал: „Светот поминува и похотите негови, а оној, што ја извршува волјата Божја, останува довека“ (1. Јованово 2:17, 28).

7. Како Јеховините сведоци во нашево време покажуваат истрајност?

7 Во денешно време Јеховините сведоци исто така истрајуваат во христијанското дело, иако доживуваат злобно прогонство. Дали нивната истрајност е залудна? Секако не, зашто Исус нѐ уверил: „А кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен“, сеедно дали тоа ќе биде крајот на стариот систем или крајот на сегашниот живот. Во воскресението Јехова ќе се сети на сите свои верни слуги кои умреле и ќе ги награди (Матеј 24:13; Евреите 6:10).

8. Како можеме да покажеме дека ја цениме истрајноста на христијаните од минатото?

8 Освен тоа, среќни сме што верните христијани во минатото не биле загрижени само за своето сопствено спасение. Сигурно дека ние, кои сме научиле за Божјето Царство како резултат на нивните напори, сме благодарни што тие истрајале во извршувањето на Исусовиот налог: „Одете и правете ученици од луѓето од сите нации . . . учејќи ги да држат сѐ што ви заповедав“ (Матеј 28:19, 20, NW). Сѐ додека имаме прилика, можеме да ја покажеме нашата благодарност проповедајќи им на другите кои сѐ уште не ја чуле добрата вест. Меѓутоа, проповедањето е само првиот чекор кон правењето ученици.

‚Обрнувај внимание на своето поучување‘

9. Како може позитивниот став да ни помогне да започнуваме библиски студии?

9 Нашата задача не вклучува само проповедање туку и поучување. Исус ни дал налог да ги поучуваме луѓето да држат сѐ што заповедал тој. Секако, на некои подрачја изгледа дека малкумина сакаат да учат за Јехова. Но, негативното гледиште за подрачјето може да ги попречи нашите напори да започнеме библиски студии. Ивет, пионерка на подрачје кое некои го нарекле неплодно, забележала дека посетителите на тоа подрачје, кои немале таков негативен став, започнале домашни библиски студии. Откако усвоила попозитивно гледиште, и Ивет пронашла луѓе кои сакале да ја проучуваат Библијата.

10. Која е нашата основна улога како библиски учители?

10 Некои христијани можеби се колебаат да им понудат на заинтересираните студија на Библијата бидејќи мислат дека не би можеле да водат студија. Секако, ние имаме различен степен на способности. Но, не мора да сме високо квалификувани за да бидеме успешни како учители на Божјата реч. Чистата порака на Библијата е моќна, а Исус рекол дека лицата слични на овци го познаваат гласот на вистинскиот Пастир кога ќе го слушнат. Значи, наша задача е едноставно да ја пренесеме пораката за Добриот Пастир, Исус, онолку јасно колку што можеме (Јован 10:4, 14).

11. Како можеш да бидеш уште поделотворен во помагањето на некој библиски студент?

11 Како можеш уште поделотворно да ја пренесуваш Исусовата порака? Како прво, запознај се што кажува Библијата за темата која ќе се разгледува. Пред да можеш да ги поучуваш другите за некоја тема, мораш самиот да ја разбираш. Исто така, обиди се да задржиш достоинствена, но пријателска атмосфера за време на проучувањето. Студентите, вклучувајќи ги и најмладите, учат подобро кога се опуштени и кога учителот покажува кон нив почит и љубезност (Изреки 16:21).

12. Како можеш да се осигураш дека студентот го разбира она за кое го поучуваш?

12 Како учител, ти не сакаш само да ги изнесеш фактите за студентот да може да ги повтори механички напамет. Помогни му да го разбере она што го учи. Образованието на студентот, неговото животно искуство и познавање на Библијата ќе влијаат врз неговото разбирање на она што му го кажуваш. Затоа, би можел да се запрашаш: ‚Дали го сфаќа значењето на стиховите кои се наведени во материјалот за проучување?‘ Можеш да го исцрпиш тоа од него со прашања кои не можат да се одговорат едноставно со „да“ или „не“ туку се прашања кои бараат објаснување (Лука 9:18—20). Од друга страна, пак, некои студенти се колебаат да го прашуваат учителот. На тој начин би можеле да продолжат понатаму без целосно да го разберат материјалот што го учат. Охрабри го студентот да поставува прашања и да ти каже кога некоја точка не ја разбира во целост (Марко 4:10; 9:32, 33).

13. Како можеш да му помогнеш на студентот да стане учител?

13 Важна цел при водењето библиска студија е да му се помогне на студентот да стане учител (Галатјаните 6:6). Затоа, како повторување на студијата, би можел да го замолиш да ти објасни некоја точка со едноставни зборови, како да му ја објаснува на некого кој ја слуша за првпат. Подоцна, кога ќе се квалификува за да учествува во службата, можеш да го поканиш да те придружува на теренот. Веројатно ќе му биде угодно да работи со тебе, а искуството ќе му помогне да расте неговата доверба сѐ додека не биде спремен самостојно да оди во службата.

Помогни му на студентот да стане Јеховин пријател

14. Која е твоја првенствена цел како учител, и што ќе придонесе да ја постигнеш?

14 Првенствена цел на секој христијански учител е да му помогне на студентот да го стекне Јеховиното пријателство. Ова ќе го постигнеш не само со своите зборови туку и со својот пример. Поучувањето со пример има силен ефект врз срцата на студентите. Постапките навистина можат да зборуваат погласно од зборовите, особено кога станува збор за всадување на морални особини и влевање ревност кај студентот. Ако тој види дека твоите зборови и постапки потекнуваат од добриот однос со Јехова, можеби ќе биде помотивиран и самиот да негува таков однос.

15. а) Зошто е важно студентот да развие исправен мотив во служењето на Јехова? б) Како можеш да му помогнеш на студентот да продолжи духовно да напредува?

15 Ти сакаш студентот да му служи на Јехова не само заради тоа што не сака да биде уништен во Армагедон туку затоа што го љуби. Помагајќи му да развие таков чист мотив, ќе градиш со огноотпорен материјал кој ќе ги преживее испитите на неговата вера (1. Коринтјаните 3:10—15). Погрешен мотив, како на пример претераната желба да те имитира тебе или некој друг човек, ниту ќе му даде сила да се спротивстави на нехристијанските влијанија ниту, пак, храброст да го прави она што е исправно. Запомни, ти нема да му бидеш учител засекогаш. Додека имаш прилика, можеш да го охрабриш уште повеќе да му се приближи на Јехова така што секој ден ќе ја чита Божјата реч и ќе размислува за неа. На тој начин ќе продолжи да го впива ‚образецот на здравите зборови‘ од Библијата и публикациите темелени на неа долго време откако ќе ја завршиш студијата со него (2. Тимотеј 1:13).

16. Како можеш да го поучиш студентот да се моли од срце?

16 Исто така, можеш да му помогнеш на студентот да му се приближи на Јехова со тоа што ќе го поучуваш да се моли од срце. Како можеш да го правиш тоа? Можеби ќе можеш да го насочиш кон Исусовата пример-молитва, како и кон многуте искрени молитви запишани во Библијата, како што се оние во псалмите (Псалми 16, 85, 142; Матеј 6:9, 10). Освен тоа, кога твојот студент ќе слуша како се молиш при започнувањето и завршувањето на студијата, ќе ги осети твоите чувства кон Јехова. Затоа, твоите молитви треба секогаш да одразуваат искреност и отвореност, како и духовна и емоционална рамнотежа.

Работи на тоа да ги спасиш своите деца

17. Како можат родителите да им помогнат на своите деца да останат на патот на спасението?

17 Меѓу оние кои сакаме да ги спасиме, секако се и членовите на нашето семејство. Голем број деца на христијански родители се искрени и „со тврда вера“. Но, други можеби ја немаат длабоко вкоренето вистината во своите срца (1. Петрово 5:9; Ефесјаните 3:17; Колосјаните 2:7). Многу од овие млади луѓе го напуштаат христијанскиот пат кога се приближуваат или влегуваат во полнолетството. Ако си родител, што можеш да сториш за да ја намалиш веројатноста за таквиот исход? Прво, можеш да работиш на тоа да создадеш здрава семејна атмосфера. Добриот семеен живот го полага темелот за здраво гледиште кон авторитетот, ценење кон исправните морални мерила и среќни односи со другите (Евреите 12:9). На тој начин, цврстите врски во семејството можат да бидат расадник во кој може да расте пријателството на детето со Јехова (Псалм 21:10). Јаките семејства прават сѐ заедно, како единка — дури и ако родителите мора да жртвуваат од времето кое би можеле да го употребат за лична корист. На ваков начин можеш со пример да ги поучиш своите деца да донесуваат исправни одлуки во животот. Родители, она што на вашите деца им е најпотребно од вас, не се материјалните користи, туку вие — вашето време, енергија и љубов. Дали им ги даваш овие работи на твоите деца?

18. Во решавањето на какви прашања родителите мораат да им помогнат на децата?

18 Христијанските родители не смеат никогаш да претпоставуваат дека нивните деца автоматски ќе станат христијани. Даниел, старешина и татко на пет деца, забележува: „Родителите мораат да си го одвојат потребното време за да им помогнат на своите деца да ги растераат сомневањата кои неминовно ги собираат на училиште и на други места. Мора стрпливо да им помагаат на своите деца да ги пронајдат одговорите на прашањата како што се: ‚Дали навистина живееме во времето на крајот? Постои ли всушност само една вистинска религија? Зошто некој навидум добар школски другар не е добро друштво? Дали е секогаш погрешно да се има секс пред бракот?‘“ Родители, можете да сметате на тоа дека Јехова ќе ги благослови вашите напори, зашто и тој е заинтересиран за благосостојбата на вашите деца.

19. Зошто е најдобро самите родители да проучуваат со своите деца?

19 Некои родители можеби се чувствуваат недостаточни кога станува збор за проучување со своите деца. Меѓутоа, не треба да се чувствувате така, зашто никој не е во подобра положба да ги поучи вашите деца отколку вие (Ефесјаните 6:4). Проучувањето со вашите деца ќе ви овозможи од прва рака да дознаете што има во нивното срце и во нивниот ум. Дали она што го изразуваат е од срце или механички? Дали навистина веруваат во она што го учат? Дали Јехова е реален за нив? Одговорите на овие и на други животоважни прашања можеш да ги откриеш само ако ти лично проучуваш со своите деца (2. Тимотеј 1:5).

20. Како можат родителите да ја направат семејната студија корисна и нешто во кое ќе уживаат?

20 Штом започнеш со програма за семејна студија, како можеш да ја одржиш? Џозеф, старешина и татко на мал син и ќерка, вели: „Како и сите библиски студии, семејната студија треба да биде нешто во кое ќе уживаме, нешто што секој со нетрпение го очекува. За да го постигнеме тоа во нашето семејство, не можеме да бидеме премногу крути во однос на времето. Нашата студија може да трае еден час, но дури и ако повремено имаме само десет минути, ние сепак проучуваме. Едно нешто што на децата им ја прави нашата студија врвна точка во седмицата е тоа што ние глумиме сцени од Моја книга со библиски приказни.a Длабочината на впечатокот и разбирањето кои произлегуваат од тоа се далеку поважни од тоа колку пасуси ќе обработиме“.

21. Кога можат родителите да ги поучуваат своите деца?

21 Секако, поучувањето на твоите деца не е ограничено само на формалните периоди на проучување (5. Мојсеева 6:5—7). Сведокот на Тајланд, спомнат во почетокот, вели: „Живо се сеќавам како татко ми ме земаше со себе во делото на проповедање, на нашите велосипеди, до оддалечените делови од нашето собраниско подрачје. Несомнено, убавиот пример на нашите родители и тоа што нѐ поучуваа под секакви околности ни помогна да одлучиме да стапиме во полновремена служба. А поуките очигледно влијаат врз мене. Сѐ уште работам на оддалечените делови од теренот!“

22. Што ќе произлезе од тоа што ‚обрнуваш внимание на себе и на своето поучување‘?

22 Во блиска иднина, токму навреме, Исус ќе дојде за да го изврши Божјиот суд врз овој систем. Потоа, тој величествен настан ќе премине во универзалната историја, но Јеховините верни слуги ќе продолжат да му служат имајќи во изглед вечно спасение. Дали се надеваш да бидеш меѓу нив, заедно со своите деца и библиски студенти? Тогаш запомни: „Обрнувај постојано внимание на себе и на своето поучување. Остани во овие работи, зашто правејќи го ова ќе се спасиш и себеси и оние кои те слушаат“ (1. Тимотеј 4:16, NW).

[Фуснота]

a Издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

Можеш ли да објасниш?

• Каков треба да биде нашиот став, со оглед на тоа што не го знаеме точното време за Божјиот суд?

• На кои начини можеме да ‚обрнуваме внимание на нашето поучување‘?

• Како можеш да му помогнеш на еден студент да стане Јеховин пријател?

• Зошто е важно родителите да одвојат време да ги поучуваат своите деца?

[Слика на страница 15]

Учењето се подобрува во достоинствена, но пријателска атмосфера

[Слика на страница 18]

Глумењето на библиските приказни, како што е онаа кога Соломон им пресудил на двете блудници, придонесува семејните студии да бидат уживање

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели