ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 1/6 стр. 26-28
  • Музика која му е угодна на Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Музика која му е угодна на Бог
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Музика која не му е угодна на Бог
  • Да се направи мудар избор на музика
  • Музиката и преданието
  • Музика која е на фалба на Бог
  • Цар Давид и музиката
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Кое е местото на музиката?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Музиката — Божји дар за душата
    Разбудете се! 2008
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 1/6 стр. 26-28

Музика која му е угодна на Бог

Музиката е опишана како „најстара и најприродна од сите фини уметности“. Како и јазикот, тоа е извонреден дар кој ги одвојува луѓето од животните. Музиката ги побудува емоциите. Може да биде восхит за увото и долго да одѕвонува во мислите. Пред сѐ, музиката може да му биде угодна на Бог.

КАКО што покажува Библијата, Израелците биле музикален народ. Музиката била „истакната уметност во древните библиски времиња“, коментира Unger’s Bible Dictionary. Како дел од секојдневниот живот, и вокалната и инструменталната музика биле обележје на нивното обожавање. Но, во најистакната мера бил користен човечкиот глас.

Цар Давид назначил претставници од Левитите ‚да се грижат за пеењето‘ во шаторот, пред инаугурацијата на храмот кој го изградил неговиот син Соломон (1. Летописи 6:31, 32, ДХК). Кога ковчегот на заветот, кој ја претставувал Јеховината присутност, пристигнал во Ерусалим, Давид направил подготовка некои Левити ‚да Го вознесуваат, да Го слават и да Го фалат Господа‘ (ДХК). Тие ја следеле нивната вокална фалба ‚со псалтири и гусли . . . со свирење на кимвали . . . со труби‘. Овие мажи ‚биле именувани посебно, за да Го слават Господа [Јехова, NW], зашто милоста Негова е вечна‘ (1. Летописи 16:4—6, 41; 25:1).

Рефренот ‚[Јеховината] милост е засекогаш‘ се појавува многупати во Псалмите, библиската книга која е најмногу поврзана со музика. На пример, тој го сочинува вториот дел на секој од 26-те стиха од Псалм 135. „Тоа што е краток го прави поприспособлив кон усните на луѓето“, забележува еден библиски изучувач. „Откако ќе го чуел, секој можел да се сети на него.“

Натписите на псалмите укажуваат колку била раширена употребата на музички инструменти. Псалм 150, освен струните, ги спомнува рогот, харфата, дајрето, кавалот и кимвалите. Сепак, првенствена привлечност има човечкиот глас. Стих 6 поттикнува: „Сѐ што дише — нека Го фали Господа [Јах, NW]. Алилуја [Фалете го Јах, народе, NW]“.

Со оглед на тоа што со музиката ги изразуваме нашите чувства, тажните мисли во библиски времиња поттикнувале тажалки или еднолични песни. Меѓутоа, овој облик на пеење бил ограничен во репертоарот на музиката во Израел. „Само кај погребна песна или тажалка стилот на еднолична песна се претпочитал повеќе од мелодијата на музиката или од модулацијата и усниот нагласок на чистиот говор“, забележува библиската енциклопедија Insight on the Scriptures (Увид во Писмото).a

Ноќта пред својата смрт, Исус и неговите верни апостоли пееле фалби на Јехова, несомнено рецитирајќи ги во песна зборовите од Халел псалмите (Псалми 112—117). Колку ова мора да ги зајакнало Исусовите ученици да се соочат со загубата на нивниот Господар! И повеќе од тоа, нивната решеност да му останат верни слуги на Врховниот Суверен на универзумот, Јехова, сигурно се продлабочувала додека петпати го пееле рефренот „милоста Негова е вечна“ (Псалм 117:1—4, 29).

Раните христијани од Ефес и Колоси пееле „псалми и фалби на Бог“ (NW) (буквално, „химни“). Кон нив додале и „духовни песни“ кои ги пееле во срцата (Ефесјаните 5:19; Колосјаните 3:16). И со песна и со говор тие соодветно ја користеле својата уста за да изразат фалба. Зарем Исус не изјавил дека „од преполнето срце прикажува устата“? (Матеј 12:34).

Музика која не му е угодна на Бог

Не му била угодна на Бог сета музика што е спомната во Библијата. Размисли за настанот што се случил на гората Синај каде што Мојсеј го добил Законот, вклучувајќи ги и Десетте заповеди. Што слушнал Мојсеј кога слегол од планината? „Не е тоа вик на победници, ниту, пак, пискот на победени“ туку „глас на пијани од вино [звук од поинакво пеење, NW].“ Таа музика била поврзана со идолопоклонство, практика која предизвикала Божје незадоволство и имала за последица смрт на околу 3.000 од оние кои ја создале таа музика (2. Мојсеева 32:18, 25—28).

Иако луѓето можат да компонираат, да свират и да уживаат во секаков вид музика, тоа не значи и дека сета музика му е угодна на Бог. Зошто? Христијанскиот апостол Павле објаснува: „Сите згрешија и се лишени од славата Божја“ (Римјаните 3:23). Паганските обреди на плодноста, доктрината за бесмртност на човечката душа и возвишувањето на Марија како „мајка Божја“ се чести теми во музичките композиции. Сепак, овие верувања и практики го обесчестуваат Богот на вистината, зашто се спротивни на она што е откриено во неговата инспирирана Реч, Библијата (5. Мојсеева 18:10—12; Језекиил 18:4; Лука 1:35, 38).

Да се направи мудар избор на музика

На располагање стои еден збунувачки избор на музика. Кориците на компакт дисковите се дизајнирани да ги натераат муштериите да купат секакви музички снимки. Но, ако еден обожавател на Бог сака да му угоди Нему, тогаш ќе биде претпазлив и мудро ќе избере да избегне вокална и инструментална музика која е инспирирана од лажните религиозни верувања или која се сосредоточува на неморал и демонизам.

Алберт, кој некогаш служел како христијански мисионер во Африка, признава дека таму имал малку прилики да свири пијано. Меѓутоа, секогаш одново слушал неколку лонгплеј плочи кои ги понел со себе. Во својата татковина Алберт сега ги посетува христијанските собранија како патувачки надгледник. Неговото време за слушање музика е ограничено. „Мој омилен композитор е Бетовен“, вели тој. „Низ годините собирав плочи од неговите симфонии, концерти, сонати и квартети.“ Му причинува големо задоволство да ги слуша. Секако, секој си има свој сопствен вкус за музика, но како христијани го имаме на ум Павловиот совет: „Јадете ли, пиете ли, или нешто друго правите, сето тоа правете го за слава Божја“ (1. Коринтјаните 10:31).

Музиката и преданието

Прва љубов на Сузи ѝ била музиката. „Почнав да свирам пијано на 6-годишна возраст, виолина на 10-годишна и на крај харфа на 12-годишна возраст“, објаснува таа. Подоцна Сузи се запишала да студира харфа на Кралскиот колеџ за музика во Лондон (Англија). Студирала четири години кај некој прочуен шпански харфист и уште една година на Парискиот конзерваториум, каде што добила диплома со одличен успех по музика, дипломи за свирење харфа и како инструктор по пијано.

Сузи се поврзала со едно собрание на Јеховините сведоци во Лондон. Меѓу Сведоците пронашла вистински интерес и љубов. Постепено, нејзината љубов кон Јехова растела, а нејзината ревност во неговата служба ја поттикнала да бара начини да му служи. Ова водело до предание и крштавање. „Изборот на кариера во музиката е предаден начин на живот, па затоа животот на предаденост не ми беше непознат“, забележува Сузи. Со учеството во христијанската служба на проповедање на добрата вест за Божјето Царство во послушност на Исусовите упатства, нејзиното време за концертни изведби се намалило (Матеј 24:14; Марко 13:10).

Како се чувствува сега, кога поминува само ограничено време во свирење? „Понекогаш сум малку фрустрирана што немам повеќе време за вежбање“, признава таа, „но сѐ уште свирам на моите инструменти и уживам во музиката. Музиката е дар од Јехова. Уште повеќе уживам во неа сега кога неговата служба ја ставам на прво место во животот“ (Матеј 6:33).

Музика која е на фалба на Бог

Алберт и Сузи, заедно со речиси шест милиони други Сведоци на Јехова, редовно го фалат Јехова Бог со музика. Онаму каде што е можно, тие ги започнуваат и ги завршуваат христијанските состаноци во Салите на Царството во 234 земји, пеејќи му песни на Јехова. Во мол и во дур скала, прекрасните мелодии имаат библиски темелени текстови за фалба на Јехова Бог.

Сите присутни ги креваат своите гласови за срдечно да пеат дека Јехова е грижлив Бог (Песна 44). Тие пеат песна на фалба на Јехова (Песна 190). Во нивните песни се признаваат радостите и одговорностите на христијанското братство, христијанскиот живот и христијанските особини. За нивниот восхит придонесуваат и најразновидните музички стилови кои ги користеле Сведоците од Азија, Австралија, Европа, како и Северна и Јужна Америка кога ги компонирале мелодиите.b

„Запејте Му на Господа песна нова, запеј Му на Господа, цела земјо! Пејте Му на Господа, благословувајте го името Негово“, се уводните зборови на една величествена царска химна напишана во времето на псалмистот. „Благовестете го од ден на ден спасението од Него; разгласувајте ја меѓу народите славата Негова, и на сите народи — чудесата Негови“ (Псалм 95:1—3). Тоа е она што го прават Јеховините сведоци во твојата околина, и те покануваат да им се придружиш во пеењето на оваа фалба. Ќе бидеш добредојден во нивните Сали на Царството каде што можеш да научиш како да го фалиш Јехова со музика која му е угодна.

[Фусноти]

a Издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

b Овие песни се наоѓаат во книгата Пејте му фалби на Јехова издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

[Слика на страница 28]

Пеење фалби на Јехова

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели