ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 1/10 стр. 3
  • Земјата — само пробен полигон?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Земјата — само пробен полигон?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Сличен материјал
  • „Како на небото така и на земјата“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Вечна среќа — на небото или на Земјата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Патот дома до рајот
    Разбудете се! 1997
  • Живот на небото
    Разбудете се! 2016
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 1/10 стр. 3

Земјата — само пробен полигон?

КОЛКАВО олеснување! Положила. Студентката која две исцрпувачки седмици минувала низ испити, конечно добила задоволително свидетелство. Сега би можела да продолжи понатаму со работата што отсекогаш ја посакувала.

Многу луѓе на сличен начин гледаат на животот на Земјата. Го сметаат за приемен испит низ кој сите мора да поминат. Оние кои ќе „положат“, продолжуваат понатаму со нешто подобро во некаков вид „друг свет“. Навистина би било жалосно ако сегашниов живот — за некои само опстанок — е најдоброто нешто што луѓето би можеле да го очекуваат. Иако во поголемиот дел од својот живот бил здрав и успешен, Јов, една библиска личност, забележал: „Човек кого жена го родила е кусовечен и полн со неволји“ (Јов 14:1).

Одразувајќи го размислувањето на многумина, New Catholic Encyclopedia вели: „Небесната слава е судбината која била Божја намера со човекот . . . Може да се види дека човековата среќа лежи во тоа тој да поседува небесно блаженство“. Една неодамнешна анкета на Христовата црква во Соединетите Држави тврди дека 87 проценти од испитаниците веруваат дека после смртта веројатно ќе одат на небото.

Многу нехристијани исто така се надеваат на подобро место после смртта, кога ќе ја напуштат Земјата. На пример, муслиманите се надеваат да одат во небесен рај. Следбениците на будистичките секти Чиста Земја во Кина и во Јапонија веруваат дека ако бескрајно рецитираат „Амитаба“, името на Будата на Неизмерна светлина, ќе бидат повторно родени во Чистата Земја, или Западниот рај, каде што ќе живеат во врховна среќа.

Интересно е тоа што Библијата, најшироко преведуваната и најдистрибуираната света книга во светот, не ја претставува Земјата како место од кое треба да се бега, како некаква отскочна даска. На пример, таму се наведува: „Праведните ќе ја наследат земјата и ќе живеат довека на неа“ (Псалми 37:29). Во Библијата се наоѓа и Исусовата прочуена изјава: „Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!“ (Матеј 5:5, СП).

Општо прифатеното гледиште дека нашиот престој на Земјата е привремен подразбира дека смртта е влез во еден блажен задгробен живот. Ако е така, тогаш смртта сигурно е благослов. Но, дали луѓето во глобала гледаат на смртта на таков начин, или се обидуваат да го продолжат овој живот? Искуството покажува дека кога во разумна мера уживаат во здравје и безбедност, луѓето не сакаат да умрат.

Сепак, бидејќи животот на Земјата е исполнет со зло и страдања, многумина сѐ уште сметаат дека небото е единственото место каде што може да се пронајде вистински мир и среќа. Дали небото е едноставно место на блажен мир, потполно имуно на зло и несклад? И дали „другиот свет“ ќе биде само во некое небесно подрачје? Можеби ќе се изненадиш од библиските одговори. Те молиме, читај понатаму.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели