ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 1/11 стр. 4-7
  • Дали библискиот морал е најдобар?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали библискиот морал е најдобар?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Прилепи се кон својот партнер
  • Што ако се јават проблеми?
  • Чесност во сѐ
  • Целото општество извлекува корист
  • Библискиот морал е најдобар
  • Ти можеш да имаш среќен брак!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • По венчавката
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Дај сѐ од себе да си го зачуваш бракот!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Ако бракот е пред распаѓање
    Тајната на семејната среќа
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 1/11 стр. 4-7

Дали библискиот морал е најдобар?

„НА ОПШТЕСТВОТО му е потребен систем на основни вредности кој на неговите членови ќе им даде безбедност и водство.“ Вака коментирал еден искусен германски писател и телевизиски спикер. Ова сигурно има смисла. За едно човечко општество да биде стабилно и напредно, луѓето мора да имаат цврст темел на општо прифатени мерила кои го идентификуваат она што е исправно или погрешно, добро или лошо. Прашањето е: ‚Кои мерила се најдобри, како за општеството така и за неговите членови?‘

Ако моралните вредности изнесени во Библијата се усвоените мерила, тие треба да им помогнат на поединците да водат стабилен, среќен живот. Ова, во поширока смисла, би создало едно посреќно и постабилно општество од луѓе кои се придржуваат кон тие вредности. Дали е ова случај? Да испитаме што има да каже Библијата за две важни прашања: верноста во бракот и чесноста во секојдневниот живот.

Прилепи се кон својот партнер

Нашиот Творец го создал Адам и потоа ја направил Ева да му биде партнерка. Нивната заедница била првиот брак во историјата и требало да биде трајна врска. Бог рекол: „Човекот ќе ги остави татка си и мајка си, и ќе се прилепи кон својата жена“. После околу 4.000 години, Исус Христос го повторил ова брачно мерило за сите свои следбеници. Освен тоа, тој ги осудил сексуалните односи надвор од бракот (Битие 1:27, 28; 2:24; Матеј 5:27—30; 19:5).

Според Библијата, два важни клуча за среќен брак се љубовта и почитта од страна на обата партнера. Сопругот, кој е глава на домаќинството, треба да покажува несебична љубов правејќи го она што е во најдобар интерес на неговата сопруга. Тој треба да живее со неа „според спознанието“ и не би требало да биде ‚огорчено лут‘ на неа. Сопругата треба да се однесува кон својот сопруг со „длабока почит“. Ако брачните партнери ги следат овие начела, можат да ги избегнат или да ги надминат повеќето брачни тешкотии. Сопругот ќе сака да се прилепи кон својата сопруга и сопругата кон својот сопруг (1. Петрово 3:1—7; Колошаните 3:18, 19; Ефешаните 5:22—33).

Дали библиското мерило за верно прилепување кон партнерот придонесува за среќен брак? Па, размисли за резултатите од една анкета спроведена во Германија. Луѓето биле запрашани кои фактори се важни за еден добар брак. На врвот од листата била заемната верност. Зарем нема да се сложиш дека луѓето кои се во брак се многу посреќни кога знаат дека нивниот партнер е верен?

Што ако се јават проблеми?

Но, што ако сопругот и сопругата имаат сериозни несогласувања? Што ако нивната љубов исчезне? Зарем под такви околности не е најдобро да се прекине бракот? Или, библиското мерило за верно прилепување кон партнерот сѐ уште има смисла?

Библиските писатели признале дека како резултат на човечката несовршеност сите брачни парови ќе имаат проблеми (1. Коринќаните 7:28). Сепак, паровите кои се придржуваат за библиските морални мерила се обидуваат да си простат и заедно да ги решат своите тешкотии. Се разбира, постојат некои околности — како, на пример, прељуба или физичко малтретирање — кога еден христијанин со право може да размислува за одвојување или за развод (Матеј 5:32; 19:9). Но, да се прекине бракот набрзина без некоја многу сериозна причина или со цел да се земе друг партнер открива себично непочитување на другите. Тоа секако не донесува стабилност или среќа во животот. Да земеме еден пример.

Питер сметал дека неговиот брак ја изгубил живоста што ја имал некогаш.a Затоа ја оставил сопругата и се преселил кај Моника, која го имала напуштено својот сопруг. Како течеле работите? За неколку месеци, Питер признал дека живеењето со Моника ‚не било баш лесно како што си замислувал‘. Зошто? Човечките недостатоци биле исто толку очигледни во новото партнерство како што биле и во старото. Што е уште полошо, неговата брза и себична одлука го довела до сериозни финансиски проблеми. Освен тоа, децата на Моника биле емоционално скршени поради таквата коренита промена во нивниот семеен живот.

Како што илустрира ова искуство, кога еден брак наидува на невреме, ретко дека решение би било напуштање на бродот. Од друга страна, пак, наспроти бура, живеењето според моралните вредности на Божјата реч, Библијата, може честопати да го одржи бракот на површина и да го доведе во помирни води. Тоа било случај со Томас и Дорис.

Томас и Дорис биле во брак повеќе од 30 години кога тој почнал претерано да пие. Дорис западнала во депресија и обајцата дискутирале за развод. Дорис ѝ се доверила на една жена Јеховин сведок. Жената Сведок ѝ покажала на Дорис што вели Библијата за бракот, охрабрувајќи ја да не брза да се одвои туку најпрвин да седне и да разговара со својот сопруг за да се обидат да најдат решение. Дорис го сторила тоа. За неколку месеци повеќе не размислувале за развод. Томас и Дорис заеднички работеле на своите проблеми. Следењето на библиските совети го зајакнало нивниот брак и им дало време да ги средат работите.

Чесност во сѐ

Верното прилепување кон брачниот партнер бара сила на карактерот и љубов од принцип. Истите особини се потребни за да се остане чесен во нечесен свет. Библијата има многу да каже за чесноста. На христијаните од првиот век во Јудеја апостол Павле им напишал: „Во сѐ сакаме да се однесуваме чесно“ (Евреите 13:18). Што значи тоа?

Чесното лице е верно и кај него нема измама. Тоа е фер во постапките со другите — отворено, достојно за почит, не некој што измамува или заведува. Освен тоа, чесното лице е човек со интегритет кој не го мами ближниот. Чесните луѓе придонесуваат за клима на доверба и сигурност, што води до здрави ставови и унапредува цврсти човечки односи.

Дали чесните луѓе се среќни? Па, имаат причина да бидат. И покрај раширените корупција и мамење — или можеби поради нив — луѓето обично им се восхитуваат на чесните. Според една анкета спроведена меѓу младите, чесноста е доблест која 70 проценти од испитаниците високо ја рангирале. Освен тоа, сеедно колку сме стари, чесноста е главен услов за некого да го сметаме за пријател.

Кристина ја научиле да краде уште кога имала 12 години. Низ годините таа станала извежбан џепчија. „Имаше денови кога дома носев по 5.000 германски марки во кеш“, објаснува таа. Но, Кристина неколкупати била апсена, и постојано живеела со ризик дека ќе ја стават в затвор. Кога Јеховините сведоци ѝ објасниле што вели Библијата за чесноста, таа била привлечена кон библиските морални мерила. Научила да биде послушна на опомената: „Кој крадел повеќе да не краде“ (Ефешаните 4:28).

Во времето кога се крстила како Јеховин сведок, Кристина веќе не била крадец. Настојувала да биде чесна во сѐ, бидејќи Сведоците ставаат голем нагласок врз чесноста и врз други христијански особини. Весникот Lausitzer Rundschau известува: „Моралните термини како што се чесност, умереност и љубов кон ближниот се многу високо вреднувани во верата на Сведоците“. Што мисли Кристина за промената во својот живот? „Многу сум посреќна сега кога престанав да крадам. Чувствувам дека сум почесен член на општеството.“

Целото општество извлекува корист

Луѓето кои им се верни на своите брачни партнери и се чесни не само што самите се среќни туку се добри и за општеството во глобала. Работодавачите претпочитаат работници кои не мамат. Сите сакаме да имаме доверливи соседи, и сакаме да пазариме во продавници со кои раководат чесни бизнисмени. Зарем не ги почитуваме оние политичари, полицајци и судии кои избегнуваат корупција? Заедницата извлекува голема корист кога нејзините членови се однесуваат чесно од принцип, а не само кога тоа им е згодно.

Освен тоа, верните брачни партнери се темел за стабилни семејства. И повеќето луѓе би се сложиле со еден европски политичар кој изјавил: „Семејството [традиционалното] во ова време останува најважното пристаниште за човековата безбедност и смисла“. Мирната семејна заедница е местото каде што возрасните и децата ја имаат најдобрата прилика да се чувствуваат емоционално безбедни. Оние кои се верни во бракот помагаат да се изгради стабилно општество.

Помисли само колкава корист би имале сите ако нема напуштени партнери, судови за развод или случаи за старателство над децата. И што ако повеќе нема џепчии, крадци по дуќани, проневерувачи, корумпирани службеници или измамнички научници? Зарем ова звучи само како сон? Не за оние кои покажуваат длабок интерес за Библијата и за она што го кажува таа за нашата иднина. Божјата реч ветува дека Јеховиното месијанско царство наскоро ќе го преземе владеењето над целото човечко општество на Земјата. Под тоа Царство сите негови поданици ќе бидат поучени да живеат во согласност со библискиот морал. Во тоа време „праведните ќе ја наследат земјата и ќе живеат довека на неа“ (Псалми 37:29).

Библискиот морал е најдобар

Милиони луѓе кои потемелно го испитале Светото писмо сфатиле дека библиските совети се темелат на побожна мудрост, која е супериорна во однос на човечкото размислување. Таквите ја сметаат Библијата за веродостојна и релевантна за животот во современиов свет. Тие знаат дека е во нивни најдобар интерес да внимаваат на советите од Божјата реч.

Затоа таквите поединци го земаат при срце библискиот совет: „Надевај се на Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум. Мисли на Него на сите свои патишта и Тој ќе ги исправи твоите патеки“ (Пословици 3:5, 6). На тој начин тие во голема мера го подобруваат својот живот, а од корист им се и на оние околу нив. А развиваат и цврста доверба во ‚животот . . . кој ќе дојде‘, кога целото човештво ќе го следи библискиот морал (1. Тимотеј 4:8).

[Фуснота]

a Имињата во оваа статија се променети.

[Истакната мисла на страница 5]

Наспроти брачна бура, живеењето според библиските мерила може честопати да го одржи бракот на површина и да го доведе во помирни води

[Истакната мисла на страница 6]

И покрај раширената корупција — или можеби поради неа — луѓето обично им се восхитуваат на чесните

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели