ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 15/12 стр. 30
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Сличен материјал
  • Работење на „нивата“ — пред жетвата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • „Ајде да споредуваме стих со стих“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Се сеќаваш ли?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • „Времињата на обнова“ се близу!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 15/12 стр. 30

Се сеќаваш ли?

Дали го ценеше тоа што можеше да ги читаш неодамнешните изданија на Стражарска кула? Тогаш, види дали ќе можеш да одговориш на следниве прашања:

• Што е основно за да решиме некое несогласување со некого?

Прво, треба да признаеме дека сите сме склони кон погрешни мисли и ставови. Потоа, треба сериозно да размислиме да не сме ние изворот на проблемот, а не другата личност (15.8., страница 23).

• Кога ќе бидат „времињата на обнова на сѐ“, спомнати во Дела 3:21?

Обновувањето се одвива во две фази. Прво, од 1919 во тек е обновување на еден духовен рај. Понатамошно обновување ќе настапи кога нашата Земја ќе биде обновена во физички рај (1.9., страници 17, 18).

• На кој начин мравката нема надзорник, како што е забележано во Пословици 6:6—8, а сепак ни дава добар пример?

Во колонијата на мравките има матица, но таа е матица само во таа смисла што ги положува јајцата и е мајка на колонијата. Мравките се трудољубиви, какви што треба да бидеме и ние, настојувајќи да се подобриме во работата, дури и ако не сме надгледувани (15.9., страница 26).

• Дали било точно пророштвото на Олдама, запишано во 4. Царства 22:20, дека Јосија ќе умре „во мир“, со оглед на тоа што бил смртно ранет во една битка?

Да, тој умрел во мир во таа смисла што умрел пред несреќата од 609—607 пр.н.е., кога Вавилонците го опседнале и го уништиле Ерусалим (15.9., страница 30).

• Зошто било комплимент тоа што Соломон рекол дека сопругата е како „мила срна и шармантна дива коза“? (Пословици 5:18, 19, NW).

Женскиот козорог, или дивата коза, има мирна природа и елегантно држење. Сепак, може да преживее и да се кози на карпести, непристапни места каде што храната е скудна (1.10., страници 30, 31).

• Кои биле Хенри Гру и Џорџ Сторс?

Овие двајца мажи живееле во 1800-тите години и горливо ја проучувале Библијата. Гру дознал дека тројството не е библиско, како што не се и доктрините за бесмртност на душата и за пеколниот оган. Сторс сфатил дека некои ќе добијат бескраен живот на Земјата. Обајцата биле претходници на Чарлс Тејз Расел кој почнал да го издава ова списание во 1879 (15.10., страници 26—30).

• Како гледаат Јеховините сведоци на медицинските процедури во кои се користи сопствена крв?

На темел на нивните верувања во Библијата, тие не ја складираат сопствената крв за подоцна да ја користат за трансфузија. Секој христијанин си одлучува за себе како ќе се постапи со неговата крв за време на некоја хируршка интервенција, медицински преглед или текушта терапија. Тој треба да земе предвид што вели Библијата во врска со крвта и да запомни дека во целост му е предаден на Бог (15.10., страници 30, 31).

• Која значајна потреба меѓу Јеховините сведоци по целата Земјина топка била откриена со една анкета спроведена во почетокот на оваа година?

Постои потреба од над 11.000 Сали на Царството во земјите во развој, каде што финансиите се ограничени. Прилозите од христијаните во многу земји се испраќаат за да се помогне во изградбата на адекватни места за состанување (1.11., страница 30).

• Кои се некои зборови употребени во оригиналниот јазик на Библијата што се поврзани со обожавањето?

Еден е литургиа кој во превод значи „јавна служба“. Друг е латриа кој е преведен како „света служба“ (Евреите 10:11; Лука 2:36, 37; 15.11., страници 11, 12).

• Која е основната поука што можеме да ја извлечеме од библискиот извештај за Адам и Ева?

Секоја претензија кон независност од Јехова Бог е чиста глупост (15.11., страници 24—27).

• Каков библиски доказ постои дека Бог им дава сила на своите слуги?

Давид, Хабакук и апостол Павле дале лично сведоштво за фактот дека Јехова Бог им дал енергија, односно сила (Псалм 60:12, NW; Хабакук 3:19; Филипјаните 4:13). Затоа, можеме да бидеме уверени дека Бог е спремен и способен да нѐ зајакне (1.12., страници 10, 11).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели